Author: saso

УЕФА денеска заедно со Германија како организатор на следното Европско фудбалско првенство во 2024 година, ги објави градовите кои ќе ја имаат улогата на домаќини на натпреварите. Европското првенство во Германија ќе се игра во десет градови: Берлин, Хамбург, Лајпциг, Дизелдорф, Франкфурт, Дортмунд, Гелзенкирхен, Франкфурт, Штутгарт, Келн и Минхен. Интересно, ова се истите градови кои беа домаќини и на Светското првенство во 2006 година, со исклучок на Кајзерлсаутерн и Нирнберг. Отворањето и првиот меч ќе бидат на 14 јуни на „Алијанц Арена“ во Минхен, додека финалето ќе се игра на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин. На првенството ќе…

Read More

Александар Васоски поднесе оставка на функцијата тренер на ФК Сараево по вчерашниот дерби дуел со Железничар кој заврши нерешено 1:1. Нашиот стручњак решил да ја напушти клупата на Сараево и тоа и го соопштил и на управата на клубот. Васоски на прес-конференцијата по мечот истакнал дека чувствува одговорност за лошите резултати на тимот и решил да си замине. „Чувствувам одговорност и решив да поднесам оставка. Им благодарам на клубот и на навивачите за се“, изјави македонскиот стратег. Васоски минатата зима пристигна на клупата на Сараево. Тој го предводеше тимот на 15 натпревари и има учинок од четири победи, три нерешени…

Read More

Денеска во Скопје традиционално по шестипат се одржа трката HalkEco Skopje RUN на 10KM. Во организација на Сојузот на спортови на Скопје, заедно со Атлетскиот Клуб Работнички, под покровителство на Градот Скопје и Агенцијата за Млади и спорт, овој спортски настан госинава собра 1300 маратонци, а почетокот и финишот на трката беше во центарот на градот. Победник во машката категорија на овогодинешната десеткилометарска трка, како и претходните 5 изданија, е Дарио Ивановски, со нов рекорд од 29:42 минути. На второто место се најде Џастин Фриман, со време од 32:03, а третото место му припадна на Атанас Анчевски, со време на…

Read More

Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, се извини за поразот од Брајтон со 4-0 во 36. коло од Премиер лигата. По поразот, Јунајтед остана шести во поредокот со 58 бодови и ги загуби шансите да заврши во Топ 4. „И ова може да се случи. Од првата до последната минута едноставно не беше добро. Можеме само да се извиниме за овој настап и понижувачкиот пораз“, изјави Рангник, кој на крајот од сезоната ќе се повлече од функцијата, а нов менаџер на тимот ќе биде Ерик тен Хаг. „Победата во понеделникот над Брентфорд беше поинаква. Против Брајтон на противникот му…

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека неговиот тим се уште ќе се бори за титулата во Премиерлигата и покрај синоќешните 1:1 на домашен терен со Тотенхем. „Натпреварот беше доста тензичен, но кога играш со врвни тимови треба да имаш среќа во решавачките моменти. Продолжуваме да ги следиме нашите цели“, изјави Клоп и додаде дека не очекува Манчестер Сити да направи погрешен чекор на денешниот домашен натпревар против Њукасл.

Read More

Шалке 04 на нашиот Дарко Чурлинов синоќа го прослави враќањето во Бунделсигата. Со победата од 3-2 над Сент Паули, Шалке собра 62 бода на врвот на табелата, пет повеќе пред неговите главни ривали Хамбургер, Дармштад и Вердер Бремен. Гостите мечот го завршија со двајца играчи помалку, откако беа исклучени најпрвин во 81. минута Марсел Бејфус, а потоа во петтата минута од дополнителното време и Матановиќ, кој доби втор жолт картон.

Read More

Шарл Леклер на Ферари вечерва ќе стартува од пол-позицијата на трката за ГН на Мајами во Ф1 шампионатот. Тој синоќа ја освои пол-позицијата пред петтата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Лидерот во генералниот пласман пред првата трка на улиците на Мајами дојде со одличен круг од 1:28.796 минути, со предност пред тимскиот колега Карлос Саинс Јуниор кој ќе стартува како втор. Двоецот на Ферари од третата позиција ќе го следи бранителот на титулата Макс Верстапен. Првата трка за Големата награда на Мајами во историјата на Ф1 шампионатот се вози вечерва од 21.30 часот.

Read More

Фиорентина ќе ја плати сумата од 15 милиони евра што Арсенал ја бара за продажба на Лукас Тореира ова лето. Италијанските весници тврдат дека „Ла Виола“ сега е „блиску“ до трајно ангажирање на уругвајскиот играч од средниот ред во летниот трансфер период. Фиорентина е подготвена да плати 15 милиони евра за постојан договор ма Тореира кој оваа сезона игра за позајмица. Во Арсенал не се подготвени да прават никакви попусти за Тореира.

Read More

Вчера во Хотелот „Континентал“ во Скопје заврши Отвореното Првенство на Македонија во шах за 2022. Победник на Open турниот и  шампион на Македонија во поединечна конкуренција за сениори е репрезентативецот на Македонија, член на ШК Алкалоид, Филип Панчевски. Победник на женскиот турнир и шампион на Македонија во поединечна конкуренција за сениорки е репрезентативката, членка на ШК Алкалоид, Моника Стојковска.

Read More

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го продолжи договорот со лондонскиот клуб. Новиот договор ќе биде до крајот на сезоната 2024/2025, информираа на официјалниот сајт на „топчиите“. По 34 одиграни кола од англиската Премиер лига, Арсенал е на четвртото место во поредокот. „Топчиите“ освоија 63 поени и си гарантираа пласман во европските натпреварувања за следната сезона. „Возбуден сум, благодарен и многу, многу среќен денеска“, изјави Артета по потпишувањето на новата соработка со лондончани.

Read More