Author: saso

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, по синоќешниот пораз од Леванте во ла Лига изјави дека ситуацијата во тимот оваа сезона е благо речено, алармантна. „Ова е тежок момент, сите ние треба да се подобриме. Алармантна е ситуацијата во која се најде Атлетико. Ова не е позицијата што ја очекувате од овој клуб. Малку е да се каже. Мораме да го подобриме нашето ниво ако сакаме да влеземе во Лигата на шампионите следната сезона“, изјави Облак. По 24 натпревари во шпанската Ла Лига, Атлетико е петти со 39 бодови.

Read More

Еден од најтрофејните европски кошаркарски состави, Макаби Тел Авив е во преговори за нов тренер на тимот следната сезона. Според информациите од Израел, Макаби во моментов е најзагреан за тренерот на Баерн (М), Италијанецот Андреа Тринкери. Макаби ќе се обиде да преговара со тренерот на Баерн веднаш штом заврши сезоната. Италијанецот има договор со минхенскиот тим до 2023. Оваа недела Макаби го отпушти главниот тренер Јанис Сферопулос.

Read More

Швајцарската скијачка Мишел Гисин го освои златото во алпска комбинација на Зимските олимписки игри во Пекинг. Таа триумфираше пред својата сонародничка Венди Холденер. За Гисин ова е втор медал на овие ЗОИ, откако веќе беше бронзена на трката во Супер-Џи. Третото место и бронзениот медал денеска го освои Италијанката Федерика Брињоне. Двократната олимписка шампионка Американката Микаела Шифрин не успеа да ја заврши слаломската трка.

Read More

Женската хокеарска репрезентација на Канада е нов олимписки шампион. Канаѓанките им се реваншираа на Американките за поразот од пред четири години на Игрите во Пјонгчанг и сега успеаја да се закитат со златото. Утрово во голема борба, Канада славеше со 3:2, а клучна се чини беше првата третина кога Канаѓанките направија предност од 2:0. Два гола за новите олимписки шампионки постигна Мари-Филип Пулен, а третиот беше дело на Сара Нурс. Хилари Најт и Аманда Кесел ги постигнаа головите за САД.

Read More

Словачкиот дефанзивец од екипата на Интер, Милан Шкрињар изрази жалење за поразот од Ливерпул со 2:0 во првото 1/8-финале од Лигата на шампионите. Според него, „нероаѕурите“ доминирале над противникот во некои аспекти, но искуството на англискиот тим на крајот пресудило. „Малите детали играат клучна улога во Лигата на шампионите. Создадовме доволно ситуации, но не ги реализиравме. Доминиравме во некои аспекти, но немавме корист. Сличен беше и нашиот натпревар со Реал Мадрид. Кога не ги користиш позициите, таквите тимови те казнуваат буквално во првата прилика. Но, јас сум среќен бидејќи покажавме дека можеме да играме на исто ниво со тимови како…

Read More

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар најверојатно ќе може да учествува во првиот натпревар од 1/8-финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид . Според RMC Sport, Бразилецот треба да биде вклучен во составот на ПСЖ за натпреварот против Реал Мадрид. Во саботата напаѓачот добро тренираше, а денеска треба да работи со сите фудбалери на редовниот тренинг.

Read More

Норвешката биатлонка Марта Олсбу Ројзеланд во четвртиот настап на Зимските олимписки игри стигна до четвртиот медал, а третото злато со убедливата победа на трката на 10 километри. Олимписката победничка во спринт, со уште една одлична тркачка и стрелачка изведба, ги остави натпреварувачките без изгледи во борбата за третото злато, а вкупно шести олимписки медал за неа. Елвира Оеберг успеа да го одбрани среброто од спринтот, а заостана една минута и 36,5 секунди зад победничката. Драматична беше битката за бронзата, која до последниот километар убедливо ја држеше Норвежанката Ингрид Тандреволд, а потоа доживеа физички колапс и едвај стигна до целта, но…

Read More

Руската штафета 4х10 километри победи на денешната трка во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Пекинг. Русите имаа извонредна трка уште од првата промена, каде Алексеј Червоткин создаде предност од 12 секунди, а Александар Бољшунов, кој го освои второто злато во Пекинг, само ја зголеми таа предност во втората замена. Во последната замена Русинот Сергеј Устиугов влезе со преку 50 секунди пред Норвежанецот Јоханес Клаеб и на крајот ја одржа предноста за руско злато. Норвежаните завршија како втори, додека бронзата им припадна на Французите.

Read More

Најдобриот светски велеслаломист, 24-годишниот Швајцарец Марко Одермат го освои својот прв олимписки златен медал на патеката „Ис Ривер“ во Јанкинг. Во многу тешки, снежни услови, Одермат успеа да го оправда статусот најголем фаворит пред натпреварувањето, бидејќи најдобро се снајде во тешки услови во првото возење, а потоа во второто успеа да биде доволно брз да ја одбрани предноста што ја имаше од првиот настап пред Словенецот Жан Крањец кој брилјираше и освои сребрен медал. Крањец беше за 59 стотинки побрз од Одермат во второто возење, но заостана 78 стотинки зад Швајцарецот по првото возење. Третото место му припадна на Французинот…

Read More

Навивач на Палмеирас бил убиен пред стадионот на клубот во саботата поради улични немири предизвикани од поразот од Челзи во финалето на Светското клупско првенство во Абу Даби. Полицискиот истражител на Сао Паоло, Цезар Саад, пред новинарите изјави дека осомничениот за престрелката е уапсен. Тој додаде дека уште 15 навивачи биле повредени во судирите со полицијата или во меѓусебни тепачки.

Read More