Author: dino

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер, вели дека е задоволен од победата против Нексе и освоеното трето место во СЕХА лигата. „Мислевме на себе а не на противникот. Значајно ни беше да победиме и да играме добро. Денеска видовме дека имаме тим, посебно што игравме без Руди Сери. Позитивно беше да се види Суси, кој се врати од повреда и покажа дека ќе биде засилување. Ова е одлична реакција по поразот во петокот“  рече данскиот тренер.Капитенот Мирко Радовиќ, автор на пет гола, на прес-конференцијата го анализираше дуелот во Задар. „Нашиот впечаток од овој турнир е одличен. Многу ќе ни користи…

Read More

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, победи на домашната патека „Зандворт“ на трката за Големата награда на Холандија. Тој беше побрз од Џорџ Расел од Мерцедес и Шарл Леклер од Ферари. Тоа е 10 победа за Холанѓанецот во 15 сезонски трки со што само ја зголеми предноста на чело на табелата. Верстапен има 310 бода или 109 повеќе од Леклер и Перес. Во тимот на Ферари повторно направија катастрофална грешка откако ги заборавија пневматиците кога го повикаа Саинц да влезе во пит стоп. Наредната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози на 11 септември за Големата награда на…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со бронзен медал го финишираа дебитантското учество на завршниот фајнал-фор турнир во регионалната СЕХА лига. Тие денеска во „мало финале“во Задар, го совладаа хрватскиот состав Нексе 27 спрема 23. Мечот беше решен кон средината на вториот дел кога битолчани направија разлика од 24-19. Кај Еурофарм Пелистер, Хосни со 6 голови беше најефикасен додека еден помалку постигна капитенот Радовиќ. Пивотот, Пешевски, го заврши мечот со четири голови. Треба да се потенцира и одличната партија на голманот Лесјак кој застана на 12 успешни интервенции.

Read More

Денеска во спортската сала „Крешимир Ќосиќ“ во Задар ќе стартува завршниот Ф4 турнир на 11-то издание на ракометната СЕХА лига. Македонскиот состав Еурофарм Пелистер од 20.30 часот ќе излезе на мегдан со унгарскиот Веспрем. Првото полу-финале од 18.00 часот ќе го одиграат Нексе и ППД Загреб. Победниците од денешните средби ќе се сретнат во финалето в недела (19 ч.) а поразените за третото место (16.30 ч.). Бранител на тронот е Веспрем. Досега во СЕХА настапиле вкупно 29 клубови од 13 држави. Најмногу  пехари има Вардар- (2012/2014/2017/2018/2019), Веспрем победил четири пати а Загреб еднаш.

Read More

Екипата на Челзи постави апсолутен рекорд во историјата на Премиер лигата кога станува збор за реализирани трансфери. Лондончани сигурно ја поминаа границата од 250 милиони фунти а Лондон Ивнинг Стандард проценува дека вкупниот износ е 273,5 кога ќе се додадат и бонусите. Сепак, новиот сопственик на „сините“, Тод Боли, не успеа да го собори рекордот на Реал Мадрид од летото 2019 година кога кралскиот клуб потроши околу 292 милиони фунти.

Read More

Возачот на Ферари, Карлос Саинц, верува дека неговиот тим може да се носи со ривалите во трката за титулата иако досегашните резултати го ставаат во втор план. „Мислам дека не сме толку лоши како што изгледа од страна.  Можеме повторно да бидеме силни и да се бориме за првото место во квалификациите и победата на трката.“ – вели возачот на Ферари. „Ред Бул малку ја подигна границата но, не верувам дека нивните перформанси се подобрија во само три трки“ – вели Саинц пред собирот во Холандија.

Read More

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, е против идејата на Главниот извршен директор, Стефано Доменикали, да зголеми бројот на „спринтовите“ во наредниот период. „Едноставно не сакам спринт бидејќи ништо не менува. Емоцијата од натпреварувањето мора да се даде на нешто посебно“ – вели Холанѓанецот. „Сите започнуваат со исти гуми и сите сакаат да прават спринтови без проблеми. Мислам дека тоа е целта на брзите трки“ – нагласи Верстапен.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, отворено проговори за Кристијано Роналдо кој не успеа да пронајде нов тим и затоа мора да остане на стадионот –  „Олд Трафорд“. „Како што кажав, Роналдо остана. Имаме повеќе од 11 стартери. Играчите кои се на клупата, можат да бидат стартери за една, две или три седмици“  – изјави холанѓанецот. Неговиот тим влезе во победничка серија откако доцна синоќа славеше на теренот на Лестер со минимални 1-0.

Read More

Артур Мело е ново име во екипата на Ливерпул откако доцна синоќа беше потврден неговиот трансфер од Јувентус. Двата тима експресно се договорија бидејќи Бразилецот не влегува во плановите на тренерот Алегри. Играчот од средниот ред првично ќе настапува како позајмен а Ливерпул има право да го откупи неговиот договор за 37.5 милиони евр. Со доаѓањето на Бразилецот на „Енфилд“, само се зголеми бројката на фудбалери од Јужна Америка.

Read More
NBA

Кошаркарот, Донован Мичел, ја напушти екипата на Јута и се пресели во редовите на Кливленд. „Џезерите“ за тој трансфер ќе добијат дури три играчи на „кавалирс“ и правото да одберат три пика од првата рунда на драфтот. Бекот во НБА лигата пристигна во 2017 година и стана една од најголемите ѕвезди на Јута.  25-годишниот играч има просек од 24 поени по натпревар.

Read More