Author: riste

Лондонски Челзи нема да може да го користи знакот на победниците на Светското клупско првенство на дресовите на играчите на натпреварите од англиската Премиер лига, објави „Сан“. Правилата на лигата забрануваат промена на изгледот на дресовите во текот на сезоната. Сепак, Челзи ќе може да ја користи оваа ознака на натпреварите од ФА Купот и Лига Купот доколку добие дозвола од ФА. Исто така, знакот на победниците на Светското клупско првенство ќе стои на дресовите на Челзи во натпреварите од Лигата на шампионите. Да потсетиме дека во финалето на Светското клупско првенство Челзи го победи бразилскиот Палмеирас (2:1) по продолженијата.…

Read More

Дефанзивецот на Јувентус, Матијс Де Лихт може да ја промени клупската средина во летниот преоден рок. За 22-годишниот Холанѓанец главни кандидати ќе бидат лондонски Челзи и каталонскиот тим Барселона, објави „Калчомеркато“. Според овој извор, Јувентус ќе размислува за продажба на Де Лихт доколку не се договори со неговиот агент да го продолжи договорот. Актуелниот договор меѓу Матијс Де Лихт и Старата Дама е до 2024 година. Барселона е подготвена да понуди 75 милиони евра за Де Лих, а Челзи ќе се обиде да ја надмине оваа сума, бидејќи главниот тренер на „сините“ Томас Тухел има намера да ги засили одбранбените…

Read More

Баерн Минхен има намера да го продолжи договорот со германскиот голман Мануел Нојер и напаѓачот Томас Милер , објави на својот Твитер профил познатиот инсајдер Николо Скира. Според негови извори, германскиот клуб има намера да ги продолжи договорите со играчите во наредните недели. Нојер е во Баерн од 2011 година. Вкупно, во Бундеслигата голманот настапи на 458 натпревари, на кои прими 376 гола и имаше 211 натпревари на кои не прими гол. Актуелниот договор на Нојер со Баерн е до 2023 година. Томас Милер е во Баерн од 2007 година. Неговиот договор со клубот е до 2023 година. Како дел…

Read More

Играчот од средниот ред на Лестер, Јури Тилеманс е на мета на неколку екипи од Премиер лигата. Според информациите кои беа објавени, за белгискиот играч за врска се заинтересирани Манчестер Јунајтед, Челзи, Вест Хем, Арсенал и Њукасл. Претходно беше објавено дека Тилеманс (24) нема да го продолжи договорот со Лестер, кој истекува во летото 2023 година. Горенаведените клубови се подготвени да дадат понуди за трансфер до Лестер доколку Тилеманс биде на располагање. Белгискиот играч за врска оваа сезона постигна седум гола и три асистенции на 28 натпревари во сите натпреварувања.

Read More

Синоќа беше одржан 56. Супербоул спектакл, а Лос Анџелес Ремс успеа да дојде до трофејот откако го совлада Синсинати Бенгалс со 23-20 и така по вторпат стигна до најважниот трофеј во САД, а тоа е пехарот Винс Ломбарди. ЛА Ремси одлично го отворија натпреварот и дојдоа до голема предност од 13:3. Сепак, Синсинати Бенгалс имаа добар период и веднашодговорија и успеаа да го намалат резултатот на 13:10. Потоа следуваше целосен пресврт на резултатот и Синсинати поведе со 13:17, а стигнаа и до водство од 13:20. Сепак во клучната четвртина квалитетот на ЛА Ремси дојде до израз и на една минута…

Read More

Челзи го гледа дефанзивецот на Севиља Жил Кунде како засилување на тимот во летниот преоден рок. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер . 23-годишниот Кунде не е единствениот кандидат на списокот на желби на сините, но Челзи продолжува да го рангира Французинот високо дури и откако не успеа да го потпише минатото лето. Тогаш Севиља побара околу 70 милиони евра за трансфер на својот играч. Кунде оваа сезона постигна еден гол и даде една асистенција на 27 настапи во сите натпреварувања. Договорот на францускиот фудбалер истекува во 2024 година. Трансфермаркт го цени играчот на 60 милиони евра.

Read More

Реал Мадрид бара замена за бразилскиот дефанзивец Марсело, кој најверојатно ќе стане слободен играч во летото 2022 година. Се најавува дека шпанскиот клуб размислува за враќање на шпанскиот фудбалер Серхио Регилон, ова го пренесува „Мундо Депортиво“. 25-годишниот Регилон е „дете“ на мадридскиот клуб. Реал Мадрид го продаде играчот на Тотенхем во септември 2020 година за 30 милиони евра. Според изворот, шпанскиот тим има опција да го купи Регилон за 40 милиони евра, но таа завршува ова лето. Сезонава Регилон на 24 натпревари во сите натпреварувања постигна еден гол и имаше три асистенции во дресот на Тотенхем.

Read More

Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај , може да смени тим ова лето. Наполи е заинтересиран за услугите на 27-годишниот играч, според „Calciomercato.com“. Според изворот, клубовите веќе преговараат за трансферот на Холанѓанецот. Забележано е дека Барса е подготвена да го пушти играчот да си оди. Проблем за евентуална преселба на Депај во Наполи е платата на напаѓачот. Наполи го гледа Мемфис Депај како замена за Лоренцо Инсиње, кој ќе го напушти тимот на лето. Претходно беше објавено дека управата на Барселона сака да го продаде Холанѓанецот во текот на летниот преоден рок, за да не го загуби играчот бесплатно, бидејќи договорот…

Read More

Потпретседателката на Вест Хем, Карен Брејди зборуваше за скандалот со дефанзивецот Курт Зума. „Да бидам јасен – нема оправдување за постапките на Курт Зума. Јас, како и сите други кои го гледаа видеото што беше објавено оваа недела, бев шокиран од она што го видов. Ставот на клубот по ова прашање беше јасен уште од самиот почеток. Безрезервно ги осудуваме неговите постапки и никогаш нема да оправдаме каква било форма на суровост кон животните. Постапивме што е можно побрзо и го казнивме колку што е можно повеќе“, изјави Брејди за „Дејли Меил“. На 7 февруари се појави видео како 27-годишниот…

Read More

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп проговори за можното учество на напаѓачот Садио Мане во натпреварот од 24. коло на шампионатот на Англија со Барнли. „Претпоставувам дека Мане ќе има целосен тренинг, а потоа ќе донесеме одлука, прво да видиме како ќе се чувствува“, изјав Клоп пред мечот со Барнли. 29-годишниот Садио Мане оваа сезона на 20 натпревари во Премиер лигата постигна осум гола и даде една асистенција. Тој исто така постигна два гола на шест натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите. Претходно Мане со репрезентацијата на Сенегал го освои Африканскиот куп на нации. Барнли – Ливерпул е натпревар…

Read More