Author: dino

Откако легендарниот голман на фудбалскиос состав Јувентус и на селекцијата на Италија, Џанлуиџи Буфон, објави дека ќе стави крај на богатата кариера, медиумите на „Чизмата“ се обидоа да ја откријат причината за неговиот потег. Според наведеното, 43 годишниот ветеран  донел тешка одлука бидејќи бил разочаран од третманот што го имал од страна на неговиот пријател, Андреа Пирло,  со кого освои речиси се во професионалната кариера. „Газета дело Спорт“, тврди, дека Буфон очекувал многу поголема минутажа и респект од тренерот на „старата дама“ и дека тоа е една од причините за неговото повлекување во пензија.

Read More

Македонската кошаркарска федерација оддржа прес-конференција по повод завршницата на  Купот – „Благоја Георгиевски-Буштур“ во машка конкуренција кој ќе се игра во периодот од 14. до 16. мај, во СРЦ „Кале“ во Скопје. ЧЕТВРТФИНАЛЕ – 14. МАЈ 12.00: Пелистер – Навико ФМП Академија (1) 14.30: Работнички – ТФТ (2) 17.00: Еуро Никел 2005 – Гостивар (3) 19.30: МЗТ Скопје Аеродром – Куманово 2009 (4) ПОЛУФИНАЛЕ – 15. МАЈ 17.00: Победник 1 – Победник 4 (5) 19.30: Победник 2 – Победник 3 (6) ФИНАЛЕ – 16. МАЈ 17.30: Победник 5 – Победник 6

Read More

На еден месец пред дебитантскиот настап на нашата репрепрезентација на ЕП 2020 година, Комерцијална банка ќе обезбеди значајна поддршка за ФФМ за нови успеси и заеднички победи. Првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини рече дека репрезентацијата добива уште еден горд поддржувач „Најдобрата македонска банка заедно со најдобрата фудбалска репрезентација. Среќни сме што преку оваа соработка со Комерцијална банка, имаме можност да ја продолжиме убавата приказна поврзана со учеството на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство“ – изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини. „Веруваме дека македонскиот фудбал има во себе магија и моќ да поттикне нови успеси и заеднички победи. Тоа…

Read More

Фудбалерите на Челзи во наредниот периoд ќе бидат пред големи искушенија како во домашни така и во меѓународни рамки. Тие ќе ги одиграат финалните мечеви во Лигата на шампините и во ФА Купот на Англија и воедно ќе се борат да завршат во Топ 4 во Премиер лигата. Тренерот на „сините“ Томас, Тухел, вели дека  претстојат неколку возбудливи недел и дека програмата ќе биде максимално збиена. „Ние имаме фантастични резултати во последниве три недели. Имаме големи цели. Време е да го направиме наредниот чекор и да ја завршиме сезоната на најдобар начин“ – потенцираше Тухел. .

Read More

Португалскиот фудбалски стратег, Жозе Мурињо, во последното интервју нагласи, дека темелно истражувал во врска со Рома пред да ја прифати понудата да го наследи Паоло Фонсека во текот на летото. „Кога донесувам значајна одлука, се обидувам да се осигурам дека ги имам на располагање сите достапни информации. Тоа е најдобрата тактика и ти треба време да смислиш сè.“ – вели Мурињо. „Значајно е да се фокусираме на основите и на тоа како ќе се подготвуваме. Секогаш треба да бидеме насочени кон професионалните одговорности“-  вели „специјалниот“ кој во наредната сезона ќе седи на кормилото на „римската волчица“.

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Ливерпул, Садио Мане, ја опиша тековната сезона како најлоша во неговата кариера. Во претходните три, Африканецот секогаш постигнуваше најмалку 20 голови а сега има само 14. Тој се обиде да ја открие причината за лошата форма и се подлегна на разни тестови за да види дали има здравствени проблеми. „Ако ме прашате што е проблемот, ќе ми биде тешко да одговорам. Јас самиот не се препознавам. Поминав дури и специјални тестови на телото. Дали јадам вистинската храна или има нешто променето?, резултатите беа в ред. Само треба да прифатам дека има подеми и падови во животот.…

Read More

Веселин Вујовиќ ќе го предводи РК Вардар 1961 во претстојната сезона 2021/22, пишува денеска специјализираниот портал – „Хендбол Планет“ повикувајќи се на сопствени извори. Искусниот тренер кој сега седи на клупата на Борац Бања Лука во БИХ, ќе го замени Стевче Алушовски кој најави дека ќе ги напушти „црвено-црните“ на крајот сезоната. Ќе потсетиме дека Вујовиќ претходно беше тренер на Вардарци во период од 2006 до 2009 и од 2011 до 2013 година.

Read More

Македонскиот Олимписки Комитет денеска организираше средба со новинарите по повод големиот успех на Дејан Георгиевски кој успеа да обезбеди норма за летните олимписки игри во Токио и ќе ја претставува нашава земја во Таеквондо. Задоволството од постигнатиот успех го нагласи првиот човек на МОК, Даниел Димевски. „Ние како олимписки комитет препознавме квалитет и затоа се погриживме да ги обезбедиме сите услови за ваков врвен резултат. Морам да кажам дека тоа ќе продолжи и во иднина и дека експедиција ќе биде максимално поткрепена логистички“ – потенцираше Димевски. „Јас живеев за најголемото спортско натпреварување и сонот ми се оствари. Не сакам само…

Read More

Фудбалерите на Челзи успеаа да поминат триумфално на теренот на Манчестер Сити откако направија комплетен пресврт и победија со 2 спрема 1. Победничкиот гол го постигна Алонсо по асистенција на Тимо Вернер кој во последно време добива серија на критики поради слабите партии. Сепак, во негова одбрана застана тренерот, Томас Тухел. „ Сите го критикуваа Тимо, но, неделава одлично се покажа во одредени ситуации. Начинот на кој работи на теренот е фантастичен. Тој секогаш сака да даде повеќе со неговите спринтови“ – потенцираше Тухел.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, по победата од 2:0 против Саутемптон, истакна, дека неговиот клуб е се уште во игра за пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона. „Црвените“ до крајот на првенството ќе имаат натпревари со Манчестер Јунајтед, Барнли, ВБА и Кристал Палас. „Ако освоиме 12 бодови мислам дека тоа ќе биде доволно да се пласираме во Лигата на шампионите. В четврток ќе играме со Манчестер Јунајтед а нивниот распоред е пренатрупан. Верувам дека ќе мора да направат ротации“ – вели Клоп. „На другите мечеви ќе видиме какви амбиции ќе имаат тимовите или дали некој од…

Read More