Author: dino

Германската фудбалска репрезентација кон крајот на годинава ја очекува настап на Светското првенство во Катар. Таа еден дел од подготовките ќе ги реализира во Оман од 14 до 18 ноември. „Панцирите“ во тој период ќе имаат само еден подготвителен натпревар и тоа со домашната селекција. Истиот е закажан за 16 ноември. Поранешниот светски шампион во првата фаза од Мундијалот ќе биде во група со: Шпанија, Костарика и Јапонија. Прв противник на избраниците на Флик ќе бидат популарните „самураи“.

Read More

Килијан Мбапе нема да се појави на утрешната фотосесија на репрезентацијата на Франција Причина за бојкотот на фудбалерот на Пари Сен Жермен е спорот меѓу него и федерацијата околу имиџ правата. Мбапе сака играчите да имаат збор во изборот на брендови кои ќе се поврзуваат со нивните имиња. Новинарот, Робен Берн, тврди дека раздорот не е за пари бидејќи Мбапе секогаш ги донира бонуси од репрезентацијата. Според наведеното, голгетерот не сака да се поврзува со компаниите за спортско обложување или брза храна кои се спонзори на „триколорите“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли,  вели дека неговите избраници требале да постигнат повеќе голови на дербито со Наполи. „Росонерите“  вчера во улога на актуелни шампиони  на Серија „А“, загубија на домашен терен од екипата на нашиот Елиф Елмаз и се спуштија на петтото место на табелата. „Не сум задоволен од играта.Нормално е дека сме сите разочарни бидејќи игравме подобро од Наполи“ – вели тренерот на италијанскиот гигант од Милано. 

Read More

Осминафинални парови во Купот на Македонија: Струга Трим Љум – Работнички Брегалница – Пелистер Вардар – Фортуна Академија Пандев – Љуботен Победа – Македонија Ѓ.П. Шкупи – Воска Шкендија – Скопје Тиквеш – Силекс Натпреварите ќе бидат одиграни на 5. октомври со почеток во 14. часот.

Read More

Стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано ќе биде целосно срушен како дел од проектот за новиот стадион на локалните гиганти Интер и Милан, кој треба да биде готов за сезоната 2027-2028, објави денеска „Газета дело спорт“. -Интер и Милан се договорија целосно да го урнат нивниот историски дом“, пишува авторитетниот италијански спортски дневник. Двата клуба на крајот на 2021 година го одобрија проектот наречен „Катедрала“, кој сега мора да помине на јавна дебата.

Read More

Италијанските медиуми започнаа со шпекулации околу иднината на тренерот на фудбалерите на Јуве, Макс Алегри, откако екипата од Торино го претрпе и вториот пораз во Лигата на шампионите. Според одредени медиуми, стратегот нема да добие отказ до крајот на сезоната но, челниците на тимот планираат за наредната да го вратат Антонио Конте, кој сега седи на клупата на Тотенхем. Конте кој беше дел од Јувентус од 2011 до 2014 година, засега не сака да потпише нов договор со „Спарси“.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, вели дека Роналдо набрзо ќе биде во неговата препознатлива форма. Португалецот вчера погоди од пенал на натпераварот против Шериф Тираспол во Лига Европа. Тоа е негов прв сезонски гол за „црвените ѓаволи“. „Можете да видите дека е многу блиску до најдобрата форма. Тоа ме прави среќен. Мислам дека му требаше да постигне погодок за да ја врати самодовербата. Сега ќе му биде полесно“ –нагласи холандскиот тренер.

Read More

Паоло Дибала кој го постигна водечкиот гол за Рома на вчерашниот меч со Хелсинки во Лигата на Европа, доби пофалба од тренерот на „волчицата“, Жозе Мурињо. Аргентинецот влезе во игра на стартот на вториот дел и веднаш во 47 минута успеа да ги израдува домашните навивачи. „Дибала го постигна првиот гол и тоа го смени ставот на целиот тим. Бевме премногу пасивни но, Дибала веднаш ја промени играта“ – потенцираше Португалецот по победата од 3-0.

Read More

Дефанзивецот на Марсеј, Ерик Баји, кој заработи повреда на ногата на мечот со  Ајнтрахт (Франкфурт)  во Лигата на шампионите, ќе мора да паузира извесен период . 28-годишниот фудбалер почувствува болка на средината на вториот дел и беше принуден да го напушти теренот во 65. минута. Тестовите покажаа дека дефанзивецот има истегнување на тетивата. Баји кон крајот на месецов нема да игра за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска на пријателските натпревари со Того и Гвинеја.

Read More

Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Марко Асенсио, кој успеа да постигне гол на мечот со РБ Лајпциг во Лигата на шампионите, во континуитет покажува знаци дека не е задоволен од статусот во „кралскиот клуб“. За погодокот на младиот шпански фудбалер и за неговото однесување, проговори поранешната ѕвезда на „белите“,  Предраг Мијатовиќ. „Голот кој го постигна Марко беше извонреден. Дел од навивачите го свиркаат но, тоа е нормално по тоа што го направи“ – нагласи Мијатовиќ.

Read More