Author: riste

Ливерпул ќе биде без Диого Жота во последните три натпревародво сезоната, во кои Ливерпул мора да стори се што е можно да се изборат за четвртото место. Причината е повреда на стапалото што Португалецот ја доби за време на дербито со Манчестер Јунајтед. Според менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, повредата не е сериозна, но сепак го спречи Жота да игра на денешнио натпревар со Вест Бромвич, но ќе го нема ниту на средбите со Барнли и Кристал Палас. Жота се претстави многу добро откако беше привлечен од Вулверхемптон минатото лето. Тој има 13 голови на 29 натпревари во сите натпреварувања,…

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер зборуваше за времето за враќање на дефанзивецот Хари Мегваер. „Се надевам дека ќе имаме што е можно побрзо добра вест. Ќе чекаме до последен момент за настапот на Хари во финалето во Лига Европа. Тој ја покажа својата важност на Манчестер Јунајтед. Сите одамна знаевме што тој значи за нашиот тим, но можеби некои го забележаа тоа само кога тој се повреди. Секако чувствував дека Мегваер и претходно беше многу важен играч на Манчестер Јунајтед. Хари е наш лидер. Тој е капетан. Тој скоро секогаш игра на највисоко ниво, така што во моментов…

Read More

Ракометарите на Еурофарм пелистер целосно ја оправдаа улогата на гаворит во полуфиналниот натпревар против Бутел во Купот на Макеоднија и обезбедија пласман во финалето. Еурофарм Пелистер од почеток до крај доминираше на средбата против Бутел и уште во првиот дел ги реши дилемите за пласман во финалето откако на одмор змаина со резултат 16:9. Во вториот дел Еурофарм Пелистер само ја зголемиуваше предноста која на крајот изнесуваше +15 гола, односно 38:23. Најефикасен во тимот на Бутел беше Младеновски со четири погодоци, додека кај Еурофарм Пелистер се истакнаа Маџовски со седум и Мандалиниќ и Периќ со по шест гола. Финалето меѓу Вардар…

Read More

Фудбалерите и стручниот штаб на Манчестер Јунајтед пристигнале на „Олд Трафорд“ седум часа пред почетокот на дербито со Ливерпул. Овој потег се чуваше во тајност до неговата реализација, и бил дел од мерките на претпазливост преземени во клубот против можни нови протести на навивачите. Како што е познато, дербито требаше да се игра на 2 мај, но беше одложено поради масовни протести на навивачите, што доведе до инвазија на теренот, а потоа и на судири со полицијата. Играчите пристигнаа денес со своите приватни автомобили околу 13 часот по локално време. Веќе на приодите кон стадионот, полицијата поставила контролни пунктови за…

Read More

Металург ќе мора да се прости од трофејот во Купот на Македонија затоа што овој пехар ќе добие нов сопственик, откако Металург, кој пред две години последен пат се радуваше на трофејот, загуби од Вардаер во првото полуфинале со 22:27 (12:14). Металург добро го почна натпреварот и дојде до предност од 2:0, но веднаш потоа селдуваше серијата на Вардар од 8:1 за десет минути и резултатот се сврте во корист на „црвено-црните“. И покрај тоа што Металург успеа да направи пресврт и да дојде до предност од 11:10, сепак на одмор се отиде со предност на Вардар од 14:12. Во вториот…

Read More

Холандската ревизорска компанија КПМГ го објави список на најскапи фудбалери во светот. Конечниот резултат е добиен од неколку фактори, кои вклучуваат нивото на играчот, неговиот статус, времетраењето на договорот и тековната форма. На прво место е напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе со цена од 189 милиони евра. Норвешкиот напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд е на втората позиција, неговата цена е 131 милиони евра. Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн ја комплетира водечката тројка со цена од 127 милиони евра Најскапите фудбалери на светот според КПМГ: 1. Килијан Мбапе (ПСЖ) – 189 милиони евра; 2. Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд) – 131…

Read More

Поранешниот менаџер на Челзи, Френк Лампард, наскоро може да се врати во тренерската професија. 42-годишниот поранешен играч за врска, кој беше отпуштен од неговиот омилен клуб во јануари, е фаворит за наследник на Рој Хоџсон во Кристал Палас. Хоџсон повторно ја исполни својата задача и го задржа местото на Кристал Палас во елитата, но неговиот договор истекува по крајот на сезоната и според информациите во англиските медиуми, раководството верува дека е време за промена. Конечната одлука сè уште не е донесена, но „Телеграф“ вели дека Френк Лампард е прв на списокот на потенцијални заменици на Рој Хоџсон. Постојат гласини дека…

Read More

Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру може да го смени клубот во текот на летниот преоден рок. Според „Калчомеркато“, два италијански клуба Интер и Лацио се заинтересирани за францускиот фудбалер. Договорот на фудбалерот со Челзи истекува на крајот на сезоната, па тој ќе може да се приклучи на новиот клуб како слободен агент. За играчот е заинтересиран и турскиот Фенербахче. Оваа сезона, Жиру одигра 28 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 11 гола. Французинот е во Челзи од 2018 година, со клубот ги освои ФА купот 2017/2018 и Лигата на Европа 2019 година. Пред тоа, Оливие Жиру играше за друг тим од…

Read More

Екипата на Вардар е главен фаворит за освојување на трофејот во Купот на Македонија, но изненадувањата на Ф4 турнирите секогаш биле присутни, затоа во екипата на Вардар се внимателни и максимално посветени на завршниот турнир кој ќе се игра утре и во сабота. „Во Купот сите екипи се фаворити. Сите се надеваат дека може да победат. Тоа се два посебни натпревари, две посебни приказни, две сосема поинакви дуели. Секој ја гледа својата шанса тука. Ова се четирите најквалитетни тимови и секој доаѓа со свој есап. Нема аутсајдери. Вардар никогаш не бегал од улогата што ја имал, и секогаш се стреми…

Read More

За разлика од минатата сезона кога не се одигра завршницата на Купот на Македонија во ракомет заради пандемијата од ковид-19, оваа сезона ќе се игра завршниот турнир и ќе го добиеме новиот освојувач на овој трофеј. Еурофарм Пелистер заедно со Вардар е еден од фаворитите годинава, иако ова натпреварување често знаело да понуди изненадувања и непредвидени резултати како што беше последниот пат кога победи Металург. Стипе Мандалиниќ првпат ќе игра на завршниот турнир и верува дека со својата екипа ќе дојдат до финале, а подоцна и до трофеј. „Сите екипи во Купот имаат свои шанси. Првиот натпревар е Бутел и…

Read More