Author: dino

Македонија во почетокот на јуни ја очекуваат воведните мечеви во новата сезона во Лигата на нации. Селекторот, Благоја Милевски, денеска на средба со новинарите, потврди, дека дел од фудбалерите се соочуваат со повреди додека Ердал Ракип, побарал да биде ослободен од приватни причини. „За жал, подготовките  ќе ги започнеме со одредени проблеми.Поради повреда нема да бидат со нас Костадинов и Стефан Ристовски додека Адеми и Јаховиќ јас ги ослободив поради напорната сезона и заморот. Ердал Ракип поради приватни причини бараше да биде ослободен“ – нагласи Милевски со напомена дека повредата на Ристовски е сериозна и дека ќе мора да ги…

Read More

Легендарната американска спринтерка, Алисон Феликс, по осум години од нејзиното прво појавување на Златниот Спајк во Острава, на 31 мај ќе се врати во Чешка. Носителката на 11 олимписки медали која објави дека 2022 година ќе и биде последна во атлетиката, ќе стартува на трката на 200 метри во главниот град на Чешка. Во 2014 година, Феликс победи во Острава во спринтот на 200 метри со време од 22,75 секунди. Истата година таа го освои дијамантскиот трофеј со најдобар резултат во светот од 22,02 сек.

Read More

Заминувањето на искусните Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен ќе го примора тренерот на фудбалерите на Челзи да пронајде соодветни замени во дефанзивната линија. Прво летно засилување на „сините“ треба да биде играчот на Севилја, Жил Кунде а во опција се и Торес од Вилјареал, Гвардиол од РБ Лајпциг и Весли Фофана од Лестер. Медиумите наведуваат дека новиот сопственик на Челзи, американскиот милијардер, Тод Боли, планира за летната селекција да издвои 200 милиони фунти.

Read More

Шампионот на Германија, Баерн Минхен, планира да го задржи Роберт Левандовски и воедно да го ангажира фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане. Мисијата на Баварците нема да биде лесна бидејќи Полјакот кој има договор до летото во 2023 година сака да замине во Барселона додека Мане не сака да каже дали ќе остане кај „црвените“ пред да се одигра финалето во Лигата на шампионите. Баерн деновиве ги официјализираше трансферите на двајца играчи од Ајакс. Тоа се Мазрауи и Гравенбер.

Read More

Египетската тенисерка, Мајар Шериф, се повлече од Отвореното првенство на Франција поради повреда на ногата и тоа по само еден ден откако стана првата жена од земјата на Фараоните која победила во меч од главната ждрепка на Ролан Гарос. 26-годишната Шериф, чиј најдобар пласман е 49 место на ВТА листата ја победи Украинката, Марта Костјук, со 6:3, 7:5 и се пласираше во второто коло на парискиот Грен слем. Таа поради  фрактура на ногата мораше да го предаде мечот со Тамара Зиданшек од Словенија која директно отиде во третата фаза.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Антонио Конте, веројатно ќе успее да дојде до потписот на голманот на Саутемптон, Фрејзер Фостер, кој и во текот на зимата се потенцираше како можно засилување за „Спарси“. Англискиот тим сака по секоја цена да обезбеди резервна опција за Уго Лорис кој останува како прв избор за гол-линијата. Сегашниот резервен чувар на мрежата на англискиот состав, Пјерлујџи Голини, кој играше како позајмен од Аталанта, веројатно ќе се врати во Италија.

Read More

Голманот на Манчестер Јунајтед, Дин Хендерсон, дефинитивно планира да си замине од  стадионот – „Олд Трафорд“ бидејќи не ја добива потребната минутажа покрај стандардниот Давид Де Геа, велат последните информации од Англија. Доколку неговата желба се реализира, „црвените ѓаволи“ ќе направат напор да го ангажираат голманот на Валенсија, Гиорги Мамардашвили. Станува збор за млад, 21 годишен чувар на мрежата кој веројатно ќе добие шанса да брани во Лигата на Европа.

Read More

Дефанзивецот на Лидс, Диего Љоренте,  ќе го замени повредениот, Америк Лапорте, во шпанската фудбалска репрезентација за стартот на Лигата на нации. Лапорте се најде на списокот од 25 играчи избрани за првите четири натпревари закажани во почетокот на јуни. „Фуријата“ првиот меч од групата 2 ќе го одигра во Севилја на 2 јуни против Португалија. Три дена подоцна следува меч со Чешка во Прага, како и гостување во Швајцарија на 9 јуни. Шпанија на 12 јуни во Малага ќе се сретне со Чешка.

Read More

Кошаркарите на Бостон Селтикс дојдоа на чекор до финалето на НБА лигата откако во текот на ноќта го совладаа Мајами на негов терен со 93:80 и поведоа со 3-2 во финалето на Истокот. Во победничкиот тим се издвоија Џејлан Браун со 25 поени и  Џејсон Тејтум кој имаше 22 коша, 12 скока и 9 асистенции. Ветеранот Ал Хорфорд заврши со 16 поени а Дерик Вајт постигна 14. За Мајами, Бам Адебајо заврши со дабл-дабл од 18 поени и 10 скока. Гејб Винсент имаше 15 а Џими Батлер 13 поени. Шестиот меч ќе биде одигран в петок наутро на теренот на…

Read More

Португалецот, Жозе Мурињо, влезе во историјата како првиот тренер што успеал да ги освои трофеите во трите европски фудбалски конкуренции. Неговата Рома вчера победи против Фееенорд во финалето на Конференциската лига во премиерното издание под капата на УЕФА а „специјалниот“ се израдува на 5-от пехар од европските купови. Мурињо два пати ја освои ЛШ со Порто (2004) и Интер (2010), има два пехара од Лига Европа со Порто (2003) и Манчестер јунајтед (2017) и сега Конференциската лига со Рома. „Испишав историја! Ги одбивам сите можни понуди, останувам во Рома! – вели тренерот на „волчицата“.

Read More