Author: riste

Денеска во Скопје се одржа Интернационален Биатлон Форум во организација на Биатлон федерацијата на Македонија. На дневен ред беа поставени неколку панел дискусии на различни теми: Уривање на стереотипите во спортот, професијата, еднаквоста на половите, значењето на рамноправноста, улога на невладиниот сектор, влијанието на тренерите и учеството на лица со посебни потреби во општеството и спортот. Пред присутните гости и учесници проговорија и Кочо Кираца преседател на Биатлон федерацијата, Оле Далин првиот човек на ИБУ, Славица Грковска вице-премиер, Министерите Оливер Спасовски и Славјанка Петровска, првите луѓе на МОК и АМС, Даниел Димевски и Наумче Мојсовски како и Кејт Брнз Амбасадор…

Read More

Александар Трајковски и Енис Барди, заедно со селекторот Благоја Милевски, ќе добијат дипломатски пасоши од Министерството за надворешни работи. „Навистина сме благодарни за овој гест. За нас претставува голема чест што добивме дипломатски пасоши. Ние се обидуваме да се одолжиме со добри настапи на терен. Убаво беше да се почувствува поддршката на плоштадот. Не сме направиле ништо, ќе гостуваме во Португалија за да покажеме дека можеме да постигнеме големи нешта“, рече Трајковски. Енис Барди е вториот фудбалер кој добива дипломатски пасош, а з атоа рече: „Благодарам за ова што го направи државата за нас. Очекувам во иднина дека и останатите играчи ќе бидат во наша позиција. Сега…

Read More

Македонските фанови, кои што се подготвени да ги бодрат нашите репрезентативци на историскиот натпревар со Португалија во Порто, конечно ги добија посакуваните вести. Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека од денес започнува со продажба на билети за финалниот натпреварот од баражот за Светско првенство. Преку официјалниот партнер за продажба на билети „Mk Tickets“ македонските фанови до парчето хартија кое што го посакуваат ќе може да стигнат за цела од 820 денари. Натпреварот меѓу Португалија и Македонија се игра на стадионот на Порто „Драгао“, кој ќе биде исполнет до последно место, откако домашните навивачи за само неколку часа ги купија сите влезници. Финалниот натпревар од баражот за Мундијал во Катар…

Read More

Mакедонските репрезентативци Енис Барди и Александар Трајковски, како и селекторот на фудбалската репрезентација Благоја Милевски, ќе добијат дипломатски пасоши од Министерството за надворешни работи, на денешниот брифинг соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи. „Денес во Министерството за надворешни работи на Трајковски, Барди и селекторот Милевски ќе им бидат врачени дипломатски пасоши. Тие сега се наши најважни амбасадори и заслужуваат дипломатски пасош. Се надевам ќе продолжат да нè радуваат и во натпреварот со Португалија“, изјави министерот Бујар Османи. Двајцата фудбалери и селекторот своите дипломатски пасоши ќе ги добијат по брза постапка и веќе од денес ќе ги имаат во своите раце. Македонија одигра херојски натпревар против Италија во Палермо и…

Read More

Пливачката федерација на Македонија денес ги прогласи најуспешните пливачи за 2021 година. Според постигнатите резултати во 2021 година за најуспешни беа прогласени следните пливачи во одредени категории: Најуспешни се следните пливачи: Најуспешен пливач во Сениорска категорија за 2021 – Мажи Деркоски Филип П.В.К.Орион Најуспешен пливач во Сениорска категорија за 2021 – Жени Крстевска Миа П.В.К.Орион Најуспешен пливач во Младинска категорија за 2021 – Мажи Стојановски Андреј ПК Нептун Најуспешен пливач во Младинска категорија за 2021 – Жени Дамјанова Софиа ПК Вардар 2018 Најуспешен пливач во Кадетска категорија за 2021 – Мажи Ѓуретановиќ Никола ПК Вардар 2018 Најуспешен пливач во Кадетска…

Read More

Фудбалските репрезентативци ветија, односно посакаа и исполнија. Пред натпреварот со Италија посакаа со победа да му го честитаат роденденот на селекторот Благоја Милевски кој наполни 51.година, а како роденденски подарок од своите избраници доби историска победа против Италија и пласман во финале од баражот за СП во Катар. Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а имаше и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден! Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, денес ќе…

Read More

Македонските фудбалери го направија она што најмногу го посакуваа, а тоа е да го напуштат Палермо како победници и буквално ја расплакаа Италија во срцето на Сицилија. Голот на Александар Трајковски во судиското надополнување ги разочара фановите на репреезентацијата на Италија, а од друга страна и донесе многу радост на Македонија. Поранешниот фудбалер на Палермо имаше кратка посвета на голот на кариерата. „Ова е за моето семејство и за цела Македонија!“, порача Трајковски на социјалните мрежи. Вечерва нашата фудбалска експедиција се враќа во Скопје, а потоа следува подготовка за мечот со Португалија кој го играе во вторник во Порто…

Read More

Рома за својот голгетер Тами Абрахам одреди цена од 120 милиони евра, пишува „Дејли мејл“. Англискиот репрезентативец минатото лето се пресели во Рома од Челзи за 40 милиони евра и има одлична сезона со 23 гола на 37 натпревари. Настапите на Абрахам предизвикаа интерес кај англиските клубови и некои од водечките тимови ќе се обидат да го вратат во Премиер лигата. Во Италија вчера се појави информација дека Манчестер Јунајтед размислува за понуда за него. Рома ќе се обиде да го задржи 24-годишниот голгетер, со надеж дека ќе го пренасочи интересот на кандидатите со оваа  трансфер цена од 120 милиони…

Read More

Македонија вечерва може да испише историја, Македонија вечерва може да се радува на уште еден голем успех во спортот, но се ќе знае откако ќе го одигра фудбалскиот натпревар со Италија. По настапот на ЕП 2020, следи бараж за пласман на Светското првенство во Катар. Ждрепката не беше наклонета кон Македонија во баражот за СП. Во иста група паднаа двата европски прваци – Италија и Португалија. Полуфинален ривал за  нашите репрезентативци  ќе биде актуелниот европски првак, а натпреварот ќе се игра на стадионот „Ренцо Барбера“ во палермо. Италија е голем фаворит затоа што незамисливо е за државата која беше на…

Read More

Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати следната недела ќе се врати на тренинзите со првиот тим по двомесечна пауза поради повреда, пренесува „Марка“. Ансу Фати често беше повреден. На крајот на 2020 година заработи повреда поради која пропушти 323 дена. Тој се врати на теренот во септември 2021 година и повторно се откажа во ноември. Потоа се опорави, постигна гол против Реал Мадрид во Ел Класико во јануари 2022 година, а на следниот меч со Атлетик Билбао повторно се повреди. Поради овие причини, со враќањето на Ансу Фати ќе се постапува внимателно. Најверојатно, тој нема да се врати на теренот до…

Read More