Author: riste

Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ го коментираше катастрофалниот пораз на тимот од Минхен во натпреварот од Купот на Германија со Борусија Менхенгладбах (0:5). „Едноставно не бевме на теренот, во ниту еден сегмент од играта. Не добивме ниту еден дуел во првото полувреме и не успеавме да се вратиме во игра. Необјасниво е. Знаеме колку е тешко да се игра во Гладбах. Но, на овој натпревар сè што можеше да тргне наопаку, тргна наопаку. Борусија одигра многу добро, несебично се вклучи во дуел еден на еден од самиот почеток на натпреварот и правилно се прилагоди на играта“, изјави Салихамиџиќ за…

Read More

Фудбалскиот клуб Милан официјално објави дека ја продолжи соработка со данскиот дефанзивец Симон Кјаер. Капитенот на Данска доби понуда за продолжување на договорт по одличните игри во изминатиот период. Тој стави потпис на нов четиригодишен договор и уште долго време ќе го носи „црвено-црниот“ дрес на „Сан Сиро“. 32-годишниот фудбалер неодамна се најде на листата од 30 кандидати за „Златната топка“. Тоа е доказ за добрата форма која ја има во дресот на Милан и данската репрезентација. Симон Кјаер дојде во Италија зимата 2020 година, првично како позајмен фудбалер, но откако ги задоволи очекувањата, доби договор од тимот на Милан…

Read More

Тренерот на Ал Сад, Чави Хернандез, се согласил со понудата на раководството на Барселона да стане тренер на оваа екипа, пишува „Мундо Депортиво“. Според изворот, Чави би можел да ги започне обврските по пауза за натпреварите на репрезентациите. За тоа време, двете страни треба да решат неколку прашања. Најпрво Чави треба да го раскине актуелниот договор со Ал Сад. Второ, мора да се договори нов стручен штаб со кој ќе работи Шпанецот. Да потсетиме, 58-годишниот холандски стручњак Роналд Куман, кој беше на чело на Барселона, беше разрешен од функцијата доцна синоќа. Тој ја презеде Барселона во август 2020 година, откако…

Read More

Вардар е во резултатска криза во Лигата на шампионите. По одличниот старт, тимот нанижа три порази во низа, а последниот беше синоќа од Кил (26:29). По натпреварот во Скопје, тренерот Веселин Вујовиќ на прес-конференцијата даде коментар на средбата и не беше импресиониран од настапот на своуте ракометар. „Честитки до Кил за заслужената победа. Ние пред натпреварот знаевме дека нема да играат тројца играчи и објективно се надевавме дека имавме шанси да дојдеме до добар резултат. Многу се мачевме во клучните моменти во нападот. Резултатот кој го имаме беше поради успешната одбрана и расположениот Томовски. Имавме страшни проблеми во нападот при играта „шест…

Read More

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не го криеше разочарувањето од поразот од Сасуоло со 1:2. Бјанконерите беа поразени на својот стадион и се далеку од врвот на табелата. „Во првото полувреме можевме да поведеме резултатски, но примивме гол непосредно пред паузата. Потоа успеавме да израмниме, но потоа исчезна дисциплината во нашата игра, што пак доведе до ситуација за противникот на крајот. Се обидовме да победиме преку индивидуални акции“, изјави тренерот на Јувентус за клупскиот ТВ канал. „Мораме да ја подобриме играта во завршната фаза, бидејќи еден гол по натпревар во просек и силен учинок во одбраната не е доволен. Ни…

Read More

По поразот од Рајо Ваљекано, следуваше брза реакција на раководството на Барселона и отказ за тренерот Роналд Куман. Во итниот состанок на челниците на Барселона, било утврдено е дека Холанѓанецот не може да ја подобри ситуацијата на клубот од „Камп Ноу“, и веднаш доби отказ. Веста беше потврдена од претседателот Жоан Лапорта, а клубот ја објави преку социјалните медиуми. Поразот од Рајо Ваљекано со 1:0 е трет неуспех на последните четири натпревари во Примера, а тоа значи дека Барселона го гиби приклучокот со челните екипи на табелата, по само единаесет одиграни натпревари. Куман заминува со еден освоен Куп на Кралот…

Read More

Ракометарите на Вардар се порезени во трет натпревар во низа од Лигата на шампионите, овој пат од Кил на домашен терен со 26:29 (13:10). Вардар одигра добро прво полувреме, пред се благодарение на одличниот Мартин Томовски кој беше фантастичен на голот на Вардар, но и покрај тоа на одмор заминаа „црвено-црните“ со предност од 13:10. За жал играта од првото полчувреме не беше повторена во вториот дел во кој Кил доминираше и дојде до предност од 18:19, која ја одржуваше до самиот крај за победа од 26:29. Најдобар кај Вардар кај стрелците беше Тимир Дибиров со десет гола, пред дури…

Read More

Шпанскиот напаѓач Фернандо Љоренте потпиша договор со Еибар. За тоа информира официјалниот сајт на клубот. Пред некој ден двете страни постигнаа договор за трансфер. 36-годишниот фудбалер се приклучи на Еибар како слободен играч. Неговиот претходен клуб беше италијанскиот Удинезе. Неговата сегашна екипа игра во шпанската втора лига. Минатата сезона напаѓачот одигра 17 натпревари во Серија А за Удинезе и постигна еден гол. Во текот на својата играчка кариера, Фернандо Љоренте играше за Наполи, Тотенхем, Свонси, Севиља, Јувентус, Атлетик Билбао. https://twitter.com/SDEibar/status/1453387883985899523 Фудбалерот беше дел од репрезентацијата на Шпанија од 2008 до 2013 година, а сега како ветеран ќе игра во втората…

Read More

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба доби суспензија од три натпревари поради исклучувањето во 9. коло од англиската Премиер лига против Ливерпул (0:5), соопшти прес-службата на клубот од „Олд Трафорд“. Така, Погба нема да може да учествува на натпреварите од Премиерлигата против Тотенхем, Манчестер Сити и Ватфорд. Во 59. минута од средбата, играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба направи прекршок , а откако судијата Ентони Тејлор ја погледна снимката одлучи да го исклучи францускиот играч за врска. Погба за Манчестер Јунајтед игра од 2016 година. Договорот на играчот со клубот е со важност до…

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго го коментираше резултатот од натпреварот од 10. коло на шпанскиот шампионат со Барселона. „Не сум задоволен од она што беше во Ел Класико, сакам повеќе. Секако, важен ми беше љубилејот од 50 натпревари во Ла Лига. Млад сум, ова ми е само трета сезона и веќе ја достигнав оваа граница. Се надевам дека ќе продолжам вака и ќе му помогнам на Реал Мадрид. Во добра форма сме, тимот се развива. Се стремиме да играме подобро на секој следен натпревар“ изјави Родриго. Да потсетиме, натпреварот Барселона – Реал Мадрид заврши со победа на Реал со резултат…

Read More