Author: saso

NBA

Кошаркарите на Далас синоќа на домашен терен славеа над Голден Стејт со 119:109 и намалија на 3:1 во финалето на Западот. Лука Дончиќ со 30 поени и 14 скока беше лидер кај Мавси на патот до првата победа. Тоа беше 10-ти дабл-дабл во 14 натпревари во плеј-офот за словенечкиот кошаркар. Во тимот на Голден Стејт најефикасен беше Стивен Кари со 20 поени, осум асистенции и пет скока. Тоа беше негов 100-ти натпревар во плеј-офот во кој постигна најмалку 20 поени. Следниот меч од финалето на Западот се игра во ноќта меѓу четврток и петок во Калифорнија.

Read More

Марселино Гарсија Торал ја објави својата одлука да го заврши престојот на кормилото на шпанскиот прволигаш Атлетик Билбао. Тој и онака го завршува договорот со баскијците на 30  јуни, па како што најави на прес-конференција, нема намера да ја продолжи соработката. Марселино беше на чело на Атлетик од јануари 2021 година и му помогна на тимот да го освои Суперкупот на Шпанија.

Read More

Играчот од средниот ред на Челзи, Мејсон Маунт би можел да стане еден од најдобро платените фудбалери во клубот, откако наводно му бил понуден нов договор за да остане на „Стемфорд Бриџ“. Новите сопственици на „сините“ изгледа ќе му дадат на 23-годишниот Маунт нов голем договор со кој ќе се зголеми двојно повеќе неговата сегашна плата. Маунт моментално заработува околу 80.000 фунти неделно, и покрај тоа што ја освои наградата за играч на годината во секоја од последните две сезони. Челзи сака и да го продолжи неговиот актуелен договор и за тоа е подготвен да му даде значително зголемување на…

Read More

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со фудбалери за натпреварите против Бугарија (2. јуни), Гибралтар (5. јуни), Грузија (9. јуни) и Гибралтар (12. јуни) од групата 4 во Ц сегментот од новото издание на Лига на нации. Двете воведни пресметки ги играме на гостински терен во бугарски Разград и Гибралтар. Домашните натпревари против Грузија и Гибралтар се закажани на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје. На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат 28 фудбалери: ГОЛМАНИ: Столе ДИМИТРИЕВСКИ (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан ШИШКОВСКИ (Докса, Кипар), Кристијан НАУМОВСКИ (Шкупи), Дени ИЛИЕВ (Тренцин, СЛОВАЧКА); ОДБРАНА: Стефан РИСТОВСКИ (Динамо Загреб,…

Read More

Еден од најдобрите кошаркари на Олимпија Милано, Серхио Родригез, ќе се врати во Реал Мадрид. Според Мундо Депортиво, двете страни ќе потпишат договор 1+1 година. Родригез претходно играше за Реал Мадрид од 2010 до 2016 година. Во Евролигата оваа сезона, 35-годишниот Шпанецот имаше просек од 8,3 поени и 4,4 асистенции по натпревар.

Read More

Германскиот првак Баерн (М) денеска го потврди новиот договор со Мануел Нојер. 36-годишниот капитен на германските шампиони потпиша нова соработка со Баварците која ќе трае заклучно со 2024 година. Мануел Нојер со Баерн има освоено десет титули на Германија, пет купови и шестпати стана освојувач на Суперкупот. По двапати ја освои и Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и Суперкупот на Европа.

Read More

Како за завршница на актуелната фудбалска сезона, контроверзната италијанска фудбалска ѕвезда Марио балотели не почести со еден фантастичен гол. На мечот во турскиот шампионат за својата Адана, Марио постигна гол со „рабона“. Mario Balotelli scored five goals and did today (via @beINSPORTS_TR) pic.twitter.com/Ou7jFWqC4p — B/R Football (@brfootball) May 22, 2022

Read More

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, синоќа ги сумираше резултатите од мечот со Виљареал во Примера кој неговиот тим го загуби со 2:0, како и од целокупниот настап во сезоната во Ла Лига. „Игравме добро во првото полувреме, имавме шанси и моравме да постигнеме гол. Но, дозволивме две индивидуални грешки. После тоа, моравме да ги сведеме грешките на минимум. Не ја завршивме сезоната на најдобар начин. Таа ни остави тежок товар, но сега можеме да се опуштиме и да бидеме концентрирани. Направивме големи морални напори. Можеме да бидеме задоволни, но не и среќни. Но, генерално, резултатите не можат да се сметаат…

Read More

Напаѓачот на Милан, Рафаел Леао е прогласен за најкорисен играч во штотуку завршената сезона во италијанската Серија А. При одредувањето на победникот не беа земени предвид само статистичките податоци, туку и играта без топка, придонесот во тимските акции, како и техничките показатели. На 34 натпревари 22-годишниот Португалец постигна 11 голови и 8 асистенции. Неговиот Милан кој синоќа го прослави првото Скудето по пауза од 11 години, стана најмладиот шампион во Серија А во ерата во која победите на натпреварите се бодуваат со 3 бода. Просечната возраст на тимот предводен од најдобриот тренер сезонава во Италија, Пиоли е 26 години и…

Read More
NBA

Кошаркарите на Голден Стејт го совладаа Далас со 109:100 и дојдоа на чекор до пласман во големото НБА финале оваа сезона. Тие синоќа поведоа со 3:0 во финалето на Западната конференција „Вориорс“ на чекор до големото финале по пауза од три години гу предводеше Стеф Кари кој заврши со 31 поен и 11 асистенции, а одлична партија имаше и Ендрју Вигинс кој додаде 27 поени, додека Клеј Томпсон постигна 19 поени. Во редовите на Далас најдобар беше Лука Дончиќ, но неговите 40 поени повторно не беа доволни за победа. Спенсер Динвиди постигна 26, а Џејлен Бренсон 20 поени.

Read More