Author: dino

Матео Мараш, ракометарот на Еурофарм Пелистер, вели дека мечот со Вардар послужил како одлично згаревање за првата пресметка со Нашице во Европпската лига. Средбата ќе биде одиграна утре во Нашице. „Ќе бидеме подготвени и ќе оставиме срце на терен. Нексе е непријатен ривал, имаат добра транзиција“ – вели Мараш. „Цврсти се во одбрана и играат на многу голови. Тоа се одредени работи кои треба да спречиме за на крајот да победиме“ – вели Мараш.

Read More

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, по големата победа во дербито со Вардар сега мислите ги насочува кон тимот на Нашице. Битолчани утре ќе гостуваат во Хрватска во првиот меч од елиминациската фаза. „Сега имаме три дена да се одмориме, да се подготвиме дефанзивно и офанзивно да видиме кои карактеристики ги има Нексе. Треба со истата енергија и желба да се обидеме да обезбедиме што е можно подобар резултат.“ – вели Бабиќ. „Нексе е добра дефанзивна екипа и тркачки добра. Веќе имавме еден натпревар против нив, тоа беше добро искуство, Верувам дека ќе се одмориме и дека ќе се подготвиме…

Read More

Младиот напаѓач на Македонија, Бојан Миовски, верува дека можеме да се надигруваме со Португалија иако домаќинот ќе биде крајно претпазлив по нашата сензационална победа во Палермо. „Од вчера сме фокусирани на Португалија. Ги анализираме, гледаме каде се нивните слаби страни, останува да ги искористиме и да покажеме што знаеме за да се радуваме на победа“ – вели Миовски. „Се надевам дека ќе добиеме многу повеќе дуели со португалците. Сега тие гледаат многу поразлично на нас. Ги победивме Германија и Италија на гости и сигурно тоа не е случајно. Португалија сега повеќе не респектира. Ќе дадеме се да ги победиме“ -…

Read More

Нашиот фудбалски репрезентативец, Стефан Спировски, не крие дека е оптимистички расположен пред утрешниот меч со Португалија за место на Мундијалот во Катар. „Стигнавме до еден меч пред светското првенство. Ако можевме да ја победиме Италија зошто да не ја совладаме и Португалија. Имавме доволно време да се одмориме и да се подготвиме. Кој и да излезе на терен ќе го даде максимумот“ – вели Спировски во изјавата за Спортско радио 90,3 ФМ. „Утрешниот меч ќе биде многу поразличен од тој со Италија. Очекувам, ајде да кажам, да има многу повеќе шанси за нас и подобра финализација. Очекувам позитивен резултат, затоа…

Read More

Според италијанскиот весник – „La Gazzetta dello Sport“, имало најмалку пет возачи кои барале да се одложи трката во Џеда: Луис Хамилтон и Џорџ Расел од Мерцедес, Ленс Строл (Астон Мартин), Фернандо Алонсо (Алпин) и Пјер Гасли. Причина за тоа е инцидентот на првиот тренинг за Големата награда на Саудиска Арабија кога на 10 километри од патеката, избувна пожар во нафтената база Арамко, која беше погодена со ракетен напад на движењето Хути. На крајот по многу консултации меѓу челниците на тимовите и луѓето од ФИА, трката беше реализирана.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Милан го договориле првото летно засилување. Станува збор за дефанзивецот на Лил, Свен Ботман, кој од наредната сезона ќе ги брани боите на „росонерите“. Фудбалерот ќе потпише договор до 2027 година и ќе добива по 3 милиони евра по сезона. Според наводите, францускиот состав бара околу 40 милиони евра за потписот на Ботман. 22-годишниот централен дефанзивец во сезонава има 21 натпревар и 3 гола во француското првенство.

Read More

Кристијан Станојковски од пинг-понгарски клуб “Крива Паланка 2007” по единаесетти пат ја освои титулата државен првак во сениорска конкуренција. „Задоволство е да се одбрани титулата по десетти пати по освојувањето на неполни шеснаесет години. Благодарност до моите соиграчи од матичниот клуб „Крива Паланка 2007” и тренерот Мартин Стаменковски“- изјави Станојковски. Тој во изминатата сезона поради пандемијата со Кови-19 се определи да го напушти германскиот состав Мајнц и да се врати во татковината.

Read More

Стјуардите на трката во Формула 1 за Големата награда на Саудиска Арабија донеса одлука да го казнат Алекс Албион поради контактот со Ленс Строл. Тоа значи дека возачот на Вилијамс на наредната трка во Австралија ќе започне три позиции подолу од местото што ќе го обезбеди во квалификациите а згора на тоа ќе загуби и два поена. Стјуардите кои водеа истрага и за Саинц, СПерез и Магнусен, поради евентуално непочитување на жолтите знамиња, утврдиле дека тие не ги прекршиле правилата.

Read More

Фудбалерот, Тимо Вернер, кој не успева да се наметне во редовите на Челзи, вели дека се чувствува послободно кога настапува за репрезентацијата на Германија отколку кога игра за лондончани. „Работите не одат како што посакувам во Челзи, но, тука се многу подобри под водство на Ханси Флик.“ – вели Вернер. „Има разлики во стилот на играта во репрезентацијата и во Челзи. Тука имам поголеми шанси да постигнам голови и затоа се чувствувам подобро“ – потенцира играчот на „панцирите“.

Read More

Фудбалската репрезентација на Канада го обезбеди пласманот на Светското првенство во Катар откако на коло пред крајот во квалификациите во Конкакаф зоната ја победи Јамајка со 4-0. Канаѓаните за првпат по 36 години ќе играат на Мундијал, последен пат учествуваат на СП во 1986 година освојувајќи го последното 24 место. Канада e лидер на табелата со 28 бодови, пред САД и Мексико со по 22, Костарика има 19 а на петтата позиција е Панама со 18. Без шанси за Мундијал се  Ел Салвадор, Јамајка и Хондурас.

Read More