Author: saso

NBA

Френк Фогел нема да продолжи како тренер на ЛА Лејкерс. Човекот кој ги водеше „езерџиите“ до  историскиот неуспех оваа година, откако не успеа да го однесе тимот до плеј-офот, ќе биде разрешен деновиве. Адријан Војнаровски, еден од најдобрите инсајдери во НБА, потврди дека последниот натпревар на Лејкерси од регуларниот дел на сезоната (победа над Денвер) е последната средба на Фогел на клупата на тимот од Калифорнија.

Read More

Белгискиот репрезентативец од екипата на Лестер, Јури Тилеманс е една од можните трансфер цели на Реал Мадрид за следната сезона. Како што објави „Марка“, фудбалерот има еден куп понуди за продолжување на кариерата, па останува неизвесно кој ќе го убеди ова лето да се пресели во нивните редови. Освен Реал (М), за услугите на Белгиецот е заинтересиран и Манчестер Ј, а претходно се појавија информации за интерес и од уште еден куп други тимови. Мрежата CBS објави дека белгискиот играч за врска има понуди и од Ливерпул, Вест Хем Јунајтед, Арсенал, па дури и од Јувентус.

Read More

Македонската ракометна репрезентација денеска ги почнува подготовките за последните два меча до пласман на ново Светско првенство. Селекторот Лазаров денеска (18:30 часот) во хотелот „Александар Палас“ ќе ја има првата прозивка на повиканите играчи. На списокот на селекторот се најдоа 23 ракометари. Првиот меч во Злин е на програмата на 13 април, додека реваншот се игра на 17. април во СЦ „Борис Трајковски“. Подобриот од овој бараж двомеч ќе биде дел од СП 2013 година.

Read More

Напаѓачот на Арсенал, Николас Пепе може да го напушти клубот. Според извори блиски до клубот, лондонскиот клуб е подготвен да се раздели со 26-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска во текот на летниот преоден рок за  сума од 30 милиони евра.  Лондончани го купија фудбалерот од Лил за рекордни 72 милиони фунти, но тој никогаш не ги исполни очекувањата. Оваа сезона Пепе одигра 18 натпревари на кои постигна 3 гола и забележа 5 асистенции.

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во клубот. „Би сакал засекогаш да останам во Манчестер Сити, но нема да го сторам тоа. Нема подобро место за мене. Можам да го продолжам договорот на нови10 години, но тоа нема да се случи. Гласините дека репрезентацијата на Бразил е заинтересирана за мене? Имам договор, среќен сум во мојот клуб. Не знам од каде доаѓаат овие гласини“, изјави Гвардиола за Sky Sports. Гвардиола го презеде Манчестер Сити во јули 2016 година.

Read More

Шарл Леклер ќе стартува од пол-позицијата на трката за ГН на Австралија во Мелбурн. По денешните квалификации стана јасно дека втор ќе стартува Макс Верстапен, а трет Серхио Перез. На четвртото место се најде Ландо Норис, а петти Луис Хамилтон. Шарл Леклер имаше стабилен болид, но и возеше без грешка, а тоа го направи најдобар во квалификациите пред Големата награда на Австралија. Џорџ Расел го зазеде шестото место, Даниел Рикардо седмото, Естебан Окон осмо, а Карлос Саинс деветто.

Read More

Ракометарот на РК Бутел, Денис Тот почина денеска на КАРИЛ, објавија повеќе медиуми од лекарски извори. И покрај напорите на лекарите, тие не успеале да го спасат 27-годишниот ракометар од Хрватска. Доцна синоќа беше објавена информација дека Тот бил физички нападнат и со тешки повреди, бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Медиумите од Хрватска денеска објавија дека Тот бил претепан во ноќен клуб, а видео снимките избришани. Подоцна од МВР и КАРИЛ објавија дека ракометарот бил донесено во бесознание и без видливи повреди од насилство. Неофицијално,  причина за смртта се срцеви проблеми.

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, најверојатно ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ ова лето, пренесуваат британските медиуми. Фудбалерот му се приклучи на кралскиот клуб во 2019 година за да се натпреварува со Карим Бензема за стартно место во нападот, но не успеа да се наметни ниту кај Зинедин Зидан, ниту кај Карло Анчелоти. И покрај тоа што неговата намера беше да остане во Реал, се чини дека Србинот се предомислил и е подготвен да си замине ова лето. Трите заинтересирани екипи во англиската Премиер лига за него се Арсенал, Тотенхем и Вест Хем.

Read More

Раководството на Барселона очекува да ја дознае одлуката на Роберт Левандовски околу можноста за негов трансфер на „Камп Ноу“. Полскиот напаѓач е една од опциите за Каталонците во текот на летниот преоден рок. Претставници на клубот одржале две средби со агентот на напаѓачот Пини Захави и одлуката на самиот Левандовски се очекува во наредните недели. Од Барселона практично се во постојан контакт со Захави и клубот е целосно информиран за сите чекори што ги презема Левандовски. Главната грижа во Барселона е дека Баерн Минхен може да му понуди нов договор на полскиот голгетер.

Read More

Македонската одбојкарска репрезентација ќе биде дел од Медитеранските Игри 2022 кои ова лето ќе се одржат во алжирскиот град Оран. Од Одбојкарската федерација на Македонија потврдија дека сениорскиот одбојкарски тим во машка и во женска конкуренција летово ќе биде преставник на нашата земја на овој голем спортски настан. „И двете селекции ќе настапат на Медитеранските Игри. Ќе одиме со сениорите и во машка и во женска конкуренција. Останува само да се допрецизираат некои работи кај дамите, со оглед на тоа што имаме ЕП за девојки до 19 години, но сигурен е настапот и на двете селекции“, вели генералниот секретар на…

Read More