Атлетико Мадрид ќе купува тројца играчи од Порто

0

Атлетико Мадрид во летниот трансфер период може да биде доса активен и да донесе дури тру играчи од Порто, пренесуваат шпанските медиуми.

Според истата информација, играчот од средниот ред на португалскиот тим, Хектор Херера, ќе се приклучи на Атлетико Мадрид како слободен играч, бидејќи неговиот договор истекува летово.
Атлетико планира да купи уште два играчи од Порто. Станува збор за дефанзивците Аугусто Фелипе Алекс Телес. Се тврди дека клубовите се блиску до договор за трансферот.

Од Атлетико Мадрид планираат со овие играчи да ги пополнат испразнетите места со заминувањето на Диего Годин, Фелипе Луис и Лукас Хернандез. Оваа сезона, 29-годишниот Херера учествуваше на 32 натпревари од португалскиот шампионат, во која постигна 5 гола и доби 5 жолти картони.

29-годишниот Фелипе има 30 натпревари, 1 гол и 9 жолти картони. 26-годишниот Телес одигра 32 натпревари, постигна 4 гола (3 од пенал) и доби 4 жолти картони.

Share.

Leave A Reply