Author: dino

Олимписката фудбалска репрезентација на Германија го напушти теренот на пет минути пред крајот на дуелот со Хондурас поради расистички навреди. Станува збор за пријателски натпревар како дел од подготовките пред настапот на Олимписките игри во Токио. Мета на расистички навреди се најде 23-годишниот фудбалер на на Херта, Џордан Торунарига по што неговите соиграчи во знак на солидарност веднаш го напуштија теренот.

Read More

Десниот бек на ПСЖ, Ашраф Хакими, се заразил со Ковид-19 и ќе мора да ги пропушти подготовките за новата фудбалска сезона. Тоа значи дека десниот бек нема да му биде на располагање на тренерот, Маурисио Почетино, за натпреварот против Лил на  1 август во францускиот Супер-куп. Ќе потсетиме дека Мароканецот беше купен во теков на летово од Интер како големо засилување во дефанзивата линија на „светците“.

Read More

Фудбалскиот репрезентативец на Франција, Оливие Жиру, денеска беше претставен како засилување за екипата на Милан. Тој во изминатите десетина година играше во Премиер-лигата во екипите на Арсенал и Челзи. Напаѓачот кој во претходните три сезони играше за „сините“  од Лондон, на 119 меча постигна 39 голови. Корпулентниот фудбалер во редовите на „росонерите“ ќе го носи дресот со бројот – 9.

Read More

Капитенот на фудбалската репрезентација, Горан Пандев и поранешниот селектор, Игор Ангеловски, имаа прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, кој им додели благодарници за досегашните успеси и за сите позитивни емоции кои ги предизвикаа кај целокупната нација со настапот на ЕП. „Европското е голем успех за секоја репрезентација особено за нашата. И покрај големите остварувања во мојата долгогодишна фудбалска кариера, за мене настапот на европско првенство со мојата репрезентација е моментот кој го чекав сите овие години“ – истакна Пандев. „Тимот докажа дека кога има разбирање има и успех. Покажавме дека сме мала земја со големо…

Read More

Денеска во просториите на ракометната федерација беа извлечени двојките за новата сезона во Супер-лигата. Првото коло ќе го донесе дербито Металург – Пролет додека бранителот на титулата Вардар 1961 ќе го пречека новиот супер-лигаш, Скопје. На другите терени ќе играат: Радовиш-Струга, Охрид-Тиквеш, Еурофарм Пелистер со вториот тим на Битолчани и Бутел против Прилеп.  Регуларниот дел ќе заврши до крајот на февруарив во 2022 година по што се продолжи со плеј-аут и плеј-оф во кој екипите ќе ги пренесат бодовите.

Read More

Англискиот состав Манчестер Јунајтед  го претстави новиот дрес за наредната сезона. Истиот е во ретро стил со црвена боја и бела нијанса на ракавите во горниот дел. Дизајнот на „Адидас“ потсетува на дресот на Манчестер Јунајтед од шеесетите години од минатиот век. На предниот дел го има  новиот спонзор на клубот. Тоа е германската ИТ компанија – „TeamViewer“ која за пет години ќе им плати на „црвените ѓаволи“ 250 милиони фунти или 48 по сезона.

Read More

Шпанскиот фудбалер, Серхио Рамос, кој влезе во трениг процес со ПСЖ, изјави дека Нејмар го убедил да се пресели во редовите на францускиот состав. „Со Нејмар контактираме  шест-седум години иако тој играше за Барса а јас за Реал. Истото се однесува и за Ди Марија и Кејлор Навас со кои останавме пријателиоткако си заминаа од Реал“ – вели дефанзивецот. „Искрено, Нејмар ме убеди да дојдам тука.  Воедно, Леонардо и Ал Келаифи ме запознаа дека имаат фантастичен проект“ – изјави долгогодишниот капитен на „кралевите“ кој сега ќе биде во ѕвездениот тим на ПСЖ.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Милан Ристовски, го напушти составот на Ријека и се врати во екипата на Спартак Трнава. „Сакам да му се заблагодарам на мојот поранешен клуб Ријека, поминав четири години тука. Сега е време за промени, среќен сум што ќе бидам повторно дел од Спартак Трнава“ – потенцираше Ристовски. Македонскиот интернационалец претходно за  словачкиот тим има одиграно 12 средби на кои забележа 5 голови.

Read More

Англискиот фудбалски состав, Арсенал, се приклучи во трката за потписот на 23 годишниот напаѓач на Челзи, Тами Абрахам. Се претпоставува дека трансферната сума ќе се движи околу 40 милиони фунти. Весникот – „Телеграф“ , тврди,  дека „топчиите“  ќе се обидат да ја покријат бараната сума. Претходно за младиот фудбалер беа заинтерсирани и неколку екипи од Серија „А“ и од Премиер-конкуренцијата.

Read More

Новиот тренер на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, потенцира дека одлично ги познава квалитетите на Давид Алаба кој треба да биде значајно засилување за „кралевите“ во новата сезона. Италијанецот му беше тренер на репрезентативецот на Австрија додека седеше на кормилото на Баерн Минхен. „Алаба има огромно фудбалско знаење и интелигенција. Тој стана врвен централен дефанзивец. Добивме комплетен играч кој може да одговори на повеќе позиции“ – потенцира италијанскиот тренер на клупата на „кралевите“.

Read More