Author: dino

Програмскиот менаџер во Формула 1 на Пирели, Марио Исола, призна дека иднината на италијанската компанија во спортот е неизвесна откако ќе истече договорот на крајот на 2024 година. Пирели се врати во Формула 1 во 2011 година кога го замени Бриџстоун како единствен снабдувач со гуми. Поради пандемијата на коронавирус, изборот на нов добавувач на гуми беше одложен а договорот на Пирели беше продолжен до 2024 година. Самиот Исола потврди дека одлуката дали Пирели ќе остане во Формула 1 не е негова или на Пирели, туку на ФИА. „Аукцијата обично започнува година и половина пред истекот на договорот и завршува…

Read More

Британскиот бизнисмен, Џим Ратклиф, сака да го купи фудбалскиот клуб Челзи за 4 милијарди фунти (4,76 милијарди евра). „The ​​Independent“, тврди, дека понудата е испратена. Познато е дека меѓу апликантите за купување на лондонскиот клуб се: конзорциум, во кој членуваат Формула 1 возачот Луис Хамилтон и тенисерката Серена Вилијамс; Косопственикот на Лос Анџелес Доџерс, Тод Боли; сопственик на НБА клубот „Бостон Селтикс“ и „Аталанта“ од Серија А, Стивен Паљука. Сите споменати треба да ги достават плановите за обнова на „Стемфорд Бриџ“ како и за финансирање на Челзи на краток и на среден рок.

Read More

Денеска од 17.00 часот ќе биде извршена ждрепката за групната фаза за Европското првенство во ракомет за жени. Нашата селекција која ќе биде домаќин заедно со Црна Гора и Словенија ќе биде во третиот по квалитет сад. Од првиот ќе бидат извлечени фаворитите: Норвешка, Франција, Данска и Холандија. Од вториот Црна Гора (Д група), Шведска, Унгарија (А група) и Полска. Во третиот сад покрај Македонија која ќе биде домаќин на групата „Ц“, ќе фигурираат и Словенија (Б група), Хрватска, и Германија. Во последниот дел од составувањето на групите за континенталниот собир ќе ги видиме сeлекциите на Шпанија, Романија, Србија и…

Read More

Доцна вечер ќе започне последниот елиминациски филтер во второто по ранг натпреварување под капата на УЕФА. Во првите полуфинални пресметки во Лига Европа ќе играат Вест Хем против Ајнтрахт Франкфурт и РБ Лајпциг со Глазгов Ренџерс. За мечот во Англија се очекува дека домаќинот ќе започне со Ареола, Џонсон, Досон, Рајс, Кресвел, Сочек, Нобл, Лансини, Форналс и Антонио. За Ајнтрахт во првата постава треба да бидат: Трап, Туре, Тута, Хинтегер, Кнауф, Со, Роде, Костиќ, Камада, Линдстром и Боре. Паралелно ќе тече и мечот во Германија. Еве ги можните состави. Лајпциг: Гурачи, Клостерман, Гвардиол, Халстенберг, Хенрихс, Лајмер, Форсберг, Анџелино, Олмо, Силва,…

Read More

Денеска започнуваат полуфиналните пресметки во Конференциската лига на УЕФА. Во битката за трофејот останаа Лестер (Англија), Рома (Италија), Феенорд (Холандија) и Олимпик Марсеј (Франција). На островот од 21.00 Лестер ќе ја пречека Рома. За домаќинот треба да истрчаат: Шмајхел, Переира, Фофана, Еванс, Кастан, Медисон, Тилеманс, Хол, Барнс, Варди, Олбрајтон. За „волчицата“ се очекува да стартуваат: Патрисио, Манчини, Смолинг, Ибанез, Карсдорп, Кристанте, Мхитарјан, Залевски, Пелегрини, Заниоло и Абрахам. Вториот меч во вечерниот термин ќе го одиграат Феенрод и Олимпик Марсеј. За домаќинот во првите 11-ет треба да бидат: Марсијано, Геертруда, Траунер, Педерсен, Маласија, Орнес, Нелсон, Линсен, Кокју, Синистера и Десерс. Французите…

Read More

Една од најдобрите атлетичарки, Шели-Ен Фрејзер-Прајс, верува дека ќе има добри настапи и дека ќе соборува рекорди. Таа на крајот на минатата сезона на патеката од 100 метри на митингот во Лозана оствари резултат од 10,60 секунди. „Сакам да трчам 10,50 секунди или 10,40 секунди. Тоа е целта, мислам дека сум на добар пат“ – изјави атлетичарката од Jамајка која има три олимписки титули. Ќе потсетиме дека светскиот рекорд на патеката од 100 метри го постави Флоренс Грифит – Џојнер во 1988  година. Американката тогаш оствари резулатат од 10,49 сек.

Read More

Навивачите на Манчестер Јунајтед покажаа дека не се задоволни од настапите на Хари Мегваер откако тренерот, Ралф Рагник, објави дека стоперот веројатно ќе го пропушти крајот на сезоната. – Се надевам дека ќе отсуствува не само до крајот на сезоната, туку и  наредните три“, напиша еден навивач. „Тоа е најдобрата вест во сезоната“ – беа зборовите на друг фан на „црвените ѓаволи“ напишани на социјалните мрежи. Според информациите, Мегваер има проблеми со коленото и допрва ќе треба да оди на детални лекарски прегледи.

Read More

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, признава дека среќата им се насмевна на „црвените“ на вчерашниот меч со Вилјареал во елитата на Европа. Домаќините на „Енфилд“ поведоа во 53 минута со несреќниот автогол на Шпанците а веднаш потоа искористија шанса за втор погодок и победа од 2:0. „Игравме против одлично поставен состав. Притискавме и верувавме дека ќе го скршиме нивниот отпор.  Имавме среќа и успеавме да ги израдуваме навивачите. Сепак, ништо не е готово“ – потенцираше играчот на англискиот состав.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека победата од 2 спрема 0 во првиот меч со Вилјареал во полуфиналето во Лигата на шампионите не мора да значи ништо за реваншот на Пиринеите. „Имаме само 2:0, има уште цело второ полувреме во Шпанија. Резултатот е опасен и сега сме како на пауза меѓу две полувремиња“ – вели тренерот на „црвените“. „Противникот нема да се откаже. Ќе мора да бидеме максимално подготвени за вториот дуел“ – нагласи Германецот.

Read More

Весникот – „Газета Дело Спорт“, тврди, дека Милан е во напредни преговори со Сасуоло за трансфер на крилниот напаѓач, Доменико Берарди. Позицијата десно крило е дефицитарна кај „росонерите“ а токму Берарди може да ја пополни таа празнина. Неговата трансферна цена е околу 30 милиони евра. 27-годишниот фудбалер во тековнава сезона има 14 голови и 15 асистенции на 29 натпревари во Серија А.

Read More