Атлетико Мадрид во трка по Маркос Алонсо од Челзи

0

Шпанскиот тим Атлетико Мадрид се приклучи во борбата за бекот на Челзи, Маркос Алонсо.

Според медиумите во Шпанија, од Атлетико Мадрид имаат намера да го позајмат 28-годишен фудбалер со право на понатамошно откупување – истата шема беше имплементирана за време на преминот од Челзи во Атлетико на Алваро Мората.

Главниот конкурент на Шпанците во борбата за Алонсо е Интер. Тренерот на италијанскиот клуб Антонио Конте , под чие водство Маркос блескаше во Челзи е заинтересиран за овој играч. Под водство на Франк Лампард, Алонсо го загуби местото во почетниот состав. Тековниот договор на Алонсо со Челзи важи до летото 2023 година. Оваа сезона фудбалерот одигра 13 натпревари за Челзи, во кои постигна еден гол и две асистенции.

Share.

Leave A Reply