Author: dino

Ливерпул и Евертон заработија парични казни од Фудбалската Асоцијација на Англија поради инцидентите меѓу фудбалерите на градското дерби одиграно на 13 февруари. Тогаш во финишот на мечот, играчот на „црвените“ Ендру Робертсон и голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, ја запалија искрата а во мешаницата се клучија повеќе играчи од двата табора. ФА по тие збиднувања се определи да го казни Евертон со 40.000 фунти а Ливерпул со 25.000. „Карамелите“ претходно беа предупредени за неспортско однесување на натпреварот против Кристал Палас.

Read More

Нашиот кошаркарски репрезентативец, Адем Мекиќ, очекува победа на денешното гостување во Словачка во претпоследното коло во претквалификациите за место на Европското првенство. „Можеме да го повториме резултатот од Скопје. На ова гостување дојдовме со улогата на фаворит. Атмосферата во тимот е одлична, ситуацијата е таква што ни треба победа на еден меч за да обезбедиме сигурно прво место и пласман во понатамошната фаза“- потенцираше Мекиќ. Македонија е лидер на табелата со максимален ефект од четири победи. По денешниот дуел со Словачка, избраниците на Јoнчевски ќе заминат за Скандинавија. Таму в сабота ги очекува средбата со Норвешка.

Read More

Новиот менаџер на фудбалерите на Лидс, Хави Грација, не може да работи на тренинзите и да седи на клупата додека не добие работна дозвола. Шпанецот не може автоматски да добие работна виза. За да дојде до неа, треба да се свика посебен комитет кој ќе одлучи дали ќе му ја даде. По Брегзит, Грација не ги исполнува критериумите на ФА бидејќи од 2018 година помина само 27 месеци во првата лига. Лидс наредниот меч ќе го одигра в сабота против Саутемптон.

Read More

Капитенот на Порто, Пепе, вели дека неговиот тим не заслужи да загуби на вчерашниот меч со Интер на стартот на елиминациите во Лигата на фудбалските шампиони. Домаќинот славеше на „Џузепе Меаца“ со погодокот на Ромелу Лукаку во 86 минута откако Португалците остана со 10 фудбалери по исклучувањето на Отавио. „Честитки до тимот. Бевме храбри и имавме две чисти шанси да постигнеме гол. Интер имаше повеќе шанси само по црвениот картон“ – изјави дефанзивецот на Порто.

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се осврна на вчерашното реми кај Лајпциг 1:1 во првиот меч од 1/8 финалето во Лигата на фудбалските шампиони. „Некои мислеа дека ние ќе дојдеме тука и лесно ќе победиме со 4:0. Лајпциг е одличен, квалитетен тим. Ние одигравме четири мечеви за само десетина дена“ – потенцираше Пеп кој изненадувачки не направи ниту една замена на дуелот во Германија. Реваншот меѓу „граѓаните“ и германскиот состав ќе биде одигран на „Етихад“ на 14 март.

Read More

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, утринава го одреди тимот со кој ќе гостува кај Словачка (23 февруари) и Норвешка (26 февруари) во последните два меча од претквалификациите за ЕП 2025.   Во селекцијата се:  Лејсон Зеќири (Сигал Приштина), Кристијан Николов (Коњаспор), Андреј Магдевски (Донар), Дамјан Робев, Војдан Стојановски, Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром), Адем Мекиќ (Темишвар), Ти-Џеј Шортс (Телеком Баскет Бон), Теодор Симиќ (Игокеа), Стојан Ѓуроски (Оренсе), Андреј Маслинко (Пелистер) и Страхил Николов (ТФТ). Македонија води во групата Д со четири победи и максимални осум бодови, Норвешка и Словачка имаат по шест а Данска е последна со четири…

Read More

Екипите на Ајнтрахт (Франкфурт) и Наполи вечер ќе се соочат во првиот 1/8-финален натпревар од Лигата на шампионите. Домаќините откако дебитираа во групната фаза веднаш си обезбедија место и во елиминациите. Тие во трите домашни натпревари имаа една победа, еден пораз и нерешен резултат. Наполи кој три пати е елиминиран во осминафиналето и тоа од Челзи во 2012, од Реал Мадрид во 2017 година и Барселона во 2020 година, сега се гледа како еден од фаворитите во сенка.  Според досегашните мечеви, за тимот од Франкфурт во првата постава се очекуваат: Трап; Јакиќ, Н’Дика, Тута; Бута, Камада, Шо, Макс, Линдстром, Гетце…

Read More

Ливерпул доцна вечер ќе го пречека Реал Мадрид во првиот меч од елиминациската фаза во Лигата на шампионите. „Црвените“ и „белите“ последен пат се сретнаа во минатогодишното финале во Лигата на шампионите кога победија Шпанците со 1:0. Ливерпул е без триумф во последните шест натпревари со Реал додека „кралевите“ во претходните седум гостувања во Англија имаат само еден успех. Според официјалниот сајт на УЕФА за Ливерпул во првата постава треба да бидат:  Алисон Бекер; Александар-Арнолд, Матип, Ван Дајк, Робертсон; Хендерсон, Фабињо, Бајчетиќ; Салах, Нуњез и Гакпо. За Реал Мадрид веројатно ќе истрчаат: Куртоа; Карвахал, Едер Милитао, Рудигер, Алаба; Модриќ, Себаљос,…

Read More

Ливерпул и Реал Мадрид  доцна вечер од 21.00 часот ќе ги одмерат силите во првиот меч од осминафиналето во Лигата на фудбалските Шампиони. Тоа практично ќе биде реприза на минатогодишното финале кое сега ќе трае 180 минути. Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти, знае дека ќе биде тешко да се елиминира англискиот гигант. „Имаме убави спомени од минатогодишното финале. Квалитетот на Ливерпул не е променет. Ништо нема да се реши на првиот меч“ – вели италијанскиот тренер на клупата на „белите“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул,  Јирген Клоп, имаше само пофални зборови за Реал Мадрид пред денешниот воведен меч во елиминациската фаза во Лигата на шампионите кој ќе биде одигран во Англија. „Реал ниту во една секунда не ја губи самодовербата и тоа треба да се научи од нив. Имаат феноменален тренер во Карло Анчелоти“ – вели Клоп. „Тука се Винициус, Бензема, Родриго,  Модриќ, тоа се играчи од светска класа“ – потенцира германскиот тренер пред мечот на „Енфилд“ закажан во 21.00 часот.

Read More