Author: dino

Бразилскиот фудбалер, Нејмар, кој го продолжи договорот со ПСЖ до летото во 2025 година, ќе инкасира вкупно 489.228.117 евра, објавија дел од медиумите. Брзоногиот играч кој е запишан како најскапото засилување во историјата на „светците“ и воопшто на фудбалот, пристигна на „Паркот на принцовите“ за огромни 222 милиони евра откако ја напушти Барселона. Големата ѕвезда на францускиот состав сега ќе добива 50,5 милиони евра по сезона .

Read More

Нашите најдобри фудбалери утре во Рејкјавик ги очекува мечот со Исланд во рамките на 5-то коло во квалификациската група за пласман на Светското првенство. Нашиот играч, Стефан Спировски, вели дека сите добро се адаптираат на стилот кој го наметна новиот селектор, Благоја Милевски. „Натпреварот со Ерменија беше прв натпревар со новиот селектор, нови замисли, нови идеи…Мислам дека добро се адаптиравме на стилот на игра кој го практикува, меѓутоа Ерменија добро се бранеше. Ние не ги искористивме тие шанси кои ги имавме, сега сме тука во Исланд да се обидеме да ги надполниме изгубените бодови“- вели Спировски. „Максимално сме подготвени да…

Read More

Тренерот на ракометарите на Загреб, Ивица Орван, во изјавата за Спортско радио 90,3 ФМ, нагласи, дека се соочува со одредени проблеми во тимот пред утрешното финале со Веспрем на Ф4 турнирот на СЕХА во Задар. „Значајно беше дека вчера победивме против фаворитот. Одигравме многу подобро во нападот за разлика од двата меча со Вардар. Функционираше играта еден на еден и нашите бекови  беа расположени. Сега ќе ни биде многу тешко со Веспрем кој е главниот фаворит на турнирот“ – вели Обрван. „Останавме без Матиќ, Срна и Сандро, значи сите три леви бека ни се во аут. На таа позиција го…

Read More

Фудбалскиот репрезентативец на БИХ, Миралем Пјаниќ, откако ја напушти Барса и направи трансфер во Бешикташ,  без влакна на јазикот ја објасни неговата ситуација во редовите на Каталонците. „Почнав две недели подоцна и тренирав сам. Поминаа еден, два три, пет, десет дена а Куман не дојде да зборува со мене. Не ме претстави пред тимот што вообичаено го прават сите тренери. Не играв и не ми кажуваше зошто не играм“ – изјави Пјаниќ. „Играв по 5-10 минути или ќе се загревав цело полувреме и немаше да влезам. Никогаш не сум видел некој тренер да води екипа како што тоа го прави…

Read More

Хуан Роман Рикелме, прославениот фудбалер на Бока Јуниорс, Вилјареал и Барселона,  верува дека ПСЖ со ангажманот на Лео Меси има голема шанса да ја освои Лигата на шампионите. „Ако ПСЖ со Меси не ја освои Лигата на шампионите, никогаш нема да победи. Меси е најдобар затоа што сака да игра со топка“  – рече Рикелме кој ја извршува функцијата потпретседател на Бока Јуниорс. „Мислам дека Меси ќе ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ а потоа ќе се пензионира во Барселона“ – потенцираше Рикелме.

Read More

Ракометарите на Тинекс Пролет денеска од 17.30 часот ќе го одиграат реваншот со Гранолјерс во рамките на квалификациите за второто по ранг натпреварување на ЕХФ. Откако Шпанците вчера славеа убедливо со 36 спрема 21, јасно е дека денешниот дуел ќе има само формален карактер и дека избраниците на тренерот, Андон Бошковски, тука ќе го завршат патот низ Европа. Во договор на двата тима двете средби се реализираат на теренот на Гранолјерс. Ќе потсетиме дека Македонија во Лигата на Европа во новата сезона ќе го има само Еурофарм Пелистер кој директно обезбеди место во групната фаза.

Read More

Ракометарите на Веспрем ја оправдаа фаворитската улога и го совладаа Мотор Запорожје во второто полу-финале на Ф4 турнирот на СЕХА кој се реализира во Задар. Унгарците уште во првиот дел направија големи шест голови предност и со рутинска игра во вториот дел ставија печат на пласманот во големото финале. Најефикасен во таборот на унгарскиот тим беше Гаспер Маргуч кој постигна девет голови додека нашиот Дејан Манасков даде два гола. Веспрем во решавачкиот меч за победничкиот пехар во СЕХА ќе се соочи со ППД Загреб кој претходно го совлада Мешков Брест по изведувањето на пеналите. Мечевите за конечен пласман ќе бидат…

Read More

Ракометарите на Загреб го совладаа Мешков Брест по изведувањето на пеналите со 38 спрема 37 и изненадувачки влегоа во големото финале во СЕХА лигата. Тренерот на Загреб, Ивица Обрван, не го крие задоволството. „Мислам дека имаше добар меч од страна на двата тима. Полувремето беше изедначено. Вториот дел го отворивме добро, но поради недостиг на ротација Брест не стигна. Решија пеналите кои се секогаш рулет“ – вели Обрван. „Што се однесува до пеналите, среќата беше на наша страна. Сепак, мислам дека со нашата борба и желба во сите 60-ет минути ја заслуживме победата“ –изјави голманот на Загреб, Дино Славиќ.

Read More

Марсел Сабицер кој во последните денови од преодниот рок потпиша за Баерн Минхен, денеска го одработи првиот тренинг во дресот на Баварците. Тој  се наметна еден од најдобрите играчи за врска во Бундес-лигата во дресот на Лајциг и во последен миг од преодниот рок се пресели во Минхен. Австриецот поради повреда ќе мора да ги прескокне септемврските квалификации за Мундијалот. Денешните активности на искусниот фудбалер беа споделелни и преку социјалните мрежи од страна на неговиот нов тим.

Read More

Шпанскиот фудбалски интернационалец, Самуел Кастилјехо, најверојатно ќе го напушти Милан и ќе направи трансфер во ЦСКА Москва, пренесуваат денеска дел од тамошните медиуми. Бидејќи трансфер пазарот во Русија е отворен до 7 септември, тимот од Москва интензивно преговора со „росоенрите за трансфер на Шпанецот. Според наведеното, брзоногото крило ќе замине на позајмица со задолжителен откуп за сума од 8 до 10 милиони евра. Во рускиот шампионат треба да остане најмалку една година.

Read More