Author: dino

Македонските фудбалери ја расплакаа Италија во срцето на Сицилија. Голот на Трајковски во судиското надополнување ги фрли на колена европските шампиони а ја вивна Македонија на фудбалското небо. „Аѕурите“ имаа тотална доминација од првата до последната минута, но, срцето на македонските „рисови“ машки ја издржа битката. Сега треба да се направи последниот  чекор голем како планина и да се надиграат Португалците предводени од Роналдо.

Read More

Во пресрет на натпреварот Италија-Македонија порака за поддршка до играчите испрати првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини. -Оваа репрезентација и овие момци ги краси карактер и заедништво. Тие веќе покажаа дека се спремни за големи работи. Македонските играчи веруваат во себе и знам дека ќе дадат сè од себе за да го исполнат сонот за пласман на Светско првенство. Благодарност до сите навивачи кои дојдоа да ја бодрат репрезентацијата, уживајте“, изјави Сејдини.

Read More

Легендата на Интер, Валтер Зенга, вели дека Италија не треба да ја потценува Македонија во полуфиналето од квалификациите за Светското првенство во Катар на крајот на годинава. Поранешниот голман за весникот – „Кориере дело спорт“ ги коментираше шансите на италијанската репрезентација. „Се може да се случе бидејќи вечерва е значајна само победата а не секогаш одлучувачки е фактот што тимот е домаќин. Во фудбалот се може да се случи за 90 минути. Противникот има млад тим, но тие постигнаа нешто големо во нивната историја“ – вели Зенга. „Би рекол дека не треба да се потценуваат. Тие секако имаат квалитети и…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, сака да го ангажира играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Леандро Паредес. Аргентинецот не стартер кај францускиот состав и според „Calciomercato.com“,  тој може да се врати во “римскиот клуб за кој играше  од 2014 до 2017 година. Договорот на Паредес со Пари Сен Жермен истекува во 2023 година. Единствен проблем во целата ситуација може да биде високата годишна плата на Паредес од 8,5 милиони евра.

Read More

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, има намера да  донесе на Олд Трафорд како помошник една од иконите на „црвените ѓаволи“. Тоа ќе се случи доколку во текот на летото го преземе Манчестер Јунајтед како што се шпекулира последниве денови. Имињата кои се поврзуваат со него се Робин ван Перси, Руд ван Нистелрој и Јан Стам. Нистелрој е помошник тренер во ПСВ Ајндховен а Робин ван Перси во Феенорд. Стам има најдолг стаж како тренер, па дури има искуство и во Англија кога го водеше Ридинг во периодот од 2016 до 2018 година. Тој е моментално без работа.

Read More

Поранешниот напаѓач на Тотенхем и на „Гордиот Албион“, Џермејн Дефо, кој неодамна се врати Сандерленд, најави дека порано од очекувањата ќе ја заврши кариерата. Некогашниот англиски репрезентативец ја информираше јавноста дека се повлекува од играњето фудбал на 39 години односно по цели 22-две откако заплива во професионалните води. Дефо е во моментов деветтиот најдобар стрелец во англиската елита со 162 гола.

Read More

Македонската фудбалска икона, Горан Пандев, вели дека отсуството на Елмаз на утрешниот меч со Италија во баражот за Мундијалот ќе биде голем хендикеп за македонската селекција. Играчот на Наполи ќе мора да го скокне мечот со „аѕурите“ во Палермо поради жолти картони. „Отсуството на Елмас е предност за Италија бидејќи тој е клучен во играта на Македонија. Доколку играше, навистина ќе беше најголема опасност кон „аѕурите“.Во Италија има многу млади играчи како и дел од тие кои дојдоа до трофејот на Европското првенство“ – вели пандев. „ Споредено со ситуацијата пред 20 години, кога дојдов во Италија, техничкото ниво е…

Read More

На одржаната средба во Софија, Република Бугарија, потпишан е меморандум за соработка меѓу Агенција за млади и спорт на РСМ и Министерство за млади и спорт на РБ за соработка во областа на младите и спортот. Со потпишување на меморандумот се зајакнуваат односите меѓу двете земји преку унапредување на соработката во развојот на младите и спортот врз принципите на реципроцитет, заемно разбирање и корисност. Покрај утврдените активности во оперативниот план од страна на Министерство за млади и спорт на РБ се предложи поддршка на Ултра Маратон кој ќе се одвива низ територијата на  Бугарија, Северна Македонија и Албанија, стои во…

Read More

Ешли Барти која е на челната позиција на АТП листата излезе со изненадувачка изјава на социјалните мрежи дека на 25 години ќе ја прекине тениската кариера. -Многу сум среќна и подготвена. Во срцето знам дека е добра одлука. Целосно сум истрошена и нема што повеќе да дадам. Ви благодарам на сите кои ме поддржувавте – напиша Барти која ја освои првата гренд слем титула во 2019 година кога триумфираше на терените на Ролан Гарос. Тенисерката од Австралија има освоено 15 ВТА титули.

Read More

Манчестер Јунајтед сериозно размислува да го ангажира, Ерик тен Хаг, кој најави дека во текот на летото ќе го напушти фудбалскиот состав на Ајакс. Според – „Дејли Мејл“, искусниот тренер бил на интервју на „олд Трафорд“. Бидејќи Ралф Рагник, ќе биде на кормилото до крајот на сезоната, одлуката околу новиот тренер на „црвените ѓаволи“ се очекува до крајот на април. Како опции за клупата на Јунајтед се споменуваат и Маурисио Покетино, Лопетеги и Луис Енрике.

Read More