Author: dino

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, по кој знае кој пат ја повика ФИФА да се откаже од идејата да има Мундијал на две години откако Џани Инфантино, побара поддршка за идејата од националните федерации. Тој иако вети дека ќе се генерира дополнителен приход од 4,4 милијарди долари на две години, Европа и Јужна Америка веднаш беа против. „Имав дискусија со претседателот на ФИФА, не треба да се мешаме во развојот на фудбалот на другите континенти, но, тоа не треба да им наштети на европската и јужно-американската федерација“ – вели Чеферин.

Read More

Челниците на Тотенхем сакаат да му ја исполнат желбата на тренерот Антонио Конте и да го ангажираат фудбалерот на Интер, Де Вриј. Холанѓанецот иако има договор до јуни во 2023 година, веројатно во текот на летото ќе си замине од Милано. Англискиот тим гпонудил  4-годишен договор со плата од 6,5 милиони евра. Претходно имаше информација дека „нероаѕурите“ за пописот на дефанзивецот бараат 35 милиони евра.

Read More

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој по многу перипетии мораше да го пропушти големиот собир во Мелбурн, дефинитивно ќе може да настапи на вториот годинашен Грен Слем турнир на терените на  Ролан Гарос. Властите во Франција ги олабавија ковид – мерките што значи дека таму ќе може да влезат и лица кои не поседуваат ковид – сертификати. Тоа значи дека Ѓоковиќ ќе има шанса да ја брани титулата на Отвореното првенство на Франција.

Read More

УЕФА соопшти дека сите клубови од Белорусија и нејзините репрезентациите ќе мора да ги играат домашните натпревари на неутрални терени. Покрај тоа, извршниот комитет одлучи сите натпревари на  белоруските тимови кога ќе бидат домаќини да се одиграат пред празни трибини. Причина за санкцијата од страна на Европската куќа на фудбалот е поддршката што Белорусија и ја дава на Русија која реализира воени дејствија во Украина.

Read More

Откако Барселона потврди дека е заинтересирана за фудбалерот на Милан, Френк Кеси, се огласи директорот на „росонерите“, Паоло Малдини. Тој за италијанските медиуми вели дека таа информација не е изненадување. „Нормално е Барселона да го сака Кеси. Нашата позиција е јасна. Ние нема да го промениме ставот“ – вели Малдини кој ќе се обиде по секоја цена да го убеди напаѓачот да остане на „Сан Сиро“. Медиумите предвидуваат дека Кеси веројатно ќе се пресели во Шпанија бидејќи упорно одбива да ја продолжи соработката со италијанскиот состав.

Read More

Возачите од Русија и Белорусија го задржуваат правото да учествуваат на автомобилски трки под покровителство на Меѓународната автомобилистичка федерација. Така одлучи  советот на ФИА со кој раководеше новиот претседател на федерацијата, Мохамед бин Сулејем. Тој откако го осуди рускиот напад врз Украина, потврди дека претставниците на Русија и Белорусија во различните комисии на ФИА ќе ги напуштат позициите, но, спортистите од тие земји нема да бидат исклучени од натпреварувањата. Тоа значи дека рускиот Формула 1 возач, Никита Мазепин, може да се избори за место во екипата на Хаас во која неговиот татко има 20% а болидите се брендирани со боите…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Фрајбург, Кристијан Штрајх, изјави дека ќе настапи со најдоброто што го има на располагање на денешното гостување кај Бохум во новата рунда од Германскиот Куп. Тој на средбата со новинарите, нагласи дека четворица од стандардните првотимци се настинати и дека може да го пропуштат денешниот натпревар. „Преферирам да не ги кажувам имињата на играчите. Сите тестови за коронавирус се негативни“ – рече тренерот на Фрајбург кој заедно со РБ Лајпциг и Хофенхајм се бори за место во Лигата на шампионите

Read More

Светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, планира да стави крај на професионалната боксерска кариера по мечот против Дилијан Вајт. Пресметката меѓу двајцата е закажана за 23 април на стадионот „Вембли“. 33-годишниот Британец вели дека тоа ќе му биде последното влегување во рингот. „Имам 150 милиони долари на мојата банкарска сметка, сè уште сум млад, здрав, ќе купам огромна јахта некаде во странство. Се откажувам, завршив“, објави Фјури.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека не обрнува внимание на приказните дека неговиот состав до крајот на сезоната може да освои три титули. „Граѓаните“ се лидери во Премиер лигата, остануваат во трката пехарот во Лигата на шампионите а по вчерашната победа кај Питерборо со 2-0 и во битката за победничкиот пехар во ФА Купот на Англија. „Нема да паднам на таа приказна и да се занимавам со прогнози. Нас нè интересира само натпреварот кој доаѓа против Манчестер Јунајтед“ – вели Гвардиола кој не ја пропушти шансата да ги пофали Марез и Грилиш за постигнатите голови на…

Read More

Екипите на Барселона и на Баерн Минхен се главните кандидати да го добијат потписот на дефанзивецот на Челзи, Андреас Кристенсен, кој ги одработува последните месеци од договорот со лондончани. Корпулентниот фудбалер не е задоволен од понудата на „сините“ за да остане на „Стемфорд Бриџ“ и затоа сака да ја продолжи кариерата во друг состав. Бидејќи Кристенсен во текот на  летото ќе биде слободен играч, Каталонците и Баварците влегле во интензивни преговори со неговиот агент задолжен за трансфери. Во моментов нема конкретни детали околу финансиските услови кои ќе ги побара фудбалерот.

Read More