Author: riste

Бред Биндер е победник на трката за ГН на Австрија, откако помина прв низ целта на „Ред Бул Ринг“. Јужноафриканецот во финишот направи многу храбар потег, откако единствено тој не замина во боксот, па ризикувањето му се исплатеше за да дојде до победа на оваа трка. До својата втора победа, Биндер стигна со оваа храбра трка. Оставајќи го зад себе Франческо Бањаја од Дукати, како и Хорхе Мартин кој го комплетираше подиумот. Биндер на својот КТМ Рејсинг мотоцикл ја запиша својата 17 победа во кариерата, а втора во кралска класа. Во Мото ГП сега ќе следи пауза, а следната трка…

Read More

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа ги сподели впечатоците од 100-от натпревар во шпанското првенство. Да потсетиме, средбата со Алавес заврши со убедлива победа на Реал Мадрид со 4:1. „Прв натпревар и прва победа! Овој натпревар беше посебен за мене, го одиграв 100-от натпревар во шпанското првенство облечен во дресот на најдобриот клуб во светот“, напиша Куртоа на својата страница на Твитер . https://twitter.com/thibautcourtois/status/1426674237297864712 Да потсетиме, Тибо Куртоа ги брани боите на Реал Мадрид од 2018 година, кога се пресели од Челзи. Договорот на голманот со мадридскиот клуб трае до 2024 година. Трансфермаркт ја проценува вредноста на голманот на 60…

Read More

На наптпреварот од првото коло од англиската Премиер лига во сезоната 2021/2022, во кое Челзи беше домаќин на Кристал Палас, домашната екипа успеа да постигне еден интересен љубилеен гол. Во 27. минута од средбата, главниот судија досуди прекршок во близина на шеснаесетникот на гостите. Маркос Алонсо успеа да изведе еден прекрасен удар и преку слободен удар да му донесе предност на својот тим од 1:0. Ова беше 50-тиот гол на Челзи во историјата на Прелмиер лигата со директен слободен удар, второ највисоко достигнување меѓу сите тимови во Англија. На прво место е Манчестер Јунајтед, чии играчи со директен удар од…

Read More

Манчестер Јунајтед официјално го објави ангажирањето на францускиот дефанзивец Рафаел Варан. „Црвените ѓаволи“ и Реал Мадрид го официјализираа договорот меѓу двата клуба на 27 јули, но дури денес се расчистени сите детали за трансферот за да може да се заврши договорот. Тој ќе потпише договор до крајот на јуни 2025 година со опција за дополнителна сезона, а клубот ќе плати околу 40 милиони евра плус бонуси на Реал Мадрид. https://twitter.com/btsportfootball/status/1426505834977284096 „Манчестер Јунајтед е еден од најголемите клубови во светот и шансата да дојдам и да играм тука беше нешто што не можев да го пропуштам. Има уште многу што сакам…

Read More

Манчестер Јунајтед планира да го задржи дефанзивецот Лук Шоу со нов договор, напиша на Твитер новинарот Николо Скира. Раководството на „црвените ѓаволи“ е подготвено да понуди нов договор на англискиот репрезентативец до 2026 година. Актуелниот договор на Шоу истекува во 2023 година. Во сезоната 2020/21, 25-годишниот Шоу одигра 47 натпревари за Манчестер Јунајтед, на кои постигна 1 гол и 6 асистенции. На Еуро 2020, тој беше дел од селекцијата на Англија, која стигна до финалето каде загуби од Италија по изведувањето пенали.

Read More

Челзи сака да добие 50 милиони евра за нивниот напаѓач Тами Абрахам, објавија медиумите од Островот. Интерес за фудбалерот има од италијанскиот тим Рома, но и од Арсенал. Наводно, највисоката понуда која бид ададена за Абрахам е од клубот од Рим, но е во висина од 45 милиони евра. Во сезоната 2020/21, Абрахам одигра 32 натпревари за Челзи, во кои постигна 12 гола и 6 асистенции. Меѓутоа, во изјава дадена во текот на вчерашниот ден, напаѓачот рече дека нема намера да оди во Рома.

Read More

Барселона објави дека официјално ги регистрирала Мемфис Депај, Ерик Гарсија и Реј Манаи за да играат во шампионатот. Релевантните информации се појавија на официјалната веб-страница на клубот. Барселона посебно му се заблагодари на дефанзивецот Жерард Пике, кој се согласи на значително намалување на платата, така што клубот доби можност да ги регистрира новите играчи. Исто така, Барселона продолжува активно да преговара со Жорди Алба и Серхио Бускетс во врска со оптимизацијата на договорите. Двајцата играчи се подготвени за понатамошна соработка. https://twitter.com/FCBarcelona/status/1426483461578186752 Да потсетиме, на 5 август Барселона објави дека нема да го обнови договорот со Меси и тој си замина…

Read More

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ пред вечерашниот натпревар со Словачка зборуваше за негивите очекувања, шансата за победа, но и за потребата од подддршката од навивачите. „Сигурно е дека поразот од Швајцарија не беше пријатен. Ќе повторам уште еднаш дека и да го добивме тој натпревар, немаше да добиеме многу со таа победа, а со самото тоа, со тој пораз не загубивме многу. Синоќешниот резултат од средбата Швајцарија-Словачка можеби ни оди во корист, ако се знае дека имаме уште три натпревари до крајот. Се обидовме да анализираме колку што тоа може за вака краток временски период кој го…

Read More

ПСЖ нема да може да смета на импресивна група важни играчи на натпреварот од 2.коло на францускиот шампионат против Стразбур. Лионел Меси, Нејмар, Маркињос, Леандро Паредес, Марко Верати, Џанлуиџи Донарума и Анхел Ди Марија не беа вклучени во групата на играчи за овој натпревар, објавена од прес-службата на клубот на „Твитер“. Исто така, дефанзивецот Серхио Рамос не беше вклучен во составот. Тој продолжува да се опоравува од повредата и треба да се врати по паузата за меѓународните репрезентативни натпревари. Да потсетиме, Меси на 10 август потпиша двегодишен договор со ПСЖ. Договорот вклучува опција за продолжување на уште една сезона, но…

Read More

УЕФА објави тројца фудбалери кои ќе претендираат да ја добијат титулата за најдобар играч во Лига Европа за сезоната 2020/2021 година. На списокот се најдоа напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани и играчот од средниот ред, Бруно Фернандеш исто така од оваа екипа, како и напаѓачот на Виљареал, Жерард Морено. Жерард Морено стана најдобар стрелец во ова натпреварувањ. Напаѓачот постигна седум гола, имаше пет асистенции и беше главната ударна сила за Виљареал, кој ја освои Лигата на Европа за прв пат.. Манчестер Јунајтед се пласираше во финалето во 2021 година, а голем дел од заслугата отидоа кај Кавани и Фернандеш.…

Read More