Author: riste

Откако пред неколку дена ја раскинаа соработката со тренерот Дарко Радуловиќ, од екипата на МЗТ СКопје Аеродром денес го објавија името на новиот тренер кој ќе го предводи тимот во наредниот период. „Еден од најпрепознатливите тренери поврзани со МЗТ Скопје Аеродром во првата деценија од 21. век, Александар Петровиќ, се враќа на клупата на нашиот клуб, откако од денеска и официјално е нов предводник на плаво-белата чета. Тој доаѓа на местото на Дарко Радуловиќ, со кого беше прекината соработката по неуспехот во финалето од Купот на Македонија пред една недела. За Петровиќ ова ќе биде трето преземање на нашиот клуб,…

Read More

Норвешкиот скијач Хенрик Кристоферсен го комплетираше одличниот викенд со двојната победа во слалом трките во Гармиш-Партенкирхен. Тој денес дојде до својата втора победа во Светскиот куп. 27-годишниот Норвежанец ги искористи пролетните услови за да постигне победничко време од 1:52.66 минути. Ова е првпат оваа сезона машки скијач да победи на две трки во слалом во Светскиот куп. Британецот Дејв Рајдинг, кој изненади со победата во Кицбил минатиот месец, направи одлична втора трка и го освои второто место со заостанување од 0,35 секунди, додека локалниот фаворит Линус Штрасер од Германија заврши на третото место со задоцнување од 0,47 секунди.

Read More

Формула 1 објави официјално соопштение во кое најавува откажување на трката за Големата награда на Русија во 2022 година. „Светскиот шампионат на ФИА во Формула 1 ги посетува земјите ширум светот со позитивен став да ги зближи луѓето и нациите. Со тага и шок ги следиме случувањата во Украина и се надеваме на брзо и мирно разрешување на моменталната ситуација. Во четвртокот вечерта, Формула 1, ФИА и тимовите разговараа за позицијата на нашиот спорт и дојдоа до заклучок дека, според ставовите на сите инволвирани страни, одржувањето на Големата награда на Русија под сегашните услови е невозможно“, се вели во текстот…

Read More

Одржана е осминафиналната ждрепка за Конференциската лига на УЕФА. Големите фаворити во натпреварувањето не добија тешки задачи на патот до следната фаза. Осминафинале Конференциската лига на УЕФА: Олимпик Марсеј – Базел Лестер Сити – Рен ПАОК – Гент Витесе – Рома ПСВ Ајндховен – ФК Копенхаген Славија Прага – ЛАСК Бодо/Глимт – АЗ Алкмаар Феенорд – Партизан Натпреварите од осминафиналето ќе се одиграат на 10 и 17 март. Четвртфиналната и полуфиналната ждрепка е закажана за 18 март. Натпреварите од четвртфиналето ќе се играат на 7 и 14 април, полуфиналето ќе биде одлучено со дуелите на 28 април и 5 мај, а…

Read More

Во седиштето на УЕФА во Нион беше одржана ждрепката за осминафиналната фаза на Лигата на Европа. Во извлекувањето релативно лесно помина Црвена Звезда која го доби Глазгов Ренџерс. Среќата посака интересни пресметки меѓу Аталанта и Баер Леверкузен, Севиља против Вест Хем, додека Барселона игра против Галатасарај. Осминафинални парови во Лигата на Европа:  Глазгов Ренџерс – Црвена Звезда Брага – Монако Порто – Лион Аталанта – Баер Леверкузен Севиља – Вест Хем Барселона – Галатасарај РБ Лајпциг – Спартак Москва Бетис – Ајнтрахт Франкфурт Воведните натпревари во осминафиналето се закажани за десетти март, додека реванш дуелите стандардно се на програмата седум…

Read More

Како што беше најавено изминатите неколку денови, Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја потврди одлуката на денешниот состанок во врска со промената на домаќинот на финалето на Лигата на шампионите. Русија поради воениот конфликт со Украина остана без можноста да биде организатор односно домаќин на финалниот натпревар, па така мечот за трофејот во најсилното клупско натпреварување во Европа наместо во Санкт Петербург на „Газпром Арена“ се сели во Париз на стадионот „Стад де Франс“. Иако се шпекулираше дека Англија би можела да биде нов домаќин, односно стадионот „Вембли“ и усште два лондонски стадиони, сепак финалето на Лигата на шампионите ќе се одигра во Франција.

Read More

Реал Мадрид му понуди нов 4-годишен договор на Марко Асенсио, но понудите за него од странство се поисплатливи од финансиска гледна точка, изјави еден од неговите агенти. Офанзивниот играч има договор за само уште една сезона. Сега Реал Мадрид му понуди плата од 4,5 милиони евра + 1,5 милиони во форма на бонуси. Ова е горе-долу иста понуда како сегашната плата на фудбалерот, но англиските клубови се подготвени да му дадат 7 милиони евра по сезона, вели неговиот претставник. Во Шпанија не ја исклучуваат можноста дека зборовите на менаџерот не соодветствуваат со вистината, а дека ова е обид да се…

Read More

Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс го прокоментира поразот на неговиот тим во реваншот од 1/16-финалето на Лигата на Европа со Барселона. „Штета, бидејќи вечерва беше убава вечер, стадионот беше полн, имаше идеална атмосфера. Барселона одигра одличен натпревар, не бевме на нашето ниво, но не смееме да ги загубиме главите. Знам колку се силни нашите играчи и знам што можеме да постигнеме. Денес е тежок ден, но мора да спиеме добро, бидејќи во недела имаме уште еден важен натпревар – со Лацио во италијанското првенство“, изјави Мертенс за официјалната веб-страница на УЕФА.

Read More

Дефанзивецот на Барселона, Жорди Алба проговори по победата на каталонскиот тим во реваншот од 1/16-финалето на Лига Европа против Наполи (4:2). „Мислам дека имавме одличен натпревар. Ние сме во серија на добри игри и резултати. Како резултат на тоа, пропуштивме многу, но треба да ни е драго што отидовме понатаму, во следната фаза. Тоа беа одлични четири гола. И што е најважно, тие ни помогнаа да ја постигнеме нашата цел! Не смеете да ја изгубите вербата во себе. Ајде да играме вака и ќе дојдат одлични резултати“ изјави Алба за официјалниот сајт на УЕФА. Барселона денес ќе го добие противникот…

Read More

Арсенал повторно е заинтересиран за потписот на напаѓачот на Реал Сосиедад, Александар Исак, објави шпанскиот „sport.es“. Тренерот на Арсенал, Микел Артета сака да го види 22-годишниот шведски фудбалер во својот тим, тврди изворот. Лондонскиот клуб не беше во можност да го ангажира Исак во зимскиот преоден рок и тоа планира да го направи на лето. Договорот на напаѓачот со Реал Сосиедад вклучува ослободителна клаузула од 80 милиони евра, но Арсенал бара да ја намали цената. Исак оваа сезона на 29 натпревари во сите натпреварувања постигна осум гола и имаше две асистенции. Договорот на играчот истекува во 2026 година.

Read More