Author: dino

Извршниот директор на Мекларен, Зaк Браун, изјави дека ѕвездата на британскиот тим во Индикар, Пато О’Вард, ќе има големи шанси да се пресели во Формула 1 доколку ја освои титулата во американската серија. „Токму тоа му го кажав, најбрзиот начин да се дојде до Формула 1 е да се повтори успехот на Хуан Пабло Монтоја, Жак Вилнев, Алекс Занарди и Михаел Андрети кои ја освоија титулата во Идникар“ – вели Браун. Во 2021 година, младиот Мексиканец му ја донесе првата победа на Мекларен по враќањето на тимот во Индикар.

Read More

Олимпискиот шампион и светски рекордер во скок со стап, Арманд Дуплантис, на 13 мај ќе учествува во Дијамантската лига во Доха, објавија организаторите на натпреварот. 22-годишниот Швеѓанец, освојувач на сребрен медал на Светското првенство во Доха 2019-та, доминира во последниве години. Во 2020-та тој постави два светски рекорда за една недела – прво 6,17 м а потоа 6,18 за време на сезоната во сала. Летото во Рим прескокна 6,15 метри, што е најдобар резултат во историјата на отворено. Во 2021 година, Дуплантис 14 пати ја помина границата од 6 метри.

Read More

Клубовите во англиската Премиер лига потрошија четири пати повеќе во изминатиот месец споредено со јануари во 2021 година. Тука во преден план се наметна тимот на Њукасл кој има нови богати сопственици. Според проценките, екипите од островот  потрошиле вкупно 295 милиони фунти за трансфери што е многу повеќе од минатогодишнте 70 милиони, но, далеку од 430-те милиони од зимата во 2018 година. Интересно е дека Манчестер Јунајтед, не потроши ниту денар за нови играчи, но, профитираше од трансферите на Ентони Марсијал и Дони ван де Бек.

Read More

Горан Пандев изненадувачки ќе ја напушти Џенова и до крајот на сезоната ќе ги брани боите на второлигашот Парма, објави вечерва –„Скај Спорт Италија“. Се работи за позајмица до крајот на сезоната. Доколку трансферот се реализира, популарниот Гоче на „Енио Тардини“ ќе биде во друштво со легендарниот голман на Италија и Јувентус, Џанлуиџи Буфон. „Млекарите“ се  на 12-то место во Серија „Б“. Пандев на Чизмата има богата кариера откако беше дел од Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Џенова.

Read More

Италијанскиот фудбалски состав, Аталанта, се пофали на социјалните мрежи дека е склучен договор за ангажман на играчот од средниот ред на Парма, Валентин Михаила. 21-годишниот фудбалер ги напушти „млекарите“ и замина на позајмица до крајот на сезоната. Екипата од Бергамо ќе има опција да го откупи неговиот договор во текот на летото. Во исто време се шпекулира дека Аталанта би можела да го пушти Алексеј Миранчук да замине во редовите на Лацио.

Read More

Поранешниот Формула 1 возач Фелипе Маса, изјави, дека нема ништо чудно околу слабите резултати на Ферари во последниве години. Во изминатите десет сезони, Ферари често го заземаше второто или третото место во шампионатот за конструктори а во сезоната 2020 падна на шестата позиција. „Не би рекол дека сум изненаден од резултатите на Ферари. На крајот на краиштата, најдобрите години на Ферари беа во ерата на Михаел Шумахер а потоа и во 2006, 2007, 2008 година. По 2009 година, Ферари престана да биде главен фаворит“  – потенцира Маса.

Read More

Френк Лампард денеска беше промовиран како нов менаџер на Евертон на местото на отпуштениот, Рафа Бенитез. Легендата на Челзи и на Англија, на официјалниот чин не го криеше задоволството што по една година се враќа на фудбалските терени. „Голема е чест да се води клуб со традиција каков што е Евертон. Почувствував голема страст кај газдата и клупските директори“ – нагласил Лампард. Бидејќи „карамелите“ се наоѓаат пред самата зона за испаѓање со само 20 бодови, Лампард ќе има задача да се избори за опстанок во елитата на Англија.

Read More

Директорот на „Пирели“, Марио Исола, рече дека во 2022 година, секој возач за една викенд-трка ќе добие фиксен број на тврди, средни и меки комплети на гуми. До сезоната 2020, тимови сами избираа гуми, но, решија да го променат системот поради тешкотиите поврзани со корона-вирусот. „Бевме принудени да прибегнеме кон такво решение поради пандемијата. Повеќе не треба да трошите ресурси и луѓе и да размислувате дали да земете дополнителен сет на „медиум“ наместо „софтвер“ – изјави Исола.

Read More

Формула 1 донесе одлука за задолжително вакцинирање на сите што се дел од така наречениот „циркус на тркала“ без разлика дали се ангажирани во самите екипи или се дел од придружниот персонал. Одлуката се однесува и на новинарите кои ги следат настаните во шампионатот. Сите што сакаат да бидат околу патеките ќе мора да имаат примено најмалку две дози од вакцините против Ковид-19. Новиот шампионат ќе започне на 28 март со трката за Големата награда на Бахреин.

Read More

Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нунез, би можел да се пресели во Вест Хем доколку португалскиот состав до крајот на денов ја прифати понудата од лондонскиот клуб во висина од 50 милиони евра. Фудбалерот кој потекнува од Јужна Америка, во тековнава сезона одигра 16 натпревари со ефект од 15 голови и 2 асистенции. 22-годишниот Уругваец е најдобар стрелец во шампионатот на Португалија.

Read More