Лидерот на табелата во шпанската Ла лига, Атлетико Мадрид го пречекува Челзи вечерва од 21.00 часот на „Арена Национал“ во Букурешт во првиот 1/8 финален дуел од Лигата на шампионите.
Натпреварот требаше да се одигра на „Ванда Метрополитано“, но поради ограничувања поради пандемијата на коронавирусот за англиските тимови во европскиот клупски натпреварувања, домаќинот мораше да биде преместен во главниот град на Романија, Букурешт.
Атлетико Мадрид е во лоша форма, има само 1 победа на последните 4 натпревари во Примера. Во последното коло Атлетико дури загуби на домашен терен од леванте со 0:2.
Против себе, момчињата на тренерот Диего Симеоне ќе имаат тим кој се наоѓа во нагорн аформа по доаѓањето на менаџерот Томас Тухел на местото на Френк Лампард. Лондончани имаат четири победи на последните пет натпревари, а во последното коло одиграа нерешено 1:1 како гостин кај Саутемптон. Сличен резултат во Букурешт би бил одличен за „сините“ од Лондон, бидејќи ќе им остави многу можности да продолжат понатаму.
Двете екипи се стари познаници во Европа, досега одиграа седум натпревари едни против други и имаат по две победи, а трипати играа нерешено. Сите седум натпревари се одиграа помеѓу 2009 и 2014 година и сеќавањата за нив се многу свежи. Последен пат играа во полуфиналето од Лигата на шампионите во сезоната 2013/2014, кога Атлетико излезе како конечен победник со вкупен резултат 3:1. Англискиот тим сигурно ќе сака одмазда за оваа елиминација на патот до финалето.
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне има многу кадровски проблеми кои мора да ги реши. Кирон Трипиер го пропушта мечот поради казна, а повредени беа Шиме Варсаљко, Хозе Хименез, Јаник Караско и Хектор Ерера. Добрата вест за Чоло е враќањето на Савиќ и Саул, кои го пропуштија последниот првенствен натпревар поради казна. Тухел нема да може да смета на искусниот дефанзивец Тиаго Силва, со кого работеа заедно во ПСЖ. Добрата вест за Германецот е поврзана со враќањето на Каи Фаверц и Кристијан Пулишиќ во составот, а Калум Хадсон-Одој е исто така е во комбинација.
Веројатни состави:
Атлетико: Облак, Савиќ, Фелипе, Ермосо, Љоренте, Кондогбија, Лоди, Саул, Коке, Луис Суарез, Анхел Кореа.
Челзи: Менди, Рудигер, Кристенсен, Аспиликуета, Чилвел, Жоржињо, Ковачиќ, Џејмс, Маунт, Вернер, Жиру.