Author: dino

Фудбалерот на Милан, Алесандро Флоренци, кој настапува како позајмен од неговиот матичен клуб – Рома, сака да потпише перманентен договор со „росонерите“, објавија денеска дел од медиумите во Италија. Според наведеното, Милан ќе може да го купи десниот бек во април или мај за околу 4,5 милиони евра. 30-годишниот фудбалер во тековнава сезона е еден од најстандардните во составот на Стефано Пиоли.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, ги демантираше наводите во медиумите дека има поделеност во тимот бидејќи Кристијано Роналдо сака да биде лидер во соблекувалната. „Дали само се обидувате да смислите нешто? Престанете да барате поделба, ве молам“, напиша Рашфорд на Твитер профилот. „Црвените ѓаволи“ се на четвртото место во Премиер лигата со 43 бода. Тие в недела ќе гостуваат кај Лидс.

Read More

Иако повеќе од 7 милиони фунти влегоа во клупската каса за освојување на Супер-купот на Европа и Светското клупско првенство, фудбалерите на Челзи нема да добијат ниту фунта плус на плата. Тие според договорот ќе добијат финансиски награди само во случај на триумф во Премиер лигата, Лигата на шампионите, Фа купот и Лига купот. Победата над Палмеирас во Абу Даби им донесе на „сините“ донесе 3,6 милиони фунти додека Суперкупот на УЕФА беше вреднуван со 3,7 милиони.

Read More

Аргентинскиот фудбалер, Хернан Креспо, кој играше за многу големи тимови откри дека двапати бил пред трансфер во шпанскиот гигант Реал Мадрид. Поранешниот аргентински напаѓач ги има облечено дресовите на Ривер Плата, Парма, Лацио, Интер, Челзи, Милан и Џенова. „Во 2002 година играв за Лацио и имав разговори со Реал Мадрид и Интер. Сè зависеше од Роналдо  На крајот, тој одлучи да се приклучи на Реал па потпишав со „нероаѕурите“ – изјави 46-годишниот Креспо нагласувајки дека вториот случај кој пропаднал бил само неколку години подоцна.

Read More

Норвешките натпреварувачи го освоија златниот медал во крос-кантри во екипен спринт на Зимските олимписки игри во Пекинг. Ерик Валнес и Јоханес Клебо победија со резултат 19:22.99 минути. Финците, Ливо Нисканен и Јони Мјаки, го освоија сребрениот медал додека руските натпреварувачи Александар Болшунов и Александар Терентјев се искачија на третото место на пиедесталот. Германија ја освои олимписката титула во женскиот тимски спринт (класичен стил) на Игрите во Пекинг. Катарина Хениг и Викторија Карл имаа одличен финален спринт. Швеѓанките Маја Далквист и Јона Сандлинг завршија втори. Бронзените медали им припаднаа на Јулија Ступак и Наталија Непрјаева од рускиот олимписки комитет. Репрезентацијата на…

Read More

Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Ријад Марез ја коментираше победата врз Спортинг (5:0) во првиот натпревар од 1/8-финалето на Лигата на фудбалските шампиони. „Не, тоа не беше формалност. Не беше лесно. Бевме исклучителни во првото полувреме, бевме одлучни, ефикасни, постигнавме гол и тоа ја прави разликата“ – вели Марез. „Целта ни е да стигнеме до наредната фаза. Постигнавме пет гола,  мораме само да продолжиме напред“ – вели играчот на англискиот состав.

Read More

Кошаркарската федерација денеска на средба со новинарите ја најави завршницата на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“. Битката за пехарот ќе се одвива од 18 до 20. февруари во СРЦ „Кале“ во Скопје. Еве ја програмата. МАЖИ – ДВОЈКИ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ 18 ФЕВРУАРИ (ПЕТОК) 12.00: Пелистер – ТФТ (1) 14.30: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар (2) 17.00: Работнички – Феникс 2010 (3) 19.30: Еуро Никел 2005 – Навико Академија ФМП (4) 19 ФЕВРУАРИ (САБОТА) ПОЛУФИНАЛЕ – ЖЕНИ 12.00: Бадел 1862 – Струга 2009 14.30: Баскет Кам 2011 – Вардар ПОЛУФИНАЛЕ – МАЖИ 17.00: Победник 1 – Победник 4 19.30: Победник 2 – Победник 3…

Read More

Норвежанецот, Јирген Грабак, го освои златото во нордиска комбинација на ЗОИ во Пекинг. Тој по скоковите беше на 12. место, но, во крос-кантри имаше одличен финиш. Второто место му припадна на неговиот сонародник, Јенс Лураас додека со бронзата се накити Акито Ватабе од Јапонија. Женската штафета на Канада во брзо лизгање триумфираше на Зимските олимписки игри во Пекинг. Канаѓаните до златото стигнаа со време од 2:53.44 минути што е нов олимписки рекорд. Среброто го освои екипата на Јапонија додека со бронзата се закити Холандија. Во машка конкуренција победи Норвешка пред Русија и  Соединетите Американски Држави Селекцијата на Швајцарија ја совлада…

Read More

Унгарскиот ракометен состав Веспрем објави дека ќе ја прекине соработката со нашиот интернационалец Дејан Манасков. Левото крило се активираше во Веспрем во 2017 година од германскиот Рајн Некар Левен. Тој одигра 156 средби и постигна 536 голови. Манасков со Веспрем освои две титули во СЕХА лигата и една во домашното првенство. -Ти благодариме за се Деки и многу среќа во натамошниот дел од кариерата, – објави Веспрем на неговиот сајт.

Read More

Еурофарм Пелистер денеска ќе му гостува на Ним во рамките на 7. коло во групата Д во ЕХФ Европската ракометна лига. Тренерот, Жељко Бабиќ, за средбата од 18.45 часот остана без неколку стандардни играчи.  Матео Мараш и Немања Обрадовиќ се позтивни на ковид-19 и останаа во Битола. Црногорецот  Мирко Радовиќ е во процес на рехабилитација додека репрезентативецот на БиХ, Јосип Периќ е болен. Пред денешните мечеви, Французите се лидери на табелата со бод предност пред нашиот тим. Спортинг го има третото место.

Read More