Author: dino

Трансферот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе нема да влијае на плановите на Реал Мадрид за дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис .Реал Мадрид можат да си дозволат да ги договорат двата трансфери, пренесува шпанското онлајн издание „Релово“. Според изворот, Реал останува заинтересиран за Дејвис, но не би сакал да плати повеќе од 40 милиони евра за него. Да потсетиме, претходно беше објавено дека Баерн му нуди на Алфонсо Дејвис да го продолжи договорот до 2029 година. Беше забележано дека доколку Канаѓанецот не ја прифати понудата на тимот од Минхен, ќе биде ставен на трансфер листа. Дејвис оваа сезона учествуваше…

Read More

Бразил денеска ќе има меч со Шпанија под слоганот –  „Една кожа“ како дел од кампањата против расизмот. Фудбалерот на Бразил и на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, пред натпреварот зборуваше за расизмот со кој се соочува во Шпанија. Тој вели дека ја губи „желбата“ да игра фудбал. 23-годишниот плачеше додека одговараше на неколку прашања за расизмот. „Тоа е нешто многу тажно низ што поминував. Тешко е. Против тоа се борам долго време. Направив толку многу официјални жалби но, никој никогаш не е казнет“ – вели Винисиус.

Read More

Бидејќи последната трка беше откажана поради лошото време во Австрија, Mарко Одермат ја задржа предноста и ја освои четвртата титула во сезоната.  Тој е првиот скијач по Австриецот, Херман Маер, (2001 година) кој освоил четири глобуси во една сезона. Одермат рече дека би сакал да имаше можност да се „бори“ со Саразин во последната трка во спуст но, тоа не се случи. „Секако, многу е чудно да се освои глобус по толку тесна битка со Киприен. Двајцата ќе бевме подготвени. Мислам дека тоа беше фер одлука за спортот иако ние би сакале да се бориме на патеката“ – изјави Одемарт.

Read More

Одбојкарите на Штип УГД го искористија домашниот терен и успеаја за прв пат во историјата да го освојат победничкиот пехар во Купот на Македонија. Тие денеска во финалето го совладаа составот на Струмица со 3:2 (22:25, 25:22, 19:25, 25:21, 15:13). Во победничкиот состав се издвои Задмард со 26 поени. Претходно во женското финале одиграно на истата локација, Струмица првпат во клупска историја се израдува на трофејот откако славеаше против Јанта Волеј со 3-0 (25-20, 25-12, 25-14). Најдобра во победничкиот состав беше Душка Здјелар со 15 поени. Ќе нагласиме дека на завршниот турнир во Купот од активно судење се прости нашиот…

Read More

19-годишниот фудбалер на Барселона, Фаје, го привлече вниманието на Манчестер Јунајтед, Баер Леверкузен и Интер, објави денеска – „Дејли Меил“. Скаутите на Јунајтед три месеци го следат напредокот на талентираниот фудбалер. Германците и Италијанците исто така имаат доволно податоци за него. Фаје се пресели кај Каталонците во летото 2023 година за 1,5 милиони евра од хрватскиот клуб Кустошија. Тој има договор до 2027 година а неговата трансферната сума е околу  25 милиони фунти. Сенегалецот одигра 24 натпревари за вториот тим на Барса и успеа да постигне 3 гола.

Read More

Шпанскиот возач на Прима Прамак, Хорхе Мартин, ја забележа првата победа во тековнава сезона во најсилната класа во Мото Гран При шампионатот. Тој доминираше на трката за Големата награда на Португалија и сосема заслужено прв помина низ целта. Второто место на подиумот го пополни, Енеа Бастијанини, додека третото го обезбеди најпријатното изненадување, дебитантот, Педро Акоста, со моторот на Ред Бул Гас. Од четвртото до 10-то место се пласираа: Бред Биндер, Џек Милер, Марко Бецеки, Фабио Квартараро, Алеиш Еспаргаро, Мигел Оливеира и Фабио ди Џанантонио. Мартин од денеска е лидер во генералниот пласман со 60 бодови пред Биндер кој има 42…

Read More

Во заедничката изјава фудбалерките од Холандија апелираа до Фудбалскиот сојуз на Кралството Холандија, клубовите и спонзорите да ја поправат ситуацијата. Се забележува дека мнозинството професионалки не земаат целосна плата туку само додаток за трошоци.  „Сакаме да можеме да живееме од фудбалот за да можеме да живееме од играта. Не ни требаат милиони, бараме минимална плата. Сакаме да бидеме професионалци, наведуваат фудбалерките во Холандија во нивната објава.

Read More

Возачите на Ферари обезбедија 1-2 победа на трката во Формула 1 возена за Големата награда на Австралија. Карлос Сајнц помина прв низ целта пред неговиот тимски колега Шарл Леклер и Ландо Норис од Мекларен. Меѓу првите 10 место обезбедија и Оскар Пијастри, Серхио Перез,  Ленс Строл, Јуки Цунода, Фернандо Алонсо, Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен. По три сезонски трки во генералниот пласман лидер е Верстапен со 51 бод кој денеска се повлече од патеката. Го следат Леклер со 47 и Перез со 46 бодови. Наредните возбудувања во Формула 1 се закажани за крајот на месецов во Јапонија на патеката –„Сузука“.

Read More

Првиот голман на нашата „А“ фудбалска селекција, Столе Димитриевски, вели дека го очекува посебен меч против Црна Гора на подготовките во турската, Анталија. „ За мене е специјален меч бидејќи моето деби беше со победа против Црна Гора од 3-1 во Скопје. Мислам дека концентрацијата во финишот на мечот мора да ни биде на повисоко ниво бидејќи често примаме голови во последните 15-20 минути“ – вели Димитриевски. „ Голот со Молдавија кој го примив беше фантастичен и можам да кажам дека таков убав гол немам примено можеби добри пет или шест години“ – потенцираше нашиот репрезентативец пред утрешниот меч.

Read More

Селекторот Благоја Милевски, пред утрешниот меч со Црна Гора на мини подготовките во Анталија, вели дека ќе направи промени во составот во однос на дуелот со Молдавија. „Ќе има промени во составот бидејќи тука сме дојдени за да го провериме потенцијалот на некои играчи – вели Милевски.  „Има ситни проблеми со повреди, па денешниот тренинг ќе ни покаже кој ќе биде подготвен и кој ќе започне“ – потенцираше Милевски пред утрешниот меч од 18 часот.

Read More