Author: riste

35-годишниот шпански дефанзивец во редовите на Пари Сен Жермен, Серхио Рамос најверојатно ќе го пропушти реваншот од 1/8-финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Ова го објавија неколку медиуми во Франција и Шпанија. Причината е повреда на мускулот што го спречува Рамос да игра. Шпанецот е поранешен играч на Реал Мадрид, чиј дрес го носеше од 2005 до 2021 година. Реваншот помеѓу Реал Мадрид и Пари Сен Жермен е на 9 март. Првиот натпревар во Париз заврши со победа на ПСЖ од 1:0 и со овој резултат патуваат на „Сантијаго Бернабеу“.

Read More

Двајца од клучните играчи на Баерн Минхен, Мануел Нојер и Томас Милер се враќаат во тренажниот процес на тимот. Голманот и капитен на тимот Мануел Нојер започна специфични голмански вежби по операцијата на коленото, која го оддалечи од теренот неколку недели, додека Милер продолжи со индивидуалните тренинзи по коронавирусот. Враќањето на двајцата најискусните кај Баварците е одлична вест за тренерот Јулијан Нагелсман пред саботниот првенствен натпревар против третопласираниот Баер Леверкузен и реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Салцбург следната недела. Надвор од сметките на Нагелсман останува играчот од средниот ред Лео Горецка, кој лекува повреда на коленото, но…

Read More

Поранешниот тренер на Лидс Јунајтед, Марсело Биелса може да го предводи турски Фенербахче, објавија медиумите во Турција. Според истите, фенербахче е сериозно заинтересиран за услугите на аргентинскиот стручњак и веќе подготвуваат понуда за него, но во моментов Фенербахче немал официјални контакти со Биелса. Биелса беше на чело на Лидс од 2018 година. Во летото 2021 година, тренерот го продолжи договорот со клубот, но не траеше долго на својата функција – во февруари 2022 година, Марсело беше отпуштен од функцијата главен тренер на тимот. Марсело Биелса е аргентински поранешен фудбалер кој играше како дефанзивец. Во 2001 година, Биелса беше признат како…

Read More

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ќе ја отстрани Русија од сите натпреварувања под нејзино покровителство до понатамошно известување, објави Ројтерс. Тоа значи дека на репрезентацијата од оваа земја нема да и биде дозволено учество во плеј-офот за пласман на СП во Катар 2022 година. Според информациите, ФИФА е во напредни разговори со европската централа УЕФА за ова прашање и одлуката може да биде донесена денеска. Според прелиминарниот распоред, Русија треба да игра против Полска во бараж натпреварите на 24 март, но полската федерација во саботата соопшти дека категорично одбива да игра на овој натпревар. Подоцна ја поддржаа Шведска, Чешка, Албанија и…

Read More

Откако пред неколку дена ја раскинаа соработката со тренерот Дарко Радуловиќ, од екипата на МЗТ СКопје Аеродром денес го објавија името на новиот тренер кој ќе го предводи тимот во наредниот период. „Еден од најпрепознатливите тренери поврзани со МЗТ Скопје Аеродром во првата деценија од 21. век, Александар Петровиќ, се враќа на клупата на нашиот клуб, откако од денеска и официјално е нов предводник на плаво-белата чета. Тој доаѓа на местото на Дарко Радуловиќ, со кого беше прекината соработката по неуспехот во финалето од Купот на Македонија пред една недела. За Петровиќ ова ќе биде трето преземање на нашиот клуб,…

Read More

Норвешкиот скијач Хенрик Кристоферсен го комплетираше одличниот викенд со двојната победа во слалом трките во Гармиш-Партенкирхен. Тој денес дојде до својата втора победа во Светскиот куп. 27-годишниот Норвежанец ги искористи пролетните услови за да постигне победничко време од 1:52.66 минути. Ова е првпат оваа сезона машки скијач да победи на две трки во слалом во Светскиот куп. Британецот Дејв Рајдинг, кој изненади со победата во Кицбил минатиот месец, направи одлична втора трка и го освои второто место со заостанување од 0,35 секунди, додека локалниот фаворит Линус Штрасер од Германија заврши на третото место со задоцнување од 0,47 секунди.

Read More

Формула 1 објави официјално соопштение во кое најавува откажување на трката за Големата награда на Русија во 2022 година. „Светскиот шампионат на ФИА во Формула 1 ги посетува земјите ширум светот со позитивен став да ги зближи луѓето и нациите. Со тага и шок ги следиме случувањата во Украина и се надеваме на брзо и мирно разрешување на моменталната ситуација. Во четвртокот вечерта, Формула 1, ФИА и тимовите разговараа за позицијата на нашиот спорт и дојдоа до заклучок дека, според ставовите на сите инволвирани страни, одржувањето на Големата награда на Русија под сегашните услови е невозможно“, се вели во текстот…

Read More

Одржана е осминафиналната ждрепка за Конференциската лига на УЕФА. Големите фаворити во натпреварувањето не добија тешки задачи на патот до следната фаза. Осминафинале Конференциската лига на УЕФА: Олимпик Марсеј – Базел Лестер Сити – Рен ПАОК – Гент Витесе – Рома ПСВ Ајндховен – ФК Копенхаген Славија Прага – ЛАСК Бодо/Глимт – АЗ Алкмаар Феенорд – Партизан Натпреварите од осминафиналето ќе се одиграат на 10 и 17 март. Четвртфиналната и полуфиналната ждрепка е закажана за 18 март. Натпреварите од четвртфиналето ќе се играат на 7 и 14 април, полуфиналето ќе биде одлучено со дуелите на 28 април и 5 мај, а…

Read More

Во седиштето на УЕФА во Нион беше одржана ждрепката за осминафиналната фаза на Лигата на Европа. Во извлекувањето релативно лесно помина Црвена Звезда која го доби Глазгов Ренџерс. Среќата посака интересни пресметки меѓу Аталанта и Баер Леверкузен, Севиља против Вест Хем, додека Барселона игра против Галатасарај. Осминафинални парови во Лигата на Европа:  Глазгов Ренџерс – Црвена Звезда Брага – Монако Порто – Лион Аталанта – Баер Леверкузен Севиља – Вест Хем Барселона – Галатасарај РБ Лајпциг – Спартак Москва Бетис – Ајнтрахт Франкфурт Воведните натпревари во осминафиналето се закажани за десетти март, додека реванш дуелите стандардно се на програмата седум…

Read More

Како што беше најавено изминатите неколку денови, Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја потврди одлуката на денешниот состанок во врска со промената на домаќинот на финалето на Лигата на шампионите. Русија поради воениот конфликт со Украина остана без можноста да биде организатор односно домаќин на финалниот натпревар, па така мечот за трофејот во најсилното клупско натпреварување во Европа наместо во Санкт Петербург на „Газпром Арена“ се сели во Париз на стадионот „Стад де Франс“. Иако се шпекулираше дека Англија би можела да биде нов домаќин, односно стадионот „Вембли“ и усште два лондонски стадиони, сепак финалето на Лигата на шампионите ќе се одигра во Франција.

Read More