Author: saso

Францускиот напаѓач Антоан Гризман постепено ја враќа познатата форма која пред неколку години го направи еден од најдобрите светски фудбалери. Такво мислење искажа и тренерот на мадриѓани, Диего Симеоне по победата од 2:1 над Бетис, која ја обезбеди токму со головите на Французинот. „Во моментов го гледаме оној Гризман кој го познаваме. Ни требаат такви луѓе кои ги разбираат соиграчите и имаат одлични односи со нив“, изјави Симеоне по победата против Бетис. Гризман сега има 147 гола за Атлетико и со тоа го надмина Пако Кампос на третото место во листата на најдобри голгетери во историјата на клубот.

Read More

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети беше исклучително задоволен од победата над Рома од 1-0. Наполитанците со овој успех ја продолжија серијата од 11 последователни победи во сите натпреварувања. Менаџерот призна дека неговиот тим морал да го смени начинот на кој играл за овој натпревар, но бил задоволен што неговиот план функционирал. „Не сакам да ги коментирам зборовите на Мурињо или на некој друг. Ќе направам своја анализа на натпреварот. Тоа беше натпревар полн со замки, но мојот тим се снајде добро, иако имаше некои грешки во конструкцијата на нападите. Излеговме од тие ситуации без да ја загубиме формата. Моравме да…

Read More

Раководството на Астон Вила започна преговори со тренерот на Спортинг (Лисабон), Рубен Аморим, информира „Дејли Телеграф“. Минатата недела тимот од Бирмингем се раздели со Стивен Џерард и во моментов е во потрага по нов менаџер кој ќе го замени. Аморим важи за еден од најперспективните тренери во Португалија, а во 2021 година ги предводеше „лисабонските лавови“ до двојната круна. Медиумите во Англија пренесуваат и дека Аморим одлично зборува англиски и дал согласност да застане на чело на тимот, но за оваа цел Вила ќе треба да плати околу 10 милиони евра за да го доведе на „Вила Парк“.

Read More

Неверојатен јужноамерикански трилер и ја донесе титулата на Бока Јуниорс во шампионатот на Аргентина за 2022 година. Сензационалното е што вечниот ривал и крвен непријател на Бока, Ривер Плата им ја донесе титулата на „сино-жолтите“. Ова се случи во последните секунди од последното 27. коло, кога Ривер им ги урнаа соништата на 60.000 навивачи на претендентот Расинг на кој му требаше победа за да стане шампион. Неколку секунди пред крајот на регуларното време при резултат 1-1, домаќините промашија пенал за шампионска титула, а згора на тоа во 95. минута Ривер Плата погоди за конечни 2-1 со што им ја обезбеди…

Read More

На 25 октомври (вторник), во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, ќе се одржи ждрепката за ¼-финалето од Купот на Македонија. Познато е дека и во оваа фаза нема да има привилегирани екипи. Инаку во шеширот за ¼-финалето се седум прволигаши: Струга ТЛ, Шкендија, Шкупи, Македонија ЃП, Силекс, Брегалница и А. Пандев, и единствениот второлигаш, Вардар.

Read More

Тајсон Фјури ќе продолжи со трилогиската борба со стариот непријател Дерек Чисора на 3 декември по колапсот на преговорите за потенцијална домашна пресметка со Ентони Џошуа. Фјури објави дека ќе боксува со Дерек Чисора на стадионот на Тотенхем во Лондон. Мечот против Чисора, кого Фјури претходно го победи во 2011 и 2014 година, ќе биде прва борба на 34-годишниот Фјури по рутинскиот прекин во шестата рунда на дуелот со Дилијан Вајт во април оваа година. Промоторот на Фјури, Френк Ворен, изхјави дека е возбуден што пред британските навивачи во Лондон Тајсон Фјури ќе ја брани светската титула.

Read More

Новак Ѓоковиќ може да го пропушти последниот сезонски турнир од серијата „Мастерс“ во Париз (Франција), кој започнува на крајот на октомври, најави тренерот на Србинот, Горан Иванишевиќ. До крајот на сезоната, Ѓоковиќ сигурно ќе учествува во финалето на АТП во Торино по 13 ноември, но можеби ќе реши да паузира по учеството и освојувањето на титулите во Тел Авив и Астана (Казахстан). „Јасно е дека сигурно ќе игра во Торино, но останува прашањето дали ќе замине во Париз пред тоа“, изјави Иванишевиќ.

Read More

„Росонерите“ денеска објавија дека голманот Мајк Мањан доживеал повторување на повредата на левата тетива, откако тој веќе беше надвор од теренот минатиот месец откако заработи повреда на левата тетива за време на настапот за репрезентацијата на Франција. Тој беше подготвен за кам-бек овој викенд во Серија А против Монца, но почувствува болка за време на тренингот и тестовите покажаа повреда на мускулот на потколеницата. Првично беше објавено дека новата повреда е на десната нога, но сега е потврдено дека се работи за старата повреда. Состојбата на Мањан, наводно, ќе треба повторно да се процени за 10 дена, што сериозно ги…

Read More

Во низата тренери, играчи и аналитичари кои не се согласуваат со она што се случува со ВАР-системот се приклучи и напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората. Гневот на екс-напаѓачот на Јувентус го предизвика она што се случи на натпреварот против Рајо Ваљекано. „Тоа ни остави горчлив вкус. Мене лично веќе ништо не ми е јасно, на нашиве простори се гледа се. Кога има чист пенал за нас, не се гледа вар, на други мечеви се гледа и за ситници. ВАР е тука да помогне, но ги нема истите критериуми. Пред некој ден ми беше поништен гол поради прекршок кога не…

Read More

Македонската селекција вчера го имаше првиот тренинг во Абу Даби во пресрет на контролниот натпревар против Саудиска Арабија. Избраниците на селекторот Милевски, главно од домашното првенство, и денеска продолжуваат со тренинзи за мечот в сабота на кој ќе и спарингуваат на репрезентацијата која веќе ги почна подготовките за настап на СП во Катар. За нашиот селектор ова ќе биде уште една убава шанса да се проверат и некои нови сили кои би можеле да добијат шанса во националниот тим веќе на стартот на новиот квалификациски циклус за ЕП 2024 кој понува во март следната година. „Ова е тест натпревар против…

Read More