Author: saso

Возачот во Формула 1, Пјер Гасли, стана косопственик на фудбалскиот клуб Версај. Версај се натпреварува во третата дивизија на Франција и е на десеттото место на табелата. „Воодушевен сум што се приклучувам во Версај бидејќи отсекогаш сум сакал да бидам дел од професионалниот фудбал. Ова е почеток на една прекрасна приказна“, рече Гасли. Другите двајца косопственици се Александар Муљез, внук на основачот на мултинационалниот синџир за мали породилишта Ахан и Фабијен Лазаре.

Read More

Десниот бек на Барселона, Жоао Кансело, кој како позајмен од Манчестер Сити до крајот на сезоната настапува за шпанскиот клуб, следната сезона би можел да се пресели во Бенфика. „Не е исклучено да се вратам во Португалија. Јас навистина сакам да играм за Бенфика, но сакам да поминам уште две или три години во Барселона“, изјави Кансело. Претходно беше објавено дека агентот на Кансело има намера да преговара со раководството на Сити за продажба на дефанзивецот во каталонскиот клуб. Според Мундо Депортиво, претставникот на Португалецот ќе се обиде да преговара за сума од 20 милиони евра.

Read More

Тотенхем е сериозно заинтересиран за потписот на дефанзивецот на Вест Хем, Бен Џонсон. Како што објавија некои весници, Спарс бараат поголема длабочина во одбранбената линија, а Џонсон го привлече вниманието со одличните настапи и бројки оваа сезона. Тој може да одговори и како десен бек, лев бек како и централен дефанзивец. Поранешниот дефанзивец Ледли Кинг наводно му препорачал на Тотенхем да го ангажира играчот и останува да се види дали Тотенхем може да обезбеди договор ова лето. Дефанзивецот е во последните неколку месеци од договорот со „чеканите“ и Вест Хем досега не успеа да обезбеди нов договор. Доколку неговата ситуација…

Read More

Обвинителството во Милано кое го истражува трансферот на акциите од старите на новите сопственици на Милан ги испрати документите до Италијанската федерација. Станува збор за дел од истражното досие, на приближно 12 страници, а сега може да започне истрагата за евентуалното прекршување на правилата за трансфер на сопственост што Милан ќе го стави во ситуација да плати или парична казна или да биде казнет со одземање бодови. Обвинителството предвидува максимално време од шеесет дена за истраги, со можност за две продолжувања, што значи дека федералната истрага мора да биде затворена во рок од четири месеци.

Read More

Игор Тудор е нов тренер на Лацио, потврди италијанскиот клуб. Најавите се остварија, па тој денеска потпиша договор на година и пол со претседателот на римскиот тим. Хрватот на клупата на Лацио го замени Маурицио Сари, кој минатата недела ја напушти клупата поради лошите резултати. Лацио моментално е на деветтото место во Серија А и заостанува два бода зад бранителот на титулата Наполи, кој ја зазема седмата позиција која води во Европа. Во текот на својата тренерска кариера, Тудор ги водеше ПАОК, Галатасарај, Удинезе, Верона, Хајдук и Олимпик Марсеј.

Read More

Во драматичната завршница, кошаркарите на Пелистер остварија важна победа на отворањето на пследниот „балон турнир“ во регуларниот дел од сезоната во АБА 2 лигата. Битолчани денеска славеа против Борац со 73:72. Планиниќ имаше повеќе од солидно издание, па на крајот заврши со „дабл-дабл“ ефект од 21 поен, 15 скока и 5 асистенции. Костоски застана на бројката од 14 поени (4/7 за три поени), а имаше и четири скока. Најт беше трет стрелец со 13 поени. Теодор Симиќ остана на клупа на екипата на Борац и не доби шанса. По 11 одиграни кола, Пелистер има ефект од пет победи и шест…

Read More

Женската тениска репрезентација на Македонија од 8 до 13 април ќе настапи во Литванија како дел од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот. Македонските тенисерки лани на домашен терен триумфираа во Третата Европска зона и со тоа обезбедија пласман во повисок ранг. Селекторот Димитар Лабудовиќ за настапот во Литванија се реши за Македонија да играат: Лина Ѓорческа, Магдалена Стоилковска, Ива Данева, Ана Митевска и Теона Андова. Од петте повикани тенисерки единствена дебитантка е Андова. Мечевите ќе се играат во СЕБ Арена во Вилнус на тврда подлога, а има вкупно 11 репрезентации, кои ќе бидат поделени во три групи…

Read More

Инвазија на пчели го прекина мечот меѓу Александар Зверев и Карлос Алкараз синоќа на Мастерсот во Индијан Велс речиси 2 часа. Тоа се случи на почетокот на третиот гејм. Алкараз сервираше кога одеднаш цел рој пчели го опколија Шпанецот. Отпрвин само чекаше да се растераат, но откако пчелите доаѓаа се повеќе, Шпанецот истрча до столчето, а набргу потоа се упати директно кон соблекувалните. Го следеше и Зверев, а судијата им соопшти на гледачите дека натпреварот е прекинат поради наезда на пчелите. Организаторите повикале пчелар, кој се појави на теренот околу еден час подоцна. Во исто време, агентот на Алкараз, Алберт…

Read More

Македонскиот ракометен шампион Е. Пелистер денеска објави дека репрезентативниот голман Никола Митревски од следната сезна повторно се враќа во Mакедонија и ќе биде дел од битолските „зелено-бели“. Тој потпишал договор со битолчани на две сезони. Нашиот искусен чувар на мрежата ќе биде големо засилување за Е. Пелистер во наредната сезона.

Read More

26-годишниот дефанзивец Бен Вајт потпиша нов договор со „топчиите“. Тој му се приклучи на лондонскиот клуб од Брајтон во летото 2021 година и има 122 настапи во сите натпреварувања. Актуелниот договор на играчот е до летото 2026 година. Според Sky Sports, новиот договор со англискиот фудбалер е до 2028 година и вклучува опција за продолжување на уште една година. „Одлична вест е што Бен ја посветува својата иднина во клубот. Бен е клучен играч за нас, професионалец од највисоко ниво со победнички менталитет и еден од момците кои секој ден даваат пример за другите“, рече главниот тренер Микаел Артета.

Read More