Author: riste

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, сопственикот на Блу Скај инвесмент (Blue sky investments), Слободан Крстевски и Самоил Симев, поранешниот директор на ФК Вардар, денеска одржаа прес-конференција за преземањето на фудбалскиот клуб Вардар од компанијата Блу Скај. „На мое огромно задоволство, можам и официјално да соопштам дека успешно заврши посредувањето на Градот Скопје со стариот и новиот инвеститор и сопственик на ФК Вардар, со што всушност успеваме да обезбедиме извесна иднина за ФК Вардар, како една од најголемите спортски институции во нашава земја. Станува збор за фирмата Блу Скај инвесмент која е согласна во целост да го преземе постојниот договор…

Read More

Јувентус бара купувач за играчот за врска Арон Рамзи, пишува „Спорт“. Велшанецот беше разочаран во последните две сезони со тимот на Јувантус и никогаш не го потврди целиот свој потенцијал. Причината за ова беа некои повреди што го мачеа во овој период. Сепак, клубот работи на освежување на составот и Рамзи е еден фудбалерите кои најверојатно ќе го напуштат клубот ова лето. Не недостасува интерес за него, бидејќи два клуба од Англија се подготвени да влезат во трансфер битка за неговиот потпис. Станува збор за Тотенхем и Вулверхемптон. Дури се тврди дека тие веќе разговараат со Јувентус за можноста за…

Read More

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, очигледно, нема да го напушти тимот во летниот преоден рок. Според одредени информации кои ги објавија медиумите во Италија, Челзи се обиде да го добие играчот. „Сините“ преку посредници му  понудиле на Интер 130 милиони евра за Ромелу Лукаку и изразиле подготвеност да платат помала сума со вклучување на напаѓачот Тимо Вернер во зделката. Сепак, Интер ја одбил понудата. Познато е дека самиот Белгиец исто така не е подготвен да го напушти миланскиот клуб, каде е клучен играч и еден од лидерите. Покрај Лукаку, Челзи гледа и на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд како главно…

Read More

Продажбата на Рафаел Варан во Манчестер Јунајтед е четвртиот најскап трансфер за заминување во историјата на Реал Мадрид, објави „Марка“. Синоќа стана јасно дека Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид  постигнале договор за трансфер и англискиот клуб ќе им исплати на Шпанците 50 милиони евра плус бонуси. Во својата историја, Реал Мадрид продаде поскапо само тројца играчи – рекордот е 105 милиони евра, што Реал Мадрид  го доби за трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус во 2018 година. Второто место е за Алваро Мората, кој беше продаден од Реал Мадрид во Челзи за 80 милиони евра во 2017 година, а топ…

Read More

Едно од големите засилувања на ПСЖ ова лето, шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос не дебитираше на пријателскиот натпревар против Севиља. Тренерот Маурицио Почетино не го стваи во составот на својот тим за оваа средба, а причината е превентивна. Дефанзивецот, кој во текот на летово дојде како големо засилување од Реал Мадрид, не работеше на тренинзите во последните денови поради болка во мускулот. Сепак, Рамос треба да биде подготвен за предизвиците кои следат на почетокот на август. ПСЖ првиот официјален меч во новата сезона ќе го одигра в недела против Лил во Суперкупот на Франција. Новата сезона во Лига 1 ќе стартува на 7 август…

Read More

Барселона сè уште не добила никаква официјална понуда за напаѓачот Антоан Гризман, пренесува „Марка“. Каталонците бараат купувач за 30-годишниот фудбалер, кој во моментов прима најголема плата на „Камп Ноу“, откако Лионел Меси стана слободен играч. Во оваа фаза, сепак, клубот сè уште нема добиено ниту една понуда за Французинот. Каталонците итно треба да го намалат буџетот за плати за новата сезона, со цел да ги исполнат барањата за Финансиски фер-плеј и да можат да ги пријават своите нови засилувања. Затоа сакаат да го продадат Антоан Гризман. Тој не ги оправда големите очекувања што ги имаше за него по неговиот трансфер…

Read More

Трансферот кој беше најавуван по завршувањето на ЕП е веќе потврден. Рафаел Варан си заминува од Реал Мадрид и ќе настапува за екипата на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. Клубот од „Олд Трафорд“ го потврдија трансферот на фудбалерот кој има 28 години, но не открија премногу детали за истиот. На интернет-страницата на Манчестер Јунајтед стои дека Рафаел Варан е нивен нов фудбалер, а детали не откриваат додека не се финализира зделката и не завршат медицинските прегледи. https://twitter.com/ManUtd/status/1420081351940792323 Францускиот дефанзивец ќе игра во друг клуб за првпат по 2011 година. Цела деценија тој беше член на Реал Мадрид за кого одигра преку 250…

Read More

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде е блиску до трансфер во Челзи, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо на неговата страница на Твитер. Французинот се согласи за условите на договорот со лондончани. Тој е подготвен да потпише договор до 2026 година. Челзи е во напредна фаза на преговори со Севиља. Кунде (22) е најголемата трансферна цел на Челзи ова лето. Самиот Кунде сака да игра во Лигата на шампионите, па затоа претходно поради оваа причина одби да се пресели во Тотенхем. Кунде ги брани боите на Севиља од 2019 година, а пред тоа играше за Бордо. Минатата сезона тој одигра 34 натпревари…

Read More

Напаѓачот на ПСВ Ајндховен и Холандија, Донјел Мален потпиша договор со Борусија Дортмунд, објави на официјалната веб-страница германскиот клуб. Договорот на 22-годишниот играч со Борусија Дортмунд е со важност до 30 јуни 2026 година. „Борусија Дортмунд е најдобриот европски клуб, кој е на врвот на Бундеслигата, и исто така покажува добри резултати во Лигата на шампионите. Со нетрпение го чекам моментот кога ќе влезам на терен со моите нови соиграчи. И, се разбира, со нетрпение очекувам да се сретнам со навивачите на кои им се восхитува цела Европа“, рече Мален. Мален играше за младинските екипи на Ајакс, Арсенал и ПСВ.…

Read More

Предводникот на репрезентацијата на Швајцарија која беше четвртфиналист на Евро 2020 Владимир Петковиќ постигна договор со тимот на Бордо и ќе го преземе во наредните денови. Францускиот тим постигна договор со Федерацијата на Швајцарија за 57-годишниот тренер. Поранешниот тренер на Лацио се очекува да биде на трибините во сабота кога жирондинците ќе се соочат со Троа во својата последна контрола ова лето. Валдимир Петковиќ ја водеше селекцијата на Швајцарија од 2014 година.

Read More