Author: riste

Раководството на Јувентус ги продолжува преговорите за обновување на договорот со Пауло Дибала, но се уште нема конечен договор меѓу двете страни. Извршниот директор на клубот Маурицио Аривабене најави дека во февруари ќе има нова средба со фудбалерот и неговите претставници. „Во февруари ќе разговараме со играчите на кои им истекуваат договорите за да одлучиме за нивната иднина. Секој мора да го освои своето место во тимот и да докаже дека го заслужува тоа“, изјави Аривабене за DAZN. „Ова важи за сите – играчи, тренери и менаџери. Во наредните денови ќе видиме дали тоа ќе се случи. Да се ​​обидеме…

Read More

Францускиот ПСЖ е заинтересиран за потписот на дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер, чиј договор со лондонскиот клуб истекува летото 2022 година. Парижаните му нудат на германскиот фудбалер годишна плата од 7 милиони евра, пишува „Фудбал Меркато“. Според изворот, 28-годишниот Рудигер сепак преферира да се пресели во Реал Мадрид и покрај тоа што финансиската понуда на францускиот клуб е поголема. За Рудигер е заинтересиран и Баерн Минхен. Од 1 јануари дефанзивецот може директно да преговара со кој било клуб. Рудигер му се приклучи на Челзи во 2017 година откако се дојде од Рома. Германскиот фудбалер оваа сезона учествуваше на 27 натпревари,…

Read More

Спортскиот директор на Фиорентина, Даниеле Праде, го негираше интересот на италијанскиот клуб за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско. „Ние во никој случај нема да го купиме Иско. Фиорентина не знае ни кои се неговите агенти“, -изјави Праде, а информацијата ја објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер. Претходно медиумите објавија дека Фиорентина е заинтересирана за потписот на 29-годишниот шпански играч за врска, чиј договор со актуелниот клуб истекува ова лето. Иско игра за Реал Мадрид од 2013 година, а во овој период освои 16 трофеи со тимот. Фудбалерот оваа сезона на теренот мина 183 минути во девет натпревари…

Read More

Крилниот напаѓач на Јувентус, Федерико Киеза, најверојатно заработи тешка повреда на натпреварот против Рома (4:3) синоќа. Фудбалерот во 31. минута лошо згазна и мораше да го напушти теренот, поради сериозните болки. Првичните информации велат дека се работи за сериозна повреда на коленото. На објавеното видео се гледа дека левото колено се искривува додека се обидува да се сврти и да падне навнатре. Потенцијално се работи за кинење на лигаментите на коленото, особено по информацијата дека има истегнување на лигаментите на коленото. Прегледите и резултатите ќе треба да покажат детално за каква повреда се работи и да се постави точна дијагноза,…

Read More

Олимпик Марсеј е во преговори за доведување на дефанзивецот на Арсенал, Сеад Колашинац. Договорот на Босанецот истекува на лето, но раководството на Арсенал му даде дозвола сега да бара нов тим. Така може да си замине на „Велодром“, пишуваат медиумите во Франција. Марсеј веќе стапил во контакт со агентот на играчот за да достави официјална понуда. Сепак, разговорите во моментов не се одвиваат баш лесно и се чини дека фудбалерот поставил доста високи барања. До неодамна беше поврзуван со трансфер во Ватфорд, но во последен момент зделката пропадна. Доколку Колашинац биде префрлен во Марсеј, тој повторно ќе игра во клубот…

Read More

Арсенал започна преговори за привлекување на играчот од средниот ред на Јувентус, Артур. Не е тајна дека Бразилецот е пред заминување од Торино и Јувентус е подготвен да ги разгледа сите понуди за него. Од „Емирати“ сакаат да го позајмат до крајот на сезоната, објави стручњакот за трансфери Фабрицио Романо. Артур пристигна во Јувентус во 2020 година како дел од договорот за Миралем Пјаниќ, кој се замина во Барселона. Сепак, 25-годишниот Бразилец не воодушеви со своите настапи досега и одигра 41 натпревар, а постигна 1 гол. Ова е причината поради која „бјанконерите“ сакаат да се разделат со него за да…

Read More

Манчестер Јунајтед го именуваше напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди како потенцијална замена за Единсон Кавани, тврди „Л‘Екип“. Иднината на 34-годишниот Уругваец на „Олд Трафорд“ останува неизвесна. Неговиот договор истекува на лето, но се шпекулира дека сега може да биде продаден. Затоа „црвените ѓаволи“ веќе размислуваат со кого да го заменат кога ќе си замине, а еден од кандидатите е 28-годишниот Аргентинец. Кавани не е многу задоволен од неговата ситуација во Манчестер Јунајтед од почетокот на сезоната. Досега има одиграно само 8 натпревари во Премиер лигата, а на само 4 од нив беше стартер. Затоа сериозно ги разгледува опциите пред него.…

Read More

Федералниот суд на Австралија донесе одлука Новак Ѓовковиќ да биде ослободен, откако судијата Ентони Кели утврди дека визата која му била доделена неосновано му беше укината по неговото пристигнување во Австралија. Судијата Кели кој го водеше овој процес ја оцени одлуката за укинување на визата „неразумна“ и нареди Ѓоковиќ веднаш да биде ослободен. Судијата утврдил дека Ѓоковиќ, можел да се консултира со својот тим и да ги достави сите потребни докази на граничната полиција по пристигнувањето во Мелбурн. Адвокатот Кристофер Тран, кој ја застапуваше Владата на Австралија, најави дека постои можност министерот Алекс Хок да му ја одземе визата на првиот…

Read More

Ракометната репрезентација на Македонија на стартот на Европското првенство ќе игра против Словенија, а потоа ќе се соочи со Црна Гора и Данска. Главната цел на селекторот Кирил Лазаров и неговите избраници е да се обезбеди пласман во втората фаза од шампионатот. Марко Мишевски, специјалистот за одбрана во македонската репрезентација, најави дека тимот е подготвен за предизвиците кои ги носи турнирот во Словачка и Унгарија. „Во овие последните неколку тренинзи работиме на сите ситни детали на нашата игра. Ја консолидираме одбраната, а секако работевме и на нападот. Тактички и физички сме подготвени, ги анализиравме сите наши ривали и во овие…

Read More

Со одлична втора трка во Крањска Гора, Словенија, освојувачката на големиот кристален глобус Петра Влхова ја забележа петтата победа во шестиот старт во оваа дисциплината од почетокот на сезоната. Словачката скијачка беше втора по првата трка, но имаше одично време во втората и ја анулираше предноста на Венди Холдер (Швајцарија), кој повторно ја испушти првата победа. Сепак, Швајцарката заврши на второто место, а место на подиумот омаше за Швеѓанката Ана Свен-Ларсон, која остана на 1,06 зад Влхова. Со својата петта победа, Словачката скијачка е многу блиску до малиот глобус, бидејќи нејзината предност пред втората во поредокот Микаела Шифрин е дури…

Read More