АТП го објави календарот за 2021: Австралија Опен и официјално од 8 до 21 февруари

0

Здружението на тениски професионалци АТП денеска го објави натпреварувачкиот календар за 2021 година. АТП го потврди одложувањето на стартот на Австралија опен, кој оваа година ќе почне во две различни земји. Имено, квалификациите за пласман на главниот турнир ќе се играат од 10 до 13 јануари во Доха, додека првиот Грен слем во сезоната е одложен и ќе се одржи од 8 до 21 февруари.

Новата тениска сезона започнува со турнирите во Делреј Бич и Анталија, кои се на програмата од 5 до 13 јануари.

Share.

Leave A Reply