Author: riste

Македонија вечерва може да испише историја, Македонија вечерва може да се радува на уште еден голем успех во спортот, но се ќе знае откако ќе го одигра фудбалскиот натпревар со Италија. По настапот на ЕП 2020, следи бараж за пласман на Светското првенство во Катар. Ждрепката не беше наклонета кон Македонија во баражот за СП. Во иста група паднаа двата европски прваци – Италија и Португалија. Полуфинален ривал за  нашите репрезентативци  ќе биде актуелниот европски првак, а натпреварот ќе се игра на стадионот „Ренцо Барбера“ во палермо. Италија е голем фаворит затоа што незамисливо е за државата која беше на…

Read More

Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати следната недела ќе се врати на тренинзите со првиот тим по двомесечна пауза поради повреда, пренесува „Марка“. Ансу Фати често беше повреден. На крајот на 2020 година заработи повреда поради која пропушти 323 дена. Тој се врати на теренот во септември 2021 година и повторно се откажа во ноември. Потоа се опорави, постигна гол против Реал Мадрид во Ел Класико во јануари 2022 година, а на следниот меч со Атлетик Билбао повторно се повреди. Поради овие причини, со враќањето на Ансу Фати ќе се постапува внимателно. Најверојатно, тој нема да се врати на теренот до…

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема , целосно се опорави од повредата на потколеницата која го спречи да настапи на натпреварот од 29. коло на шампионатот на Шпанија со Барселона (0:4), пренесува „Марка“. Тоа значи дека напаѓачот ќе може да настапи на следната средба на Реал Мадрид по пауза за настапите на репрезентациите. Бензема оваа сезона постигна 30 голови и имаше 12 асистенции на 33 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања. Тој стана најдобар стрелец во историјата меѓу француските играчи. Реал Мадрид по 29 кола е на врвот на табелата во шпанското првенство со 66 бодови. Реал Мадрид во…

Read More

Вулверхемптон ќе загуби еден од најважните играчи следниот месец. Португалскиот репрезентативец Рубен Невеш има повреда на коленото, која ја доби на натпреварот со Лидс Јунајтед, кога почувствува болка и беше заменет во 25. минута. Првичните очекувања беа дека повредата не е толку сериозна, бидејќи 25-годишниот играч за врска дури доби повик за португалската репрезентација и замина во својата земја. Таму му беа извршени дополнителни медицински прегледи, кои покажаа дека има повреда на медијалниот колатерален лигамент. Според прогнозите, Невеш ќе мора да одмора најмалку еден месец пред да се врати на теренот. Тоа значи дека ќе ги пропушти претстојните натпревари со…

Read More

Нашите фудбалски репрезентативци вечерва го одработија официјалниот тренинг на стадионот „Ренцо Барбера“ во палермо каде утревечер го играат натпреварот со Италија во баражот за пласман на СП во Катар 2022.

Read More

Македонските репрезентативци во убава атмосфера го очекуваат мечот со Италија, а тоа на прес-конференцијата го пренесе и капитенот Стефан Ристовски кој истакна дека очекува тежок натпревар во кој Макеоднија нема да се предаде и ќе се обиде да се надигрува со Италија. „Горд сум што сум тука и што сум предводник на оваа генерација. Се чувствувам исполнето и еве дојде овој ден кога и ние ќе играме бараж за Мундијал. Не постои посебен мотив од натпревар против европскиот првак.  Се надевам дека ќе му го честитаме утрешниот роденден на селекторот и ќе ја израдуваме нацијата. Не би издвојувал индивидуални фудбалери…

Read More

Утре Македонија игра против Италија историски натпревар, а селекторот Благоја Милевски кој ја води нашата селекција го слави својот 51 роденден. Селекторот е мирен и се обидува да ја насочи концентрацијата на противникот, а на прес-конференцијата збпоруваше за тоа што очекува од своите избраници, но и со комплименти го искажа својот респект кон Италија. „Секоја репрезентација има свои квалитети и не би издвоил ниту една селекција како урнек како би требало да игра Македонија утревечер. Секоја селекција има различни инвидуалци, различни карактеристики и не издвоил ниту еден национален тим кој личи на нашиот. Натпреварот во Торино пред неколку години за мене нема допирни точки.…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација утре и гостува на Италија и ќе го одигра еден од најважните натпревари во својата историја, а тоа е меч за пласман на СП во Катар. Една од клучните фигури во одбраната на италијанската репрезентација се очекува да биде ветеранот Џорџо Кјелини кој одговараше на прашањата на новинарите во пресред на натпреварот со Македонија во Палермо. Дали натпреварот го чувствуваш на посебен начин? Ќе гледаме да го направиме тоа што го знаеме (да играме фудбал) сите супер се осеќаме и спремни сме за утрешниот натпревар. Сепак свесни сме дека играме против одлична репрезентација која не се наоѓа…

Read More

Фудбалерите на Барселона Роналд Араухо и Гави не можат да се договорат за нов договор со каталонскиот клуб, соопштува „Марка“. Според истиот извор, Барселона сака да ги задржи играчите, па им понудиле нови договори со подобри услови. Забележано е дека ова е трета понуда на Барселона, сепак, Араухо и Гави се незадоволни од условите во договорите, па одбија да ги обноват договорите кои истекуваа во летото 2023 година. Араухо (23) и се приклучи на Барселона во летото 2018 година. Уругвајскиот дефанзивец оваа сезона има 33 настапи во сите натпреварувања и постигна четири гола. 17-годишниот Гави е дел од школата на…

Read More

Интер го објави новиот договор со играчот од средниот ред Марсело Брозовиќ. Претходниот договор му истекуваше следното лето и за него интерес покажаа клубови како Ливерпул, Њукасл, Реал Мадрид и Барселона, но на крајот играчот се одлучи да остане во Интер. Брозовиќ сега е обврзан до летото 2026 година, а неговата плата порасна на 6 милиони евра според некои новинари, а според други на 6,5 + 1 милион евра. 29-годишниот хрватски интернационалец е шеста сезона во Интер, откако клубот го купи од Динамо (Загреб) за 5 милиони. Во овој период на „Џузепе Меаца“ освои една титула и еден Куп на…

Read More