Author: dino

NBA

Пол Пирс очекува Далас да го елиминира тимот на Лос Анџелес Клиперс на стартот на плеј-оф натпреварите во НБА лигата.  „Погледнете само што прави Дончиќ. Знаеме се и за Ирвинг. Веројатно најдобар во играта еден на еден“ – вели Пирс. „Далас ги има сите компоненти  за да стигне до финалето. Верувам дека Маверикс имаат шанса“ – вели поранешниот кошаркар а сега тренер.

Read More

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, учествуваше на настанот кој се одржа во седиштето на КОНМЕБОЛ во Парагвај. „Имаме проблем со расизам во нашето општество кој е многу сериозен. Ќе разговараме за тоа на Конгресот на ФИФА во Бангкок за неколку недели“ – вели Инфантино. „Винисиус и другите се предмет на неосновани напади дури и сега во 2024 година. Мора да бидеме одлучни по тоа прашање, како што мора да бидеме одлучни и во борбата против насилството“ – вели првиот човек на светскиот фудбал.

Read More

Фудбалерите на Рома доцна синоќа славеа на теренот на Милан со 1-0 во првиот меч од 1 / 4 финалето во Лига Европа. Нивниот тренер, Даниеле Де Роси, имаше само пофални зборови за играчите.   „Беа одлични, моите играчи вложија многу труд . Покажавме зрелост во играта и голема самодоверба.  Сите сме среќни за победата“ – потенцираше тренерот на „волчицата“ за  официјалната веб-страница на УЕФА. Реваншот меѓу двата италијански тима ќе биде одигран на 18 април на стадионот – „Олимпико“ во Рим.

Read More

Нашата женска тениска селекција со победа ги стартуваше мечевите во БЏК Купот откако во воедното коло ја совлада Естонија со 2 спрема 1.Триумфот го обезбедија Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска во игра на двојки откако ги победија Kанепи и Неел со 2-0 по сетови 6:3 и 6:2. Што се однесува до мечевите во сингл, Стоилковска загуби од Малигина во два сета додека Ѓорческа беше подобра од Канепи со 7-6 и 6-4. Нашите тенисерки во наредното коло ќе ги очекува меч со Хрватска.

Read More

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, вели дека целиот тим одиграл лошо на гостувањето кај Манчестер Јунајтед во викенд дербито на Премиер-лигата. „Црвените“ иако имаа предност од 1-0, на крајот мораа да спасуваат реми. „Тоа се случи по наша вина. Моравме да водиме со 2-0 на полувремето. Имавме се под контрола и навистина е штета“ – вели корпулентниот фудбалер. „Се чувствувам како да сме загубиле. Промашивме многу шанси а грешките се дел од играта“  – рече меѓу другото стоперот на Ливерпул.

Read More

Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, денеска на програмата на Спортско радио 90,3, проговори за 18 –от Европски конгрес на „FIEPS EUROPE“ и 6-та научна конференција –Истражување во физичкото образование, спортот и здравјето. „Станува збор за голем настан кој треба да донесе одредени заклучоци кои ќе бидат корисни за спортот и општеството. Ќе има неколку значајни теми за обработка меѓу кои верувам дека поголем простор  за дискусија ќе добијат  – Спортскиот менаџмент и соработката со медиумите како и Спорт и туризам. Секако, значајно е да се разгледа холистичкиот пристап во предучилишното физичко образование како и…

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Маурисио Покетино, вели дека е презедоволен со вчерашната победа против Манчестер Јунајтед со 4-3 . Неговиот тим влезе со негатива во судиското продолжение но, успеа да направи голем пресврт и да освои нови бодови во Премиер лигата. „Среќен сум затоа што мислам дека заслуживме да победиме. Мислам дека беше тешко иако генерално бевме подобриот тим“ – изјави веднаш по мечот Аргентинецот.

Read More

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го коментираше вчерашниот поразот од Челзи со 4-3 во натпревар од 31. коло на англискиот шампионат. „За неутралните гледачи тоа беше неверојатен меч. Манчестер Јунајтед доминираше но, направивме некои грешки кои не чинеа резултат“ – вели Холанѓанецот. „Ми се допадна како играше мојот тим. Мора да имаме високи стандарди ако сакаме да се натпреваруваме за пласман во Лигата на шампионите“ – изјави Тен Хаг

Read More

Возачот на Ферари Шарл Леклер, ќе вози со поесбна кацига во Јапонија која ќе биде посветена на неговиот тимски колега, Жил Бјанки. Поранешниот возач во Ф1 почина во 2015 година откако доживеа фатална несреќа на патеката – Сузука. Французинот му бил близок пријател и кум на Леклер.   „Толку многу спомени што никогаш нема да ги заборавам. Ми недостигаш и ќе направам се што е можно за да ја донесам оваа кацига на највисокото скалило на подиумот в недела“, напиша Леклер

Read More

Екипата на Вилијамс во Формула 1, објави дека Логан Сарџент нема да настапи на вториот слободен тренинг пред трката за Големата награда на Јапонија. Тој на патеката – „Сузука“ доживеа тешка несреќа во првото возење. Тимот потврди дека е оштетена суспензијата и менувачот но, не и шасијата. Вилијамс нема резервен болид и затоа ќе се обиде да го поправи возилото за саботните квалификации.

Read More