Author: dino

Дефанзивецот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф, беше подложен на „превентивни тестови“ откако имаше потешкотии со дишењето за време на натпревар со Норвич во англиската Премиер- лига, соопштија од клубот. Од „Олд Трафорд“ објавија дека шведскиот репрезентативец сега се чувствува добро. – Сите индикации велат дека случајот не е поврзан со КОВИД“, објави Јунајтед. Тоа се случи  по само неколку часа откако беше одложен денешниот меч со Брентфорд бидејќи одредени играчи на „црвените ѓаволи“ и дел од персоналот се позитивни на Ковид.

Read More

Макс Верстапен со денешната победа на трката за Големата награда на Абу Даби успеа да ја освои првата шампионска титула во Формула 1. Возачот на  Ред Бул практично во последниот круг благодарение  на безбедносното возило успеа да го помине членот на Мерцедес и да запре во обидот да ја освои рекордната осма титула. Третото место на крајот го освои Карлос Саинц од Ферари. Во трката кај конструкторите победи Мерцедес пред Ред Бул.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри, признава дека неговиот тим не заслужил победа на гостувањето кај Венеција и дека домаќинот сосема реално освои еден бод. „Старата дама“ иако имаше предност од 1-0, на крајот мечот заврши 1:1. „Ние ризикувавме со Дибала и тоа се покажа лошо. Тој беше заменет во средата поради проблем со мускулот и се надевавме дека ќе биде подобар, но, тоа не беше така“ – вели Алегри. „Имавме добро прво полувреме а потоа паднавме во  тие 10-15 минути пред да примиме гол. Загубивме два бода против добриот тим на Венеција“ – потенцираше Алегри по натпреварот.

Read More

Дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт, пред да го напушти Ајакс и да замине во Италија, имал можност да го облече дресот на Баерн (Минхен), откри неговиот агент задолжен за трансфери, Мино Раиола. „Бевме во разговори со Баерн и можноста да постигнеме договор беше многу реална. Штета што не успеа“ изјави Рајола за „Sport1.de.“  Де Лихт во 2019 година доби многу понуди а покрај Баварците во игра за неговиот потпис беше и Барселона. Сепак, Холанѓанецот реши кариерата да ја продолжи во Италија. Таму во тековнава сезона има одиграно 13 натпревари и постигнато 1 гол.

Read More

Шведскиот фудбалски интернационалец, Златан Ибрахимовиќ, со вчерашниот погодок против Удинезе во Серија „А“, успеа да го запише  300-от гол во најсилните 5 лиги во Европа. Ветеранот со тој ефект им се придружи на Кристијано Роналдо кој има 483 голови и  Лионел Меси кој има 475. Популарниот Ибра во Калчо има дадено 153 голови a во Франција додека играше за ПСЖ има 113. Во Премиер во дресот на Манчестер Јунајтед постигна 17-ет додека еден помалку имаше во периодот кога настапуваше за Барселона во шпанскиот шампионат.

Read More

Шпанските медиуми објавија дека ветеранот, Единсон Кавани, сака да го напушти Манчестер Јунајтед и да се пресели во Барселона. Уругваецот е подготвен да прифати помала плата од таа што ја добива на „Олд Трафорд“ само за да го облече дресот на Каталонците. Новиот тренер на фудбалерите на Барса, Чави Ернандез, сака да купи најмалку еден нов голгетер во јануарскиот преоден рок. Сепак, конечниот збор околу Кавани кој е во процес на рехабилитација ќе го има новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник.

Read More

Mакс Верстапен и Луис Хамилтон со изедначено бодовно салдо ќе влезат во последната сезонска трка во Формула 1 која треба да го одреди и новиот шампион. На патеката – „Јас Марина“, во Абу Даби од 14 часот, Холанѓанецот ќе тргне од пол позицијата пред Британецот. Доколку двајцата на крајот имаат идентичен број на бодови, пехарот ќе го подигне Верстапен бидејќи има остварено повеќе сезонски победи. Досега последната трка дури 29 пати одлучувала за победничкиот пехар. Таков случај имаше пред пет години кога Нико Розберг со болидот на Мерцедес ја освои титулата пред клупскиот колега Хамилтон.

Read More

Веселин Вујовиќ го напушти кормилото на Вардар по катастрофалната серија од седум порази во Лигата на ракометните шампионите. Со тоа заврши и третиот мандат за миленикот на „Комитите“  кој беше на клупата кај „црвено-црните“од 2006 до 2009 и од 2011 до 2013 година. Според информациите, соработката е прекината спогодбено.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, кој постигна два гола за Наполи на вчерашниот меч со Лестер, беше прогласен од УЕФА за најдобар играч во последното коло во Лига Европа. Нашиот фудбалски „бисер“ беше двоен стрелец во триумфот на Италијанците со 3:2 кој значеше пласман во фазата на елиминации. Елмас со четири погодоци ја заврши групната фаза во второто по ранг натпреварување на Европа.

Read More

Интер започна преговори за двајца играчи на Сасуоло – напаѓачот, Џанлука Скамака и Давиде Фратези кој дејствува во средината на теренот, пишува денеска – „Газета дело Спорт“. Според наведеното, двајцата во јануарскиот преоден рок се главните трансфер цели на италијанскиот шампион. „Нероаѕурите“ поради финансиски потешкотии сакаат првo да ги ангажираат на позајмица а потоа да им ги откупат правата. Скамака за италијанската репрезентација има 16 натпревари и 5 голови. Неговата цена е 40 милиони евра. Фратези нема одредена цена. Тој во сезонава во сите конкуренции одигра 17 натпревари и постигна 3 гола.

Read More