Author: dino

Светскиот рекордер во скијачки скокови, Грегор Шлиренцауер, ја заврши професионалната кариера. 31-годишниот Австриец има 53 победи на Светското првенство кое го освои двапати.Тој, исто така, има тимско олимписко злато од Ванкувер 2010. „Последниве неколку месеци беа предизвик за мене, но, од позитивна гледна точка. Повредата ми овозможи да ги гледам животот и кариера од страна. Донесов лесна одлука да се пензионирам откако бев успешен спортист “ – напиша тој на неговата официјална веб -страница.

Read More

Младиот фудбалер на Арсенал, Букајо Сака, може да ја промени клупската средина најавуваат денеска медиумите во Англија. Наводно, шпанскиот Атлетико Мадрид и италијанскиот Јувентус покажуваат дека се заинтересирани за 20-годишниот англиски репрезентативец. Според наведеното,  англискиот тим е подготвен да се раздели со играчот за најмалку  50 милиони евра. Сака кој потекнува од школата на „ топчиите“, во сезонава има реализирано 6 натпревари во сите конкуренции  и постигнато еден гол.

Read More

Ливерпул треба да се обиде да го врати Рахим Стирлинг од Манчестер Сити, тврди Рио Фердинанд, поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и актуелен аналитичар во британските медиуми. Стерлинг беше меѓу играчите поврзани со напуштање на „Етихад“ , но, на крајот остана кај „граѓаните“. Бидејќи фудбалерот од средниот ред нема статус на стартер, Фердинанд проценува дека Ливерпул треба да ја искористи ситуацијата и да го врати. „Долги години тој беше стандарден, но, сега е резерва. Не разбирам што се случи. Да бев во Ливерпул, веднаш ќе го ангажирав“ – вели поранешниот дефанзивец.

Read More

Претседателот на фудбалската федерација, Муамед Сејдини,  заедно со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов,  луѓето од Општина Чаир и видни политичари, денеска ја пуштија во употреба новата трибина на стадионот во Чаир. Таа беше изградена со средства на ФФМ преку УЕФА Хет-трик програмата и со поддршка од општината Чаир. Свечениот чин беше пред мечот меѓу Шкупи и Борец кој му припадна на домаќинот со сигурни 3 спрема 0.

Read More

Поранешниот возач во Формула 1, Ралф Шумахер, не крие дека е изненаден од фактот дека Себастијан Фетел ќе остане на патеките во 2022 година. „Навистина мислев дека ќе се откаже. Во Зандворт, беше многу лошо расположен и навистина мислев дека е подготвен да се откаже бидејќи сака да поминува повеќе време со семејството“ – вели Ралф. „Таа ситуација ми е позната, кога повеќе не се забавувате, патувате а вашето семејство е дома, вие сте сами на патеката и си поставувате разни прашања “ – изјави Ралф Шумахер.

Read More

Јулијан Нагелсман вели дека фудбалерите треба да носат микрофони за да может постојано да комунисираат со тренерите додека трае мечот. Тој како пример ја посочи НФЛ конкуренцијата. „Фудбалот е исклучително традиционална игра додека американскиот фудбал е неверојатно напреднат. Квотербек може да добие совет на теренот од тренерот. Играчите треба да носат микрофони за да можат да разговараат со тренерот”, рече Нагелсман. „Бидејќи нема прекини на мечевите, тренерите може да даваат совети само на полувремето. Публиката прави голема бучава на стадионот“ – вели тренерот на Баерн Минхен.

Read More

Гистикулациите на Кристијано Роналдо во финишот на мечот со Јанг Бојс во Лигата на шампионите кога практично ја презеде улогата на тренер го изнерирале , легендардниот Рио Фердинанд. „Да сум тренер, би му рекол веднаш да седне. Тој е страстен, очајно сака да победи и не може да се воздржи. Мислам дека таа постапка не е во ред“, вели Фердинанд. „Црвените ѓаволи“ го загубија првиот меч во Лигата на шампионите на теренот на Швајцарците со 2 спрема 1 иако Роналдо прв го отвори резултатот.

Read More

Германскиот фудбалски состав Хофенхајм ја обнови соработката со играчот од средниот ред, Денис Гајгер, за уште една година или до 2023-та, објави бундес-тимот. 23-годишниот играч кој потекнува од Академијата на Хофенхајм  пред четири години дебитираше за сениорскиот состав.  Поранешниот капитен на младинската репрезентација на Германија има одиграно 57 натпревари Хофенхајм. Спортскиот директор ,Александар Розен, рече дека развојот на Гајгер во клубот е „исклучителен“ додека самиот фудбалер наведе дека Хофенхајм е идеално место за негов развој.

Read More

Новото засилување на фудбалскиот состав Рајо Валјекано, Радамел Фалкао е убеден дека половина од Колумбиците ќе ги гледа натпреварите на неговиот тим. „Знам дека колумбискиот народ ќе не поддржи Рајо и мене. Се надевам дека ќе донесам голема радост на теренот. На стадионот ќе има многу Колумбијци“ – вели Фалкао. „Имаме големи цели во Ла Лига. Очекувам да помогнам со сето мое искуство. Исто така, се надевам дека ќе постигнам многу голови. Нема да ми треба многу време за да се адаптирам“ – рече Фалкао

Read More

Дефанзивецот на фудбалскиот состав Милан, Фикакио Томори, призна дека не размислува за враќање во неговиот поранешен клуб Челзи. Тој, исто така, изрази надеж дека „росонерите“ во наредните години би можеле да освојат многу трофеи и да ја освојат и Лигата на фудбалските шампиони. „ Враќање во Челзи ? Сега се чувствувам одлично во Милан и го сакам тимот. Сега сум многу среќен. Конечно сме во Лигата на шампионите и можеби можеме да ја освоиме“ – вели Томори.

Read More