Author: dino

Извршниот директор на Баерн Минхен, Оливер Кан, го искажа цврстиот став дека не прифаќа влез на олигарси во клубовите вклучувајќи ги и Баварците. „Олигарсите дефинитивно немаат никаква улога во нашата иднина. Тие никогаш немале и никогаш нема да имаат“, рече Кан. „Олигарх не е вистинскиот збор за да се опише  случувањето во светот на фудбалот. Станува збор за цели земји кои поседуваат акции во клубови како Саудиска Арабија во Њукасл или Катар во Пари Сен Жермен“ – вели поранешниот голман.

Read More

Нашите најдобри фудбалери со нерешените 1:1 против Бугарија на мечот одигран во Разград, ја започнаа новата сезона во групата 4 Ц во Лигата на Нации. Домаќинот поведе во 13. минута преку Десподов додека изедначувањето го донесе Милан Ристовски по само пет минути игра во вториот дел. До крајот на средбата нашите репрезентативци имаа неколку шанси но, резултатот не се промени. Во судиското продолжение Французинот Пињар досуди пенал за Бугарија по наводно играње со рака на Муслиу, но ВАР покажа дека има прилепена рака на телото и судијата ја поништи одлуката за пенал. Во вториот меч во нашата група селекцијата на…

Read More

Нашите млади фудбалери ја забележаа втората победа во квалификациската група за пласман на Европското првенство откако беа подобри од Ерменија со 3 спрема 1 на мечот одигран на теренот на ФФМ. Гостите поведоа во 9. минута преку Симонјан, но, избраниците на Канатлорвски успеаа да направат до крајот комплетен пресврт со головите на Максимов, Илиевски и Емини. Македонија последниот меч во групата ќе го одигра на 5 јуни во Истанбул против Украина. Мечот е на неутрален терен поради случувањата на релација Русија-Украина.

Read More

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денеска организираше прием за нашите каратисти кои остварија одлични резултати на Европското првенство во Газиантеп во Турција. Таму Петар Спасеновски во категорија до 84 кг. го освои бронзениот медал, Вероника Костовска во борби до 61 кг. дојде до петтото место додека машкиот ката тим заврши на седмата позиција. На приемот во АМС покрај Спасеновски и Костовска, присуствува и Александар Спасовски (кати) и  селекторите, Стојан Андриевски (кати) и Александар Кузмановски (борби).

Read More

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри, вели дека најмногу жали за двете загубени финалиња во Лигата на шампионите. „Кога би можел, многу би сакал да го преиграм првото финале во Лигата на шампионите против Барселона. Во почетокот на натпреварот скапо ги плативме повредите а како што рече големиот Еторе Месина, одличните дефанзивци ги добиваат натпреварите. – рече Алегри „Јуве има специфична ДНК, која се заснова на здрава работа. Тоа е најголемиот тим во Италија кој има многу успеси во Европа“ изјави Алегри.

Read More

Медиумите во Англија објавија дека тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Антонио Конте, планира да направи голем ремонт во текот на летото. Според наведеното, на трансфер листата ќе бидат ставени : Танги Ндомбеле, Давинсон Санчез, Хари Винкс, Џовани Ло Селсо, Стивен Бергвејн, Серхио Регион и Џо Роден. Во исто време се верува дека Италијанецот сака да купи голман, двајца стопери, централен играч за врска и напаѓач.

Read More

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, пред денешниот пријателски меч со Аргентина од 20.45 часот закажан на легендарниот англиски стадион – „Вембли“, вели дека тоа ќе биде фудбалска класика. „Ќе биде одличен и интересен натпревар. Штета што останавме без Киеза, Имобиле, Берарди и Верати. Двете селекции се многу силни“ – вели селекторот на „аѕурите“. Италија е актуелен европски шампион додека „гаучосите“ се победници на Копа Америка за 2021 година.

Read More

Англискиот фудбалски состав Брајтон сака да го доведе напаѓачот на Барселона, Мартин Брајтвајт. Данецот кој за неколку дена ќе наполни 31 година ќе биде ставен на трансфер-листата а „галебите“ ќе се обидат да го  купат , пишува – „Мундо Депортиво“. Фудбалерот кој се соочуваше со повреди и одигра само 4 натпревари на кои постигна 2 гола. Информациите од „Камп Ноу“ велат дека искусниот фудбалер не влегува во плановите на тренерот, Чави и сигурно ќе си замине.

Read More

Големата ѕвезда на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин,  доби УЕФА А тренерска лиценца од Белгиската фудбалска федерација. Тој две години работеше за да ја оствари целта со тоа што последните 12 месеци за да ги исполни условите беше поврзан со јуниорите на Манчестер Сити. Тоа значи дека најдобриот играч во Премиер – лигата во штотуку завршената сезона, јасно стави до знаење дека по завршувањето на кариерата планира да влезе во тренерските води.

Read More

Англиските портали објавија декас луѓето од Манчестер Јунајтед полека ги финишираат преговорите со фудбалерот на Вилјареал, По Торес. Агентите на 25-годишниот дефанзивец неколку недели водат интензивни разговори за негов ангжман на – „Олд Трафорд“. Торес во последнава сезона одигра 33 мечеви со ефект од 5 голови и 1 асистенција. За Шпанија има реализирано 17 натпревари и постигнато 1 гол. Во моментов нема конкретни информации за висината на трансферот.

Read More