Author: dino

Рома е заинтересирана за дефанзивецот на Ајакс, Јуриен Тимбер. Спортскиот директор на „волчицата“, Тиаго Пинто, се насочил кон 21-годишниот дефанзивец, пишува – „Газета дело спорт“. „Копјаниците“ за неговиот потпис ќе бараат минимум 45 милиони евра. Тимбер е производ на академијата на Ајакс а дебитираше за првиот тим во 2019 година. За екипата од Амстердам има 84 натпревари, 4 голови и 2 асистенции. Тој за репрезентацијата на Холандија има одиграно 10 натпревари.

Read More

Луѓето од Челзи планираат во јануари да испратат понуда за фудбалерот на Интер, Дензел Демфрис. Холанѓанецот беше на радарот на „сините“ во текот на летото но, траснферот не се случи. Сега, Англичаните сакаат да ги откупат правата на играчот за 50 милиони евра. Тие воедно се подготвени да го пуштат дефанзивецот да ја заврши сезоната во Италија. За неговиот потпис се заинтересирани и Манчестер Јунајтед, Баерн (Минхен) и Евертон.

Read More

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, го поддржа Хари Мегваер по уште една слаба партија сега во дресот на Англија. Стоперот вчера направи две грешки што доведоа до првите два гола за Германија во Лигата на нации. Во првиот случај направи пенал а во вториот, ја загуби топката на противничката половина. „Сочувствувам со Хари… секоја грешка се казнува а потоа се критикува. Мора да остане ментално силен и да се справи со тоа. Кога не играте континуирано, тоа секогаш има влијание“ –  напиша Фердинанд.

Read More

Најверојатно во декември ќе се одржи меч меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа. Двајцата боксерски промотори,  Френк Ворен и Еди Хорн, на вчерашната средба потврдија дека ќе има позитивен развој на настаните. Според нив, преговорите се уште не се завршени. На средбата присуствуваа и претставници на телевизиските куќи со кои соработуваат двајцата боксери. Во договорот мора да се опише и преносот на борбата како и можните услови за одржување на реваншот.

Read More

Португалскиот фудбалски репрезентативец, Диого Далот, ќе добие понуда да ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед, најавија медиумите во Британија. Неговиот договро истекува на крајот на сезоната но, „црвените ѓаволи“ сакаат да го задржат најмалку до 2024 година. 23-годишниот фудбалер сакаше во текот на летото да си замине од – „Олд Трафорд“ но, доаѓањето на Тен Хаг значително ја промени неговата улога во тимот.

Read More

Фудбалерот на Барселона,  Роналд Араухо, кој се повреди на пријателскиот меч со Иран, ќе мора да оди на операција. Истата ќе биде направена во Финска, потврдија лекарите на каталонскиот гигант. Тоа значи дека Араухо ќе мора да паузира околу три месеци и ќе го пропушти Светското првенство во Катар.

Read More

Фудбалерот, Леандро Паредес, кој го напушти ПСЖ во текот на летото и се пресели во Јувентус,  проговори за неговиот однос со Килијан Мбапе. Аргентинецот  вели дека не изградил никаков однос со Французинот и дека главно се дружел со фудбалерите од Јужна Америка. „– Мбапе? Јас едноставно не сум човекот кој може да каже било што за него. Јас едноставно немав никаков однос со Мбапе“ – вели Паредес.

Read More

Ракометарите на Бутел Скопје денеска ќе го имаат првиот меч со Алпла Хард во елиминациите за Европската лига на ЕХФ. Австрискиот клуб во претходната рунда со две победи успеа да го елиминира Еурофарм Пелистер 2. Мечот под Алпите ќе започне во 18:45 часот. Реваншот е наредната недела во Скопје. Дуелот ќе го судат Свавар Петурсон и Сигурдур Трастарсон од Исланд а ЕХФ делегат е Петр Новак од Чешка.

Read More

Нашите најдобри фудбалери со пораз од Бугарија на домашен терен го завршија настапот во Лигата на нации. Исклучувањето на Тодоровски во 14 минута и голот на Десподов во 50-та беа клучните моменти на Арената во Скопје. Македонија иако со играч помалку имаше неколку добри шанси за изедначување но, недостасуваше вистинска завршница. Гостите со освоените три бода не прескокнаа на второто место на табелата. Грузија заврши убедливо прва со денешната победа кај Гибралтар (2-1).

Read More

38-годишниот, Арјен Робен, кој имаше блескава фудбалска кариера во повеќе европски екипи, проговори за неговите планови. „Мојата сопруга работи два дена во неделата, па морам два дена да бидам куќна помошничка. Што се однесува до работата со младинскиот тим, убаво е да се вклучиш во играта на тој начин. Можеби за пет години ќе бидам главен тренер или технички директор или можеби ќе бидам менаџер во Маркет“ – вели Робен. Холанѓанецот кој потекнува од школата на Гронинген, имаше можност да настапува и за ПСВ, Челзи, Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Read More