Author: saso

Пред дербито во Втора лига меѓу Воска Спорт и Вардар, домашниот тим им забрани на навивачите на Вардар да допатуваат на средбата во Охрид. Денеска со реакција се огласија и од редовите на „црвено-црните“. „Во недела, го играме најважниот натпревар, против екипата на Воска. Како вистински домаќини, секогаш сме правеле напор, заедно со нашата навивачка група – Комити Запад, да обезбедиме присуство на гостински навивачи, на нашиот стадион. Затоа, очекуваме дека управата на ФК Воска ќе постапи согласно спортската здрава логика и дека ќе дозволи влез на нашите навивачи на стадионот во Охрид, бидејќи сите сме свесни дека постојат објективни…

Read More

Ахмад Магомедов освои бронзен медал за Македонија на Европското првенство во борење за сениори кое се одржува во Загреб, Хрватска. Тој синоќа го совлада Арман Авагјан од Ерменија со 7:4 и успеа да дојде до првиот медал за Македонија на ова првенство. Денеска шанса за медал добива и Расул Шапиев кој иако беше поразен во првата борба во категоријата до 74 килограми од Словакот Салказанов, поради тоа што противникот обезбеди финале, успеа да се протне во репасажот каде што ќе се сретне со Храјар Алиханјан од Ерменија.

Read More

Челзи синоќа загуби од Реал Мадрид со 0:2 иво реваншот од 1/4 финалето на Лигата на шампионите со што ги заврши своите настапи во ова натпреварување. менаџерот на тимот, Френк Лампард, стана првиот менаџер во 118-годишната историја на сините кој ги загубил првите четири натпревари на клупата. Претходно лондончани загубија од Брајтон (1:2), Реал Мадрид (0:2) и Вулверхемптон (0:1). Лампард стана привремен менаџер на Челзи на 6 април, а претходно ги водеше „сините“ од јули 2019 до јануари 2021 година.

Read More

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети му честиташе на Милан за пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите, но вели дека Наполи загуби само поради неискуството од ваквите големи натпреварувања. „Не требаше да го примиме тој гол. Игравме одлично, имавме целосен посед на топката. Милан постигна гол по единственото вистинско влегување во шеснаесетникот, ние не можевме да го сториме истото. Мислам дека имаше пенал врз Лозано. Имаше директен удар во скочниот зглоб, тоа многу јасно се гледа на снимките. Тоа беше чист пенал. Тоа не е контакт, тоа беше удар. Сега повторно ќе речат дека се жалиме, но тоа е вистината“,…

Read More

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли беше многу среќен и горд на пласманот на неговиот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите по ремито со Наполи. „Наполи ќе стане шампион на Италија на апсолутно заслужен начин, но ние сме горди што елиминиравме толку силен противник. Тоа беа два многу изедначени натпревари. Можевме да создадеме повеќе шанси во вториот дел, но сепак е добро. Ова ќе ни даде голема самодоверба, откако веќе го елиминиравме Тотенхем. Ова му дава сила на тимот, доверба во нашите квалитети, способност да се справиме со притисокот“, вели Пиоли, кој вели дека сега мора да размислуваат и на…

Read More
NBA

По одигрувањето на синоќешните последни дуели од плеј-ин делот во НБА лигата, веќе се познати компетните двојки за првата рунда од НБА плеј-офот. Возбудувањата ќе почнат уште вечерва во 19 часот со првиот меч меѓу Филаделфија и Бруклин, а веднаш по нив од 21.30 часот во Бостон ќе се сретнат домашните Селтикс и екипата на Атланта. Во продолжение комплетните плеј-оф двојки од првата рунда во двете конференции: НБА ПЛЕЈ-ОФ Запад: Денвер – Минесота, Феникс – ЛА Клиперс, Сакраменто – Голден Стејт Мемфис – ЛА Лејкерс. Исток: Милвоки – Мајами, Кливленд – Њујорк, Филаделфија – Бруклин Бостон – Атланта

Read More

Хорхе Сампаоли кој пред извесно време беше отпуштен од Севиља е новиот тренер на бразилски Фламенго. Аргентинскиот стручњак доаѓа на местото на Португалецот Витор Переира, кој доби отказ по сензационалниот пораз од Маринга со 2-0 во Купот на Бразил. Договорот на Сампаоли со Фламенго е до крајот на 2024 година. Аргентинецот има искуство во бразилската Серија А каде ги водеше Сантос и Атлетико МГ. Викендов започнува новата сезона во Бразил, а првиот натпревар на Фламенго е на домашен терен со Коритиба.

Read More

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, наводно добил полициска заштита поради зголемените тензии меѓу него и дел од навивачките групи на клубот. Ултрасите од Неапол молчеа при поразот од Милан со 4:0 минатиот викенд во Серија А, протестирајќи поради цените на билетите на стадионот „Диего Армандо Марадона“ и строгото спроведување на безбедносните мерки за транспаренти и знамиња. Како што пренесува АНСА, Префектурата на Неапол одлучила да му додели полициска заштита на Де Лаурентис поради заканите кој тој ги добива секојдневно.

Read More

По вчерашното реми со Гостивар во дербито на колото во Втората македонска фудбалска лига, најверните навивачи на македонската фудбалска гордост Вардар, популарните „Комити“ им подариле симболична финансиска помош на фудбалерите. Во информацијата која ја објавија на социјалните мрежи се вели: „По натпреварот против Гостивар, дознавме дека “директорот” на клубот, Слободан Крстевски – Цобе, на фудбалерите не им ги исплатил ветените мининални финансии. Човекот кој во секој сегмент ја изневери нашата и довербата на фудбалерите, нема да го коментираме. Не е достоен за коментар! Би сакале само да ја информираме јавноста, дека како група одлучивме, во пресрет на најголемиот христијански празник…

Read More

Американски инвестициски фонд тврди дека купува удел во Манчестер Јунајтед. Според Скај њуз, фондот „Карлајл Груп“ дал понуда за стекнување на малцински удел во англискиот клуб. Инвеститорите во моментов преговараат. Извор близок до клубот рече дека интересот на „Карлајл“ е „сериозен“, додавајќи дека преговорите биле во тек веќе некое време. Клучните детали за понудата на Карлајл, вклучително и износот на капиталот што би сакал да го собере за клубот и структурата на договорот, допрва треба да се договорат.

Read More