Author: riste

Холандскиот напаѓач Коди Гакпо проговори за неговата претстојна работа со тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Претходно англискиот клуб го потврди трансферот на напаѓачот. „Навистина сум возбуден што ќе бидам дел од овој клуб. Секогаш го гледав на телевизија и читав некои вести за стилот на игра и каква личност е тренерот Клоп. Со нетрпение го очекувам моментот кога ќе почнам да соработувам со тренерот“, беа зборовите Гакпо за официјалниот сајт на Ливерпул. Според новинарите, Ливерпул ќе платат нешто повеќе од 42 милиони евра за играчот, а земајќи ги предвид бонусите оваа сума може да порасне до 50 милиони евра. Договорот…

Read More

Играчот од средниот ред на ПСЖ, Марко Верати го продолжи договорот со францускиот клуб до 2026 година. Ова го соопшти прес-службата на тимот. Верати дојде во ПСЖ од Пескара во 2012 година. За десет сезони во Париз учествуваше на 398 натпревари, постигна 11 голови и даде 48 асистенции. Претходниот договор на 30-годишниот Марко Верати со ПСЖ беше со важност до јуни 2024 година. На 15 натпревари од францускиот шампионат, тимот освои 41 бод и води на табелата. Претходно беше објавено дека спортскиот директор на парижаните, Луис Кампос, е во преговори за продолжување на договорот со уште неколку играчи – Серхио…

Read More

Новото холандско засилување на Ливерпул Коди Гакпо откри како неговиот сонародник Вирџил ван Дајк го убедил да се согласи на преселба во англискиот клуб. Ван Дајк настапува за Ливерпул од јануари 2018 година. „Во последните неколку дена разговаравме многу по телефон. Вирџил ми кажа дека сега преселбата во Ливерпул е вистинскиот чекор во однос на развојот на кариерата. Тој објасни дека клубот е големо семејство и за мене тоа е важно. Ван Дајк ми кажа само добри работи. Мило ми е што знам дека и тој е во Ливерпул може да ми помогне во некои работи. Благодарен сум на тимот…

Read More

Норвешкиот напаѓач во екипата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, благодарение на двата гола против Лидс, го надмина својот татко Алфа-Инге по голови постигнат во Премиер лигата. Да потсетиме, „граѓаните“ го победија „Лидс“ со резултат 3:1 во натпреварот од 17. коло на англиската Премиер лига. 22-годишниот Норвежанец веќе постигна 20 гола во актуелната сезона од англискиот шампионат и го собори рекордот на својот татко кој имаше 18 постигнати голови. На таткото на Ерлинг Халанд му беа потребни 181 натпревар. Ерлинг тоа го направи на само 14 средби. Да потсетиме, покрај 20 гола, на 14 натпревари Ерлинг Халанд оваа сезона во Премиер…

Read More

Крилниот напаѓач на Астон Вила , Филипе Кутињо ќе се врати во родниот Бразил, откако не успеа да ја продолжи соработката со Астон Вила. Според шпанскиот „Sport.es“, фудбалерот сака да се пресели во Сао Паоло за да се приклучи на локалниот Коринтијанс. Кутињо е во Астон Вила од јануари 2022 година. Првите шест месеци Бразилецот играше за клубот на позајмица, а летото беше целосно префрлен од Барселона за 20 милиони евра. Играчот може да се пресели во Коринтијанс на позајмица оваа зима, бидејќи тренерот на Астон Вила, Унаи Емери не смета на играчот. Една од главните причини зошто Кутињо ќе…

Read More

Челзи упатил понуда до Бенфика за Енцо Фернандез во висина од 130 милиони евра, информира португалскиот „Рекорд“. Сумата е дури 10 милиони повеќе од вредноста на ослободителната клаузула вградена во договорот на Аргентинецот. Уште пред Божиќ излезе информација дека португалскиот клуб одбил понуда од Англија во висина од 100 милиони евра за Фернандез. Исто така беше објавено дека оваа понуда била дадена од Њукасл. За Фернандеш заинтересирани се и Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити. Ставот на Бенфика во моментов е дека клубот сака да го задржи Фернандез барем до крајот на сезоната. Желбата на Челзи е да го доведе…

Read More

Српскиот тренер Драган Николиќ (50 години) од денеска е нов тренер на МЗТ Скопје, откако потпиша договор до крајот сезоната со можност за продолжување на уште една. Николиќ е добро познато име за македонската спортска јавност, со оглед што во сезоната 2016/17 повеќе од успешно го предводеше тимот на Карпош Соколи во АБА-лигата, каде што по стартот со осум порази по ред на крајот дојде до десет триумфи за пласман кон средината на табелата. „Соколите“ со Николиќ на клупата таа сезона дојде до историски триумф во Купот на Македонија и беше ривал на МЗТ Скопје во битката за шампионската титула.…

Read More

Кошаркарската федерација на Македонија на посебна свеченост ги прогласи најуспешните кошаркари и кошаркарки за 2022 година. Епитетот најдобар кошаркар му припадна на Војдан Стојановски, додека признанието за најдобра кошаркарка го доби Александра Стојановска. Исто така КФМ ги избра и најуспешни клубови, тренери и спортски работници за изминатава година. Епитот најдобар клуб во сениорска конкуренција го понесе КК МЗТ Скопје Аеродром, додека во женската конкуреција истиот и припадна на ЖКК Баскет Кам. Признанијата за најдобри тренери ги добија Александар Петровиќ во машка и Александар Ашаданов во женска конкуренција. НАЈДОБРИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА КОШАРКА ЗА 2022 ГОДИНА ⋅ Најдобар кошаркар: Војдан Стојановски ⋅ Најдобра кошаркарка: Александра…

Read More

Голманот на Аргентина и Виљареал, Џеронимо Рули би можел да се пресели во Ајакс, објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер. Според изворот, клубот од Холандија планира да потпише со нов голман во јануари, а Рули е кандидат број еден на листата на нивни желби. Аргентинскиот голман е клучен играч на Виљареал, но Ајакс веќе започнал разговори со играчот. Рули стана победник на Светското првенство како дел од репрезентацијата на Аргентина, но не учествуваше на натпреварите на турнирот. Оваа сезона 30-годишниот голман одигра 14 натпревари за Виљареал и седум пати ја чуваше неговата мреже недопрена. Трансфермаркт го вреднува голманот со 10…

Read More

Францускиот шампион Пари Сен Жермен е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба, пренесуваат медиумите од Франција. Парижаните се надеваат дека ќе го убедат 21-годишниот Французин да се приклучи на тимот. Договорот на дефанзивецот со „Топџиите“ истекува следното лето. Арсенал, пак, има опција да го продолжи договорот на една година, но клубот допрва треба да преговара со играчот за тоа. Сезонава Вилијам Салиба има 2 гола и 1 асистенција на 17 натпревари за лондончани во сите натпреварувања.

Read More