Author: riste

Дефанзивецот на Челзи, Андреас Кристенсен би можел кариерата да ја продолжи во Шпанија. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер профил. Тој активно преговара со Барселона, која ја подобри понудата за договор. Каталонците му нудат на Данецот петгодишен договор, бидејќи Чави во дефанзивецот гледа клучен играч во структурата на тимот. Кристенсен е играч кој потекнува од школата на Челзи и е во сениорскиот тим од 2014 година. Во актуелната сезона од англиската Премиер лига, данскиот дефанзивец учествуваше на 14 натпревари и не постигна гол, а неговата пазарна цена се проценува на 35 милиони евра.

Read More

Лондонски Арсенал може да стане ново место каде ќе игра напаѓачот на репрезентацијата на Полска и Баерн Минхен Роберт Левандовски, објавија медиумите во Англија. Во моментов преговорите за нов договор меѓу полскиот напаѓач и Баерн не се во тек. Договорот истекува во летото 2023 година, а Левандовски сака повторно да преговара за условите од актуелниот договор. Претходно Роберт Левандовски зборуваше за својата отвореност кон понудите од англискиот шампионат, а Арсенал во оваа ситуација изгледа како фаворит во борбата за овој напаѓач. Исто така, за услугите на Левандовски може да биде заинтересиран и Манчестер Сити, кој се уште не најде достојна…

Read More

Ригоберт Сонг е назначен за селектор на фудбалската репрезентација на Камерун, објави Ројтерс. Поранешниот капитен на оваа репрезентација  го наследува Тони Консеисао, а промената доаѓа на само три недели пред клучниот натпревар од плеј-офот за пласман на СП 2022 против Алжир. Првиот натпревар е на 25 март, а реваншот е на 29 март. 45-годишниот Сонг има 137 настапи за репрезентацијата на Камерун, која учествуваше на четири Светски првенства и на осум турнири на Африканскиот куп на нации. Досега беше тренер на младинската репрезентација на земјата до 23 години. Ригоберг Сонг во својата фудбалска кариера има настапувано за англиски Ливерпул и…

Read More

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за четвртфиналните групи во Купот на Македонија. На Вардар, кој беше слободен во елиминациското коло, му се приклучија уште 15 екипи, меѓу кои и пет прволигаши. Најинтересно би требало да биде во групата 4, каде Пролет и Еурофарм Пелистер 2, односно Прилеп и Голден Арт ќе се борат за пласман на Ф4 турнирот. Во рамките на групите ќе се играат полуфинални средби, па финале, а победникот ќе обезбеди место на завршниот турнир во Купот на Македонија. Четврфиналните групи ќе се играат на 12 и 13 март, додека Ф4 ќе…

Read More

Барселона работи на продолжување на договорот со уругвајскиот дефанзивец Роналд Араухо. За играчот интерес покажаа два клуба од англиската Премиер лига, но негов приоритет останува кариерата да ја продолжи во Барселона, кои се уверени дека ќе постигнат договор со играчот на четири години. Ова го објави новинарот Николо Скира на Твитер. Араухо дојде во Барселона од Бостон Ривер од Уругвај во 2018 година. Актуелниот договор на играчот е до 2023 година. Во сезоната 2021/2022, Араухо учествуваше на 20 натпревари од шпанскиот шампионат, постигна 3 гола и доби 3 жолти картони. Има и 5 натпревари во актуелната сезона во Лигата на…

Read More

Екипата на Вардар 1961 и официјално го потврди ангажманот на новиот играч Косадин Петров. Клубот го комплетираше ростерот за пролетната полусезона во која ќе се натпреварува во Лигата на шампионите, СЕХА и Суперлигата на Македонија. По заминувањето на Стефан Атанасовски на позајмица во Катар, клубот по истиот рецепт по кој дојде Стефан Додиќ од Охрид, доведе ново име на пикерската позиција. Вардар го официјализира трансферот на Костадин Петров од редовите на Металург. Кружниот напаѓач пристигна на позајмица до крајот на сезоната, а е второ и последно засилување на клубот оваа зима. Вардар игра на три фронта, па поради тоа се…

Read More

Репрезентациите на Русија и Белорусија нема да учествуваат на Светското првенство во хокеј на мраз за мажи во 2022 година, соопшти Меѓународната федерација за хокеј на мраз (IIHF). „Управниот одбор на ИИХФ одлучи да го суспендира учеството на сите руски и белоруски репрезентации и клубови во секоја возрасна категорија во сите натпревари или настани на ИИХФ до понатамошно известување“, се вели во соопштението. Светското првенство за мажи ќе се одржи од 13 до 29 мај 2022 година. Исто така, руските хокеари нема да играат на светското првенство до 18 години (21 април – 1 мај) и до 20 години. Женската…

Read More

Лондонскиот клуб Фулам е заинтересиран за 31-годишниот италијански напаѓач од турскиот клуб Адана Демирспор, Марио Балотели , бидејќи тие повторно почнуваат да се подготвуваат за враќање во англиската Премиер лига. Тоа го пренесува Фудбал Италија повикувајќи се на турското издание на Стар. Фулам сака да го врати Балотели во Премиер лигата на лето за да го засили својот напад. 31-годишниот италијански напаѓач ужива успешна сезона во Турција и минатиот месец тренерот Роберто Манчини дури го повика во тренинг кампот на репрезентацијата на Италија. Клубот од Западен Лондон моментално се на првото место во Чемпионшип лигата и нивното место во Премиер…

Read More

Играчот од средниот ред на Салернитана Франк Рибери доживеал сообраќајна несреќа, соопшти прес-службата на италијанскиот клуб. Откако автомобилот се дрил во семафор, на играчот кој бил на совозачкото седиште му била констатирана полесна повреда на главата. Периодот на опоравување на играчот ќе биде околу седум дена. Според „Corriere dello Sport“, инцидентот се случил околу 3 часот наутро во неделата на 27 февруари. Поради здобиените повреди, играчот најверојатно ќе го пропушти натпреварот од 26.коло во Серија А со Интер, кој ќе се одигра во петок на 4 март во Милано. 38-годишниот француски играч за врска оваа сезона има 16 настапи во…

Read More

48-годишниот американски фудбалски тренер Џеси Марш, познат по својата работа како предводник на германскиот РБ Лајпциг, стана главен тренер на англискиот Лидс Јунајтед. Ова го објави прес-службата на клубот од Лидс на официјалната веб-страница. „Среќни сме што му посакавме добредојде на Џеси во клубот и среќни сме што тој ќе отвори ново поглавје за нас. Џеси е некој што го идентификувавме пред неколку години за време на неговиот престој во РБ Салцбург и веруваме дека неговата филозофија и стил на фудбал се во согласност со филозофијата на клубот и многу добро ќе им одговараат на играчите“ се вели во информацијата…

Read More