Author: riste

Гимнастичарката Илина Соколовска (15), која со семејството живее во Германија, е прогласена за мајстор на Северна Вествалија. Илина минатата недела по 18 месеци пауза се натпреваруваше на најголемиот турнир во Хависбек,  Вествалија и освои две медали, додека на натпреватор, кој се одржа во Јена, во републиката Туринген го освои четвртото место. „Илина стана првак на Вествалија, по пауза од 18 месеци, кога поради пандемијата сите натпревари беа стопирани. Во Хависбек настапи со чуневи и топка, со две кореографи и два пати освои најмногу поени. Како првак на Вествалија, пак,  ја преставуваше републиката на најголемиот турнир во Туринген и од 34…

Read More

Премиерлигашот Њукасл оваа недела ќе започне разговори со Пауло Фонсека за нов менаџер на тимот, пренесува „Скај Спортс“. Португалецот е еден од неколкуте кандидати за функцијата која е испразнета пред само неколку часа од Стив Брус. Отказот на Англичанецот се очекуваше околу две недели, но на крајот доби можност да го предводи тимот за последен пат во текот на викендот против Тотенхем во натпревар што заврши 3:2 во корист на лондончани. Фонсека беше последен пат на клупата на Рома, а летото преговараше со Тотенхем, но на крајот тие се одлучија за Нуно Еспирито Санто.  Фонсека е трикратен шампион на Украина…

Read More

Тренерот на Њукасл Јунајтед, Стив Брус, поднесе оставка, објави официјалната веб-страница на клубот. Договорот е раскинат со заеднички договор на двете страни. Грем Џонс е назначен за привремен тренер на Њукасл. Претходно беше објавено дека селекторот на белгиската репрезентација Роберто Мартинез, поранешниот тренер на Рома и Шахтјор, Пауло Фонсека, тренерот на Ренџерс, Стивен Жерард, шефот за спорт и развој на Локомотив Москва Ралф Рангник, или Унаи Емери од Виљареал се кандидати за местото на Стив Брус. Да потсетиме, на 7 октомври нов сопственик на Њукасл стана Државниот инвестициски фонд на Владата на Саудиска Арабија (ПИФ). Њукасл освои 3 бода на…

Read More

Ракометарот на Вардар, Анте Кудуз по неколкунеделната пауза поради повреда се врати во тимот и ќе биде во составот на Вардар за утрешното гостување на македонскиот шампон кај Алборг. Хрватскиот бек верува дека поразот од Монпелје во претходното коло може да делува позитивно за нив, а смета дека Алборг ќе биде мотивиран за реванш по поразот во Скопје. „Знаеме дека Алборг ќе бара реванш за поразот од Скопје. Ќе биде интересно, ние доживеавме еден ладен туш против Монпелје и можеби на крај да испедне позитивно што добивме една таква „шлаканица“ за да се разбудиме. Сигурно овој меч ќе биде многу…

Read More

Македонскиот ракометен шампион Вардар е веќе со мислите кон мечот со Алборг во Данска. Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ пред патувањето за Данска истакна дека домаќинот нема да ги повтори грешките од Скопје, но и дека Вардар нема да излезе на терен со „бело знаме“. „Ќе биде многу поразличен натпревар од тој што го одигравме во Скопје. Ние успеавме да ја успориме нивната игра, да не трчаме многу и тоа ни донесе резултат, односно победа. Но, тие сега Алборг сигурно нема да ги повтори грешките од Скопје. Нивниот контранапад е многу поопасен од нашиот. Нам ни недостасува Борко, кој има мали здравствени…

Read More

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, ги сподели своите очекувања од натпреварот во Лигата на шампионите, натпревар број 3, со Шериф Тираспол. „Мислам дека Шериф не можеше да победи на два натпревари случајно. Знаеме дека ќе се сретнеме со тим кој ќе дојде тука со голема желба. Организирано, ќе се брани доволно длабоко, додека ќе ги користи играчите кои можат да постигнат гол во контранапад. Неопходно е да се нападне добро, но да не се губи од вид формата на играчите, да се игра компактно. Знаеме дека утре ќе имаме клучен натпревар. Моите играчи создаваат шанси, постигнуваат многу голови. Го имаме…

Read More

ПСЖ нема да може да го користи Нејмар на претстојниот натпревар од Лигата на шампионите против РБ (Лајпциг) во вторник. Напаѓачот се жали на болки во препоните, кои ги заработи за време на квалификациите на Бразил за Светското првенство. Бразилецот исто така, го пропушти натпреварот со Анже во петокот од редовното коло на Лига 1. „Во наредните денови, Нејмар ќе продолжи да се лекува, по што ќе може да продолжи со целосните тренинзи“, изјавија од ПСЖ и покрај фактот што денес се приклучи на тимот. „Здравјето на нашите играчи е пред се. Ова е мал проблем и се надевам дека…

Read More

Тројца фудбалери на Барселона нема да му бидат на располагање на тренерот Роналд Куман за шпанското фудбалско дерби против Реал Мадрид в недела. Играчот од средниот ред Педри, крилниот напаѓач Осман Дембеле и дефанзивецот Роналд Араухо се опоравуваат од повредите и нема да бидат подготвени за Ел Класико, пишуваат шпанските медиуми. Натпреварот на „Камп Ноу“ е на 24 октомври и започнува во 16.15 часот. Во моментов, Реал Мадрид е втор на табелата во Примера со 17 бода, но со натпревар помалку. Лидер е Реал Сосиедад со 20 бода. Барселона, пак, го зазема седмото место на табелата со 15 бодови, а…

Read More

Селекторот на сениорската репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров денес го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата во месец ноември. Нашата ракометна репрезентација ќе го искористи овој репрезентативен прозорец како подготовка за Европското првенство кое се игра во јануари 2022 година. На 5ти и 6-ти ноември, Македонија ќе гостува во Каиро кај Египет за пријателски двомеч. Селекторот ќе прави проверка на силите за ЕП, па поради тоа на списокот се најдоа 22 првотимци и десет резервни играчи. Список на повикани играчи: Голмани: Никола Митревски (Порто), Мартин Томовски (Вардар), Градимир Чаневски (Бутел) Крила: Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер 2), Бојан Маџовски (Еурофарм Пелистер), Гоце Георгиевски (Вардар), Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) Кружни напаѓачи: Стојанче…

Read More

Екипата на Манчестер Јунајтед направи серија лоши резултати, а позицијата на Норвежанецот Оле Гунар Солскјер е веќе разнишана. Тој им порача на своите фудбалери дека треба да се погледнат во огледало и да направат се за да си одговорат на прашањето каде погрешиле. „Нашиот настап не беше доволно добар. Мораме да го разгледаме целокупното однесување на тимот. Не треба да го сфаќаме како знак на будење, бидејќи веќе го имавме. Играчите треба да се погледнат во огледало, бидејќи јас веќе го направив тоа и да одговорат соодветно на она што се случи. Хари Мегваер е важен играч за нас, тој…

Read More