Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ја има довербата на челниците на клубот иако во почетокот на сезоната неговите пулени не ги прикажуваат посакуваните партии. „Јорганџиите“ по шест кола се наоѓаат на седмата позиција во најсилниот фудбалски шампионат на Шпанија. Весникот – „АС“, напиша, дека прашањето за евентуална разделба со Симеоне воопшто не е на дневен ред.
Author: dino
Нашата фудбалска икона, Горан Пандев, во интервјуто за – „Газета дело Спорт“, потврди, дека на крајот на сезоната ќе ја заврши кариерата. „По цели дваесет години, време е за крај. Мојот најстар син има речиси 13 години, во минатото го гледав само за време на паузите од една до друга сезона. Сега сакам да му се посветам на семејството“ – вели Пандев. „Во иднина повеќе се гледам како директор или спортски агент. Сакам да работам со млади луѓе и да им помагам, да разговарам со нив и да ги гледам нивните натпревари“ – беа дел од зборовите на Пандев.
Поранешниот фудбалер на Барселона, Роналдињо , вели дека Каталонците го имаат потребниот квалитет за да се вратат на врвот во шпанскиот и европскиот фудбал. „Барса има одличен тренер и фантастични нови играчи. Младите се на многу високо ниво“ изјави Роналдињо за Мундо Депортиво. Бразилецот доби прашање дали Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња. „Тешко е да се каже бидејќи има многу одлични играчи. Не сакам споредби. Светот виде фудбалери како Марадона, Пеле и многу други“ – потенцираше Бразилецот.
Фудбалерот, Жорџино Вајналдум, кој заработи повреда на тренинг пред стартот на сезоната дури сега им се обрати на фановите на Рома. 31-годишниот играч од средниот ред кој беше ангажиран како големо засилување за „римската волчица“, одигра само еден меч пред да замине на долга рехабилитација. „Не одговорив на никого по мојата повреда бидејќи бев многу вознемирен и тажен. Сега сум подобар, сакам да им се заблагодарам за поддршката на сите навивачи на Рома“ – напиша Вајналдум.
Англиските фудбалски состави Челзи и Манчестер Јунајтед беа упорни во намерите да го ангажираат Френки де Јонг но, искусниот играч на Барса не сакал да ја промени средината. „Јас во мај одлучив дека сакам да останам во Барселона. Никогаш не ја променив таа одлука во текот на летото“ – нагласи Холанѓанецот. „Секогаш сакав да останам во Барселона. Јас и клубот имаме понекогаш спротивставени идеји но, се добро се заврши„ – беа зборовите на Де Јонг.
Фудбалерот на Интер, Милан Шкриниар, на крајот на сезоната ќе биде слободен играч откако ќе му истече договорот со италијанскиот тим. Тоа сака да го искористи Реал Мадрид и да му понуди 10 милиони евра по сезона на словачкиот дефанзивец доколку дојде на „Сантијаго Бернабе“. Во исто време и францускиот состав ПСЖ, покажува дека е заинтересиран за одличниот фудбалер.
Фудбалската репрезентација на Македонија замина за Тбилиси.Таму в петок ќе и гостува на репрезентацијата на Грузија во натпревар од 5. коло во Лигата на нации. Селекторот на Македонија, Боби Милевски се соочува со голем број проблеми пред мечот против грузијците и завршниот со Бугарија в понеделник во Скопје. Последен од списокот отпадна, Аријан Адеми. Претходно поради повреда откажаа Чурлинов, капитенот Ристовски и Етеми. Натпреварот меѓу Грузија и Македонија е закажан за в петок со почеток во 18 часот.
Екипата на Арсенал размислува да испрати понуда во текот на зимскиот преоден рок за фудбалерот на Ајнтрахт Франфурт, Јеспер Линдстром. Весникот – „Билд“, наведува, дека претставниците на клубот стапиле во контакт со 22-годишниот дански интернационалец.Тој во летото во 2021 година го напушти Брондби за 7 милиони евра и се пресели во Бундес-лигата. Линдстром во дебитантската сезона имаше 5 голови и 4 асистенции. Неговата трансферна вредност е околу 20 милиони евра.
Голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Холанд, се издвојува во Идеалниот тим на најдобрите млади фудбалери до 23 години, составен од од Corriere dello Sport и Delphlyx – платформа за анализа на перформансите на тимовите и поединечните играчи. Напаѓачот на англсикиот тим кој дојде од Борусија Дортмунд во текот на летото, веднаш ја покажа неговата висока класа . Тој на секој меч од стартот на сезоната успеа да се запише во листата на стрелците без разлика дали станува збор за Премиер-лигата или Лигата на шампионите.
Поранешниот италијански фудбалер, Антонио Касано, проговори за напаѓачот на Манчестер Јунајтед и Португалија, Кристијано Роналдо . „Драг Кристијано, дали си возбуден? Слушај ме внимателно: силен си, многу си освоил, феноменален си но, секогаш си втор. Дали знаете на кого личите? На мене? Не, на Тото Кутуњо, секогаш втор!“ – го цитира Касано Fanpage.it Тото Кутуњо е познат италијански изведувач и композитор кој го освои второто место шест пати на фестивалот за музика во Санремо.