Author: riste

Виктор Линделоф испадна од составот на Манчестер Јунајтед за важното гостување кај Аталанта во Лигата на шампионите. Швеѓанецот заработи повреда на вчерашниот тренинг и не замина со тимот во Бергамо. Тоа значи дека доколку Оле Гунар Солскјер повторно реши да игра во формација со тројца централни дефанзивци, како што беше случајот на мечот со Тотенхем, ќе мора да го вклучи Ерик Беили или да го искористи Лук Шоу како дел од ова трио. Рафаел Варан и Хари Мегваер треба да бидат во центарот на одбраната. Во групата од 25 играчи беа и Дони ван де Бек и Ентони Марсијал. Пол…

Read More

Вечерва ќе се одиграат 8 натпревари од 4.коло во групната фаза од Лигата на шампионите. Екипите кои настапуваат оваа сезона со вечерашните натпревари влегуваат во втората фаза од натпреварите во групи и денеска се очекува да бидеме сведоци на тоа како неколку екипи си обезбедуваат пласман во фазата на елиминации. Од друга страна другите ќе мора да победат по секоја цена за да ги задржат шансите за учество во Лига Европа. Во групата Е, Барселона гостува кај Динамо (Киев) и секој друг резултат освен победа ќе ги стави Каталонците во крајно неповолна ситуација. Имаат само 3 бода на своето конто,…

Read More

Доколку Антонио Конте биде назначен за тренер на Тотенхем, клубот е подготвен да одвои речиси 180 милиони евра на италијанскиот тренер за зимски трансфери, информира „The Sun“. Раководството на Тотенхем е подготвено да му даде на Конте голем трансфер буџет, само за да го привлече во тимот. Претходно Антонио Конте јасно стави до знаење дека доколку биде назначен во Тотенхем би сакал да го засили тимот со 3-4 нови играчи. Во текот на вчерашниот ден британските медиуми објавија дека Конте веќе допатувал во Лондон за да потпише договор со Тотенхем. Договорот на Италијанецот со англискиот клуб би бил со важност…

Read More

Тренерот на Катарскиот тим Ал Сад, Чави, кој е главен кандидат за тренерската позиција во Барселона, може да го има својот прв натпревар на клупата на каталонскиот клуб на 20 ноември, објави „Sport.es“. Според изворот, преговорите меѓу клубовите се уште се во тек. Раководството на Ал Сад очекува шпанскиот тренер да остане во тимот до натпреварот против Ал-Духаил во среда на 3 ноември. Шпанецот дури во четврток ќе може да лета за Барселона, а во сабота Каталонците ќе играат во натпреварот од 13. коло на шпанскиот шампионат со Селта. Најверојатно, натпреварот од 14. коло во шпанското првенство со Еспањол, кој…

Read More

Играчот од средниот ред на Интер, Кристијан Ериксен е блиску до враќање на теренот, објави новинарот Николо Скира на Твитер. Данескиот фудбалер кариерата може да ја продолжи во холандската лига каде ќе му биде дозволено да игра. Ајакс веќе покажа интерес за потписот на Ериксен, кој претходно настапуваше за клубот од Амстердам. Мартин Скаутс, агент на Кристијан Ериксен, претходно ги коментираше гласините за можното заминување на играчот од клубот. Пред тоа на веб-страницата на Интер се појави порака според која Интер е подготвен да ги разгледа предлозите од клубовите од земјите каде на Ериксен ќе му биде дозволен влез на…

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар може да се пресели во Њукасл Јунајтед во текот на зимскиот преоден рок, објави „АС“. Според изворот, Реал Мадрид веќе го ставил Азар на трансфер листа. Клубот од Мадрид е подготвен да го анализира секој предлог кој ќе дојде играчот. Њукасл е клуб кој планира големи инвестиции во играчи, па затоа и може да бидат заинтересирани за Белгиецот. Реал планира да се ослободи од играчот на лето, но доколку англискиот клуб дојде со значителна сума во зима, од Реал дефинитивно ќе ја разгледа оваа понуда. Исто така, се истакнува дека Азар сега има споредна…

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор проговори за можноста да потпише нов договор со мадридскиот клуб. „Многу сум мирен и сакам да останам. Не ме интересира колку ќе се смени новиот договор и колку ќе бидам платен. Најважно за мене е да играм во најдобриот клуб во светот и да се забавувам со него“, изјави Винисиус  Жуниор. Бразилецот за мадридскиот клуб настапува од 2018 година. Вкупно за тимот одигра 132 натпревари, на кои постигна 23 гола и даде 28 асистенции. Оваа сезона напаѓачот настапи на 11 натпревари во шпанското првенство, постигна 7 гола и 3 асистенции. Да потсетиме, Винисиус се…

Read More

Нуно Еспирито Санто ќе добие големо обештетување за отказот од Тотенхем. Спарси ќе му платат на португалскиот стручњак 14 милиони фунти (малку повеќе од 16,5 милиони евра) за предвремен раскин на договорот, пишува весникот „The Sun“. Според изворот, според условите на договорот, клубот можел бесплатно да се раздели со тренерот на крајот на сезоната, доколку Тотенхем не влезе во првите шест тима од англиската Премиер лига. Да потсетиме, позицијата на Нуно Еспирито Санто беше разнишана по поразот на тимот во натпреварот од 10. коло од англиската Премиер лига со Манчестер Јунајтед (0:3). Претходно беше објавено дека сонародниците на Санто –…

Read More

Раководството на англискиот Тотенхем преговара за договор со поранешниот тренер на Интер, Антонио Конте. Од Тотемнхем се подготвени да му понудат на италијанскиот тренер договор со плата од 15,5 милиони фунти (18,3 милиони евра) годишно, информира „Дејли Мејл“. Претходно беше објавено дека Конте веќе отпатувал за Лондон за да потпише договор со Тотенхем. Договорот на Италијанецот со англискиот клуб би траел до 2023 година. Конте е подготвен да го води Тотенхем, тој е заинтересиран за проектот, а двете страни треба само да средат некои детали. Антонио Конте во тимот ќе го  замени Нуно Еспирито Санто, откако Тотенхем денес го објави…

Read More

Тренерот на Виљареал, Унаи Емери е блиску до враќање во англиската Премиер лига, каде што претходно работеше во лондонски Арсенал. Њукасл Јунајтед е заинтересиран за услугите на шпанскиот стручњак, пренесува „Спорт1“. Според изворот, на раководството на Њукасл му требало долго време да избере меѓу неколку тренери и се решиле на кандидатурата на Емери. Токму Шпанецот е приоритетен кандидат за менаџерската позиција. Претходно, медиумите го нагласија интересот за Стивен Жерард и селекторот на Белгија Роберто Мартинез. Да потсетиме, на 7 октомври нов сопственик на Њукасл стана Државниот инвестициски фонд на Владата на Саудиска Арабија (ПИФ). Претходно на чело на англискиот клуб…

Read More