Селекцијата на САД освои најмногу медали на Светското првенство кое во изминатиот период се реализираше во Катар. Американците обезбедија вкупно 29 медали од кои 14 златни и 11 сребрени. Втора е Кенија со пет злата од 11 медали додека Јамајка освои вкупно 12, но, само три златни. С
елекциите на САД (мажи и жени) немаа конкуренција во вчерашните завршни трки на 4 пати по 400 метри. Американките победија пред Јамајка и Полска додека во машката штафета распоредот беше САД, Јамајка и Белгија. Од завршните настани на СП во Катар ќе ја издвоиме победата на Лилиса Десиса во маратонската трка.
На патеката од 10 километри, победник е Џошуа Четегеи од Уганда додека Тимоти Черујот беше најбрза на 1500 метри. На трката 100 метри со пречки славеше Ниа Али од Соединетите Држави.