Тимот на Атлетико Мадрид е заинтересиран за Виктор Гузман, играч кој е вистинско откритие на мексиканското првенство оваа сезона, пренесуваат шпанските медиуми.
23-годишниот играч од средниот ред на Пачука има 9 гола и 5 асистенции во текот на оваа сезона.
Гузман е модерен играч од средниот ред кој одговара на стилот на Диего Симеоне. Тој има добра техника, има способност да игра еден на еден и лесно да се комбинира, без да ја изгуби својата позиција благодарение на тактичката дисциплина.
Мадридскиот клуб не се единствениот што го следи мексиканскиот репрезентативец. Ајакс, ПСВ Ајндховен и Борусија (Дортмунд), исто така, го сакаат воп своите редови, играчот кој вреди 13 милиони евра.