Атракции, забава и втора победа во серија на тимот на Џејмс

0

Екипата предвидена од Леброн Џејмс успеа да го совлада составот на Јанис Адетукумбо, со 178 спрема 164 во 68-от кошаркарски – „Ол-Стар“ меч на ѕвездите од НБА лигата кој беше одигран во текот на ноќта во Шарлот.

Средбата вообичаено донесе атрактивни потези и забава за фановите а на двете страни имаше дури 168 обиди за три поени! Ова е втора година во која Ол-стар викендот се игра по новиот формат во кој капитените го избираат мешаниот состав од кандидатите кои се во почетните петорки и меѓу резервите.

Кевин Дурант кој застана на бројката од 31 кош, успеа по втор пат во неговата кариера да се израдува на наградата – МВП.

 

Share.

Leave A Reply