АТП ќе ги тестира новите правила

0

АТП ќе го икористи првото издание на Мастерс турнирот на „Новата генерација”, за да тестира одредени промени во Правилникот. Турнирот ќе биде од 7 до 11 ноември во Милано и на него ќе учествуваат најдобрите осум тенисери до 21 година. Седум од местата ќе бидат пополнети според претставувањето во сезоната а осмото ќе биде резервирано за играчот со „вајлд карта“.

„Тутоспорт “ пишува дека при резултат 40:40 во гејмови, тенисерите ќе играат „златен поен“. Ќе има промени и при сервирањето. Доколку топката ја погоди мрежата играта ќе продолжи. Исто така нема да има втор сервис а поенот директно ќе оди кај противникот доколку првиот сервис не падне во полето.

Форматот на Мастерс турнирот на „Новата генерација“ ќе биде идентичен со финалето на АТП во Лондон. Осум тенисери ќе бидат поделени во две групи а првите двајца ќе вкрстат во полуфиналето.

Share.

Leave A Reply