Author: riste

Барселона е заинтересирана за потписот на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. Шпанскиот „Sport.es“ објави дека Барса е подготвена да ја плати клаузулата за ослободување од 75 милиони евра за Норвежанецот и да плати голема провизија на агентот на играчот, Мино Рајола. Покрај тоа, Барселона сакаат да го направат Халанд лидер на новиот проект. И покрај тешката финансиска ситуација, Каталонците се подготвени да му понудат на играчот петгодишен договор со плата од 20 милиони евра годишно. Ова ќе го направи Халанд најплатен играч во тимот. Халанд се приклучи на Борусија Дортмунд во јануари 2020 година, откако се пресели од Салцбург…

Read More

Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај може да се врати во Олимпик Лион, пишуваат медиумите во Франција. Според истите, луѓе блиски до Холанѓанецот веќе било во контакт со претставници на Лион околу евентуален трансфер. Претходно беше објавено дека управата на Барселона сака да го продаде Холанѓанецот во текот на летниот преоден рок, за да не го загуби играчот бесплатно, бидејќи договорот на Депај со Барселона е до јуни 2023 година. Депај игра за Барселона од летото 2021 година, каде што се пресели со слободен трансфер од Лион. Депај оваа сезона настапи на 16 натпревари во Примера, постигнувајќи осум гола и две…

Read More

Дефанзивецот и капитен на Милан, Алесио Ромањоли може да ја промени клупската средина на крајот од оваа сезона. Договорот на 27-годишниот Италијанец со Росонерите истекува ова лето. Римски Лацио сака да го ангажира фудбалерот како слободен играч, објави новинарот Никола Скира на Твитер. Според изворот, римскиот клуб му понудил на Ромањоли петгодишен договор со плата од 3,2 милиони евра годишно плус бонуси. Претходно се дозна дека играчот е интересен и за Јувентус. Самиот Ромањоли би сакал да ја продолжи кариерата во Рим, бидејќи од детството е навивач на Лацио. Ромањоли кариерата ја започна во Рома за која настапуваше од 2012…

Read More

Македонскиот нордискиот скијач Ставре Јада стана првиот натпреварувач од нашата земја кој успеал да заврши еден маратон на Олимписки игри. Иако поради ниските температури и ветрот организаторот ја скратија трката од 50 на 30 километри, Ставре Јада ќе биде запишан како прв кој финиширал толку долго скијање. Јада заврши на 56. место, со задоцнување од 14 минути и девет секунди зад првопласираниот Александар Болшунов со време од 1:25:41.8. Среброто му припадна на Иван Јакимушкин од Русија, додека Хегстад Симен Кругер од Новрешка беше бронзен. Ставре Јада не се откажа на патеката во Пекинг и мина низ целта меѓу последните натпреварувачи. Македонскиот скијач…

Read More

Аталанта најверојатно ќе стане уште еден италијански клуб кој за сопственици ќе има Американци. Според „Скај Спорт Италија“, следната недела тимот може да биде продаден на американскиот инвестициски фонд ККР, кој ќе купи 85 отсто од акциите за сума од 350 милиони евра. Лука Перкаси ќе ја задржи функцијата извршен директор на тимот од Бергамо. Така, Аталанта, која бележи импресивни резултати во последните неколку години, ќе стане седмиот клуб во Серија А со американски сопственици по Милан, Рома, Фиорентина, Џенова, Специја и Венеција, додека сопственикот на Болоња е од Канада.

Read More

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд направил прелиминарен договор со Реал Мадрид, објави шпанскиот „Sport.es“. Според изворот, претставници на Норвежанецот се сретнале со претставници на шпанскиот клуб во Монако. Таму се договорија играчот да не може да преговара со други клубови. Во исто време, Ерлинг Халанд може да го напушти тимот на Борусија Дортмунд по свое барање. Сепак, доколку сака да менува тим ова лето, Реал Мадрид ќе биде неговата единствена опција. Халанд се приклучи на Борусија Дортмунд во јануари 2020 година, откако се пресели од Салцбург за 20 милиони евра. Оваа сезона норвешкиот напаѓач настапи на 14 натпревари во…

Read More

Ракометарите на Вардар вечерва гостуваат кај лидерот во групата А во Лигата на шампионите, Монпелје во рамките на 11. коло на Лигата на шампионите. Вардар ќе го одигра првиот натпревар од продолжението на сезоната во ова натпреварување со новиот предводник Давид Дејвис Камара. По поразот од Нексе во СЕХА лигата, Вардар предводен од Давид Дејвис победи против Пролет, Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 во домашното првенство и Војводина во СЕХА лигата. Голем проблем за вардарци и тренерот Дејвис е повредата на Анте Гаџа, кој заедно со Борко Ристовски остана во Скопје и не отпатува со екипата. Позицијата среден бек и онака беше проблем за Вардар, па…

Read More

Вечерва од 21 часот не очекува интересен дуел кој е дел од двомечот помеѓу РБ Салцбург и Баерн (Минхен) од 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Ова ќе биде мечот на Давид против Голијат. Еден против друг се соседите од Австрија и Германија, а сите очекувања се дека Баварците нема да имаат проблем да продолжат понатаму во Лигата на шампионите. Сепак, домаќините ќе направат се што е во нивна моќ да ги замрсат сметките на противникот. РБ Салцбург ќе ја брани честа на својата земја откако стана првата екипа од Австрија која се пласирала во 1/8 финалето во Лигата на…

Read More

Екипите на Интер и Ливерпул вечерва ќе се соочат во првиот меѓусебен натпревар од 1/8 финалето од Лигата на шампионите. Ова е една од најинтересните пресметки од оваа фаза, а од дербито очекуваме да видиме два спектакуларни натпревари меѓу екипи кои сакаат атрактивен фудбал. Првиот дел од битката е вечерва на „Џузепе Меаца“ во Милано, каде секој од двата тима ќе сака да постигне позитивен резултат кој ќе му даде предност пред реваншот. Иако е еден од најуспешните клубови во Лигата на шампионите со три трофеи во својата историја, Интер во последните години е во сенка на другите екипи. Сега,…

Read More

Се чини дека Барселона не се откажа од потрагата по играчот од средниот ред на Милан, Франк Кеси, како што неодамна беше објавено. Каталонците продолжуваат да имаат интерес за 25-годишниот фудбалер и дури стапиле во контакт со неговиот агент за да започнат разговори за негов можен трансфер на „Камп Ноу“ на лето, пишува новинарот Фабрицио Романо. Договорот на Кеси со Милан е до крајот на сезоната, по што станува слободен играч. Тој веќе може да потпише преддоговор со друг клуб, кој ќе стапи на сила на лето. Романо тврди дека Барселона се во контакт со играчот од декември, а сега…

Read More